зашто (сврз.) - знае (гл.)

Таа не брза раката да ја смазни нагоре зашто знае дека не очекував да ја искористи можноста.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Дојдоа како потурени со маштеница, зашто знаеја што се случуваше изминатите денови и, особено, онаа вечер во дуќанот крај мостот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Застанав пред еден поголем споменик, јас го нареков така, зашто знаев дека во земјата е закопано мало суштество.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го оптоварува, значи, грижата за неа, помислата како таа врви без него во овие тешки воени времиња, особено зашто знае дека таму нема некого што би ѝ понудил каква годе помош доколку таа ѝ биде нужна.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го гледа заветниот ковчег сместен во светиот шатор, тој симбол на номадскиот живот на избраниот народ и не може да се насити од таа глетка од која му поминуваат трпки низ телото зашто знае дека во Арката престојува самиот единствен и возвишен Бог.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
За него тоа не беше тешко, зашто знаеше како да се постави, беше решителен и продорен.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ти се подбиваш со мене, зашто знаеш дека јас сум сираче, дека нема кој да ме заштити!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Потоа брзо се облече, се присили да изгризе едно јаболко, зашто знаеше дека треба да јаде, па се вовлече под чергите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Во гратчето го нарекоа Луда Мара, зашто знаеше и да им ги поплави дуќаните на занаетчиите и магазините на трговците, во чаршијата на двата брега од реката.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Но беше доволно бистар да не оди далеку, зашто знаеше дека сега неговиот пријател ќе го викне и, кога Милан не му зборуваше, мачорот не се враќаше веднаш, туку чекаше малку да му се умилкува, нешто што беше добро за гордоста и самопочитта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ги моли така Севда и сака да може да вресне, зашто знае дека ако во сонот вресне - ќе се разбуди, ќе се тргне од кошмарот во којшто се најде заметкано сплетена.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Толпата е страшно возбудена, бара одмазда, и за сето време додека чекаме да го приведат и јас исто толку возбудено зашто знам дека тој направил нешто ужасно.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Се прашувам зашто знам, а паметам и од моите детски години, дека тука и пошироко, од југот никогаш не дуваа добри, питоми, топли и добродушни ветрови, туку немирни, урагански, строги, магливи, безмилосни кои го замолчуваа гласот и зборот, сееја страв и ги развеваа и раздувуваа сите надежи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Скоро избегнувавме да се погледнеме право в очи со татко ми, зашто знаевме каква болка ќе откриевме таму, колку неисплакани солзи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
За тоа не сакав да ја прашам ни тетка Рајна, зашто знаев дека таа нема да ми дозволи.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Посакала да им биде наместо мајка, зашто знаела дека на местото од мајката никој не може сосема да застане.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Им олесна на касапите зашто знаеја, ако кренат рака на вакво живинче, Ангелот пак ќе им ги фатеше рацете, како што му ја фати раката на Аврама кога сакаше да го принесе сина си на жртвеник.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И не жалам, зашто знам оти сум смртен и не тажам зашто на Господ му ја ветив мојата сенка, мојата душа и тој ја избра меѓу убавите семиња на светот за Бродот од селото Бродец, со кој управува Утнапиштим дален, а кого вие го нарековте Ное.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Се наведнал кон најблискиот и му шепнал какво мезе ќе им донесе Арсо Арнаутче.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другите и без да слушаат што рекол се тркалале по тревата со гровтаво смеење зашто знаеле што можел да шепне.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Додуша, по нешто и контам зашто знам дека муабетот и не му е којзнае колку содржаен, па сигурно ме кани да јадам и да спијам со него.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Кога Јосиф ја изодува пругорнината повеќе од половина, си помислува да слезе и да го подземе и станува, но веднаш потоа, зашто знае дека Јосиф не е дете па тој да може на раце да го пренесе ваму, се премислува и останува да стои најгоре на Зедница на зарамнетото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Значи, вистина е. Го украл коњот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Според тоа, иако можев да го гледам толку прекрасниот коњ; иако можев да го помирисам, толку пријатно; иако можев да го слушам како дише, некако возбудливо; не можев да поверувам дека коњот имал нешто со мојот братучед Мурад, или со мене, или со кој и да е друг член на нашата фамилија, што спие или е буден, зашто знаев дека мојот братучед Мурад не можел да купи коњ, а ако не можел да купи, тогаш секако го украл, а јас не сакав да поверувам дека го украл.