Јас се викам љубов и не прашувам за никого и ништо зашто сум безнадежно влубена.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Кога на неколку чекори на излегување од кафеаната А А. ми рече дека би сакал повторно вечерта да се види со мене, зашто сум навистина многу начитан, но за жал без потребната идеолшка наобразба, јас се согласив повторно да се сретнеме.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Возбуден од топлината почнувам да се тискам врз топлиот радијатор и убаво ми е зашто сум на пат да свршам.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Влези внатре, чедо мое. Не ќе ме видиш мене зашто сум скриен во буквите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
- Така е... - рече отец Иларион, - само треба умерено да се пие, зашто сум лечел многу луѓе со ранети или убиени души од него...
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Зошто? Зашто сум се зазел за нив, зашто сум направил, сум копал, сум изградил, сум им дал?
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Само душава моја е столчена, а телото изгазено, зашто сум далеку од моите три деца, кои ги оставив во племњата и в раце на Османлијата.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Огненчо - ме викаше мајка намилост, зашто сум ѝ бил најмалото, петто чедо.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
„Кажи ми што правиш, зашто сум загрижена.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Се сетив дека татко ми забранува да ја удирам зашто е помала од мене цели пет години и зашто сум силен, па би можел не сакајќи да ја повредам, и, токму кога сакав да ја пуштам, таа срипа и со нога ги растури сите фигури од шаховската табла.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Ваквата поделба на „мандатот” лесно го објаснува настанокот на хистеричното прашање - „Каде сум, зашто сум она што велите дека сум?
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Не сум размислувал што значи тој, зашто сум сметал дека тоа е еден нормален вид општење меѓу луѓето, составка на секојдневниот живот.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Љупчо секако ми завидува зашто сум појунак од него.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Знаев: четворицата стојат на тротоарот и ме гледаат.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Не затоа зашто сум била да речеме неприемлива за неговите резони, како што тој тврдеше, туку еноставно затоа зашто од тоа здание и од таа градина, секој ден како од некоја пештера излегуваа на јаве чудни, неверојатни приказни, во кои понекогаш се замешуваа и смртни случаи, па и цели семејни трагедии, а не беше редок случај, помеѓу сите тие приказни, да прошетаат и имиња на видни граѓани.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Јас не сакав, а тој почна полека да ми вика зашто сум му се спротивставувала.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Како да правам преврска за сѐ уште неповреден војник и чувствувам дека ми годи што му олеснува претходно, однапред. Нека страда.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Можам само да ја мразам толку, да се згрозувам од рацете што ја фрлаат на под и од неа, од неа, уште повеќе зашто ја тепаат, зашто сум јас и ја тепаат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)