дури (сврз.) - сега (прил.)

Дури сега се сеќавам дека само за едно би се повратил таму: да им солам памет на соседите околу, да им се жалам да им правам незгоди.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И дневниот весник „Време“, каде што бев уредник до пред скоро време, ми доаѓа трипати неделно, и дури сега видов дека тоа нема никакво значење.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тодор ја отвори устата, ги ококори очите и дури сега внимателно ги измери сите четворица.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Иако знаев дека во нејзиниот дом можеле да свратат сите што биле прогонувани.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Таша и лично ја познавав но недоволно. Јас дури сега дознав дека таа имала и син.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но дури сега точно сфати што значеа нејзините тогашни зборови, а и сите оние други предвидувања што му ги кажа дури долги години подоцна.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
МЛАДИЧОТ: Дури сега почна да белее и да личи на мугра.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Дури сега тие и двајцата можеа да се посмеат од сето тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Оние двајца сосема заборавија на ноќта; дури сега наеднаш, тие чиниш почнаа да живеат, просто ги сеќаваа миговите како ги доживуваат, и како ги испраќаат, ослободени од сѐ друго, полни.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури сега сѐ си беше на свое место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури сега знаеше дека мора да преземе нешто ново.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но тогаш Кејтен на масата имаше прилика и лично да го види побелениот мустаќ на Јосиф и дури сега ништо не можеше да го запре.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Ни ги зеде ферманите и нѐ безоружа – кажа дојдените со тешка тага на срцето и се замислија што да прават без документите. – Дури сега ќе станеме пљачка на силникот, се жалеа сите видни луѓе по Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А исто така речиси бев сигурен дека скокот на Јана од коленото на Непознатиот Катерина го оценува како свој личен успех.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и слушнав како вели дека дури сега се чувствувала многу комотно. Во тоа бев сигурен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тоа навистина можеше да се случи и ќе беше протест, дури сега сфаќам - дообјасни Стариот писател. – Веројатно сакаше да ми укаже тој делегат дека е смешен ставот за промовирање заслужени поединци од областа на културата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Големите деца дури сега го погледнуваат, но малку зачудено.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Но Толе дури сега се топори. - Како не! А имате ли вие, кажи – планина?
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тоа е исплашениот Зоки Поки. Дури сега сфаќа што направил.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Се разбира, сите овие нејасни објаснувања беа делчиња од некои настани за кои не бев ни сигурна дека се случиле, но и да бев дури и поглупава ќе дојдев до истиве овие заклучоци што дури сега ги кажувам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Е, дури сега ја разбрав карикатурата на Пецко: искачен со синот на врв Водно, а под нив градот во смог.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Фимка се врати кај Циљка. Дури сега забележа колку е изменета од ланската година кога ја собраа партизанка заедно со сите девојки од селото.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дури сега командата на ДАГ ја виде опасноста и нареди офицерската школа, составена од петстотини курсанти, која е во резерва и со седиште во селото Брезница, со трчање да оди на помош на 102 бригада во чиј состав беа постари мажи и голем број инвалиди.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дончо не се ни завртува туку продолжува да мава со стапот лево и десно без да забележи дека патчето го има оддалечено од рекичката и дека го влечи речиси по средина на една бескрајна градина: лево домати, десно пиперки и гласот на Чана што го запира како висок плет Каде ти е Митра бре Дончо? и дури сега открива многу работнички околу мајка му.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)