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ти реков да си одиш. Така ми беше полесно, зашто знам дека ќе се вратиш.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Јас за сѐ подобро признав, зашто знаев Кејтеновиот син и да го убијат не би рекол збор, не би предал.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Додека младите турски јунаци шетаа пред неговиот дуќан со кренат нос - и да им падне, велеше народот, немаше да се наведнат да си го земат - носејќи на главите од црвена саја-чоја самурови или кожени калпаци, тој се смешкаше, зашто знаеше дека не само што не е подолу од нив, туку и дека нивната напрченост е само несигурна сестра на суетата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Не брзај со осудата за мене, пред да чуеш сѐ, зашто знам дека ќе ме осудуваш најстрого, како што се осудува жена што си го предава мажот“.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Работата ја забавуваше тоа што истовремено готвев, заради Симона, зашто знаев дека тој со години земал да јаде само она што ќе му дојде под рака.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Многу ти беа благодарни и често те посетуваа и кога требаше и кога не требаше, зашто знаеја дека ти за нив ќе најдеш време. 6.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Си го поминав животот како што сакав... Ѝ дадов на душицата сè што бараше, зашто знаев дека е гостинка во мене - еден ден ќе ме напушти...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Трески го фаќаа, во огнови запаѓаше, но сѐ издржуваше, зашто знаеше: со огнот господ му ја проверува душата, како што со огнот се проверува дали е златото чисто...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Оние што имаа здрави нозе шетаа, водеа љубов, играа, се радуваа, зашто знаеја тие осумнаесет и дваесетгодишници дека се во расцутот на својата младост, на својот живот и такви умираа, се осакатуваа, лежеа во подгниените бараки, имајќи за постела само три педи лошо изделкани голи штици и дека по овој разголен ороспиин свет можеби и најдолгиот пат што се вика живот ќе го доодат без нозе, без раце, сакати...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Таткото, заедно со неколкумина други татковци на деца што немаа пари, беше оден кај Шерда чорбаџијата да му земе на заем и тој на сите им даде по лира, а овему само две, зашто знаел дека не ќе може да му ги врати ако му даде повеќе.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Зашто знаеше дека мајка ѝ оди да ја извади онаа петолирка од ралото шарени зетовски чорапи на татка ѝ што тој ја прати како аманет од Влашко пред да издивне.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Одбегнувам да го фатам, да поиграм со него, зашто знам пак ќе треба душичката да му ја земам.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
На луѓето им се одзеде сонот: стоеја на прозорците, ѕиркаа кришум да не ги забележи војската, да не им ја забележи радоста што им зрачеше на лицата од скорото пробивање на фронтот: и дење кога ќе врвеа војските по прашливиот пат уморени и јадосани, луѓето пак подбегнуваа понастрана, не сакаа да се сретнат со нив, не сакаа да ги дразнат со своите погледи, да предизвикуваат кај нив бес, зашто знаеја од поранешните војни: ранетата ѕверка не треба да се гиба.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Спроводниците од началството настојуваа што побргу колоната да тргне; жените одеа по колоната, заграбуваа вода од езерото и стркаа по нив за живо-здраво враќање дома, зашто знаеја: по секоја војна, во селото црни шамии се носеа и се раѓаа посмртчиња.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Таквите полека почнувате и да ги одбегнувате, не сакате да соработувате со нив, зашто знаете, како што тоа се вели, дека можат да ве остават „на цедило“ или да ве наведат „на тенок лед“.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сето ова му го изнакажав набрзина, без да заправ, зашто знаев дека ќе ме распрашува, како и секој пат кога ќе ме види.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Повели- му рече и тогаш мене ми прескокна срцето во градите зашто знаев дека е тоа дедо Геро Војвода.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Сето време Петре правеше така што нам од една страна ни беше страв од учењето што ни претстоеше, но од друга страна, нестрпливо очекувавме пак да одиме на учење зашто знаевме дека таму нè чека нешто што ниту сме го знаеле ниту пак сме помислувале дека е нешто за знаење.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Методија и братучедите го следеја молчејќи зашто знаеја дека смислува што ќе рече.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Скришум двајцата се насмевнаа зашто знаеја оти тетка Фора ќе им замакали, како ѓто велеше, пиперки печени со брашно, сирење и јајца.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Душата толку многу ѝ зашто знае дека ако не успее да го стигне Еда, тој ќе се најде над езерото сам, а таа сама, без негова помош не ќе може да се искачи.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)