Вработен има право да одбие извршување на работа доколку претходно не е информиран за сите можни опасности и штетности, или ако работодавачот не го обезбеди пропишаниот здравствен преглед.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Нарушувањето на здравјето при работа не смее да влијае врз платата на вработените ниту да ја повреди нивната економска и општествена положба (чл. 16, ЗБЗР).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
При вршењето на практичната работа работодавачот е должен да ги запознае студентите со мерките за безбедност и здравје при работа и истите можат да започнат со вршење на работата само доколку претходно добијат одобрение од одговорното лице кај работодавачот. 96 За време на вршењето на практичната работа работодавачот како и организаторот на практичната работа се должни да назначат по едно одговорно лице кое ќе присуствува за време на изведување на практичната работа.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)