доколку (сврз.) - тој (зам.)

Не е чудо еден ден да му стане таа животна другарка на еден од двајцава млади труженици на палетата, доколку тој ќе си ја затврди мислата дека во неа нашол суштество што ќе го разбира и што ќе знае вистински да го цени неговиот талент.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Оваа сала крие во себе уште десетина други помали полилеи, а сите заедно содржат вкупно 4.500 свеќи и тогаш секако мирисало само на парафин, доколку тој не се неутрализирал со миристо на розовото масло.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Најмногу од сѐ друго страхуваше дека таа може едноставно да се предомисли доколку тој не успее брзо да воспостави контакт.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во историјата на филозофијата еден филозоф никогаш не се сомничел за ирационалност, доколку тој поставал прашања во врска со умот.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Плаќање на работата Кај онерозноста (правото на работникот на плата за извршена работа) во периодот на нашата анализа дојде до 4 измени и тоа: ● се воведе нова диспозитивна одредба со која работодавачот може на работникот да му исплати и 13-та плата, но само доколку тој има таква можност за исплата (чл.24 од ЗИДЗРО/септ.10); ● со носењето на Законот за минимална плата во Република Македонија,31 терминот „најниската“ повеќе не се употребува во внатрешната легислатива и е супституиран со терминот „минималната“ (чл. 25 од ЗИДЗРО/септ.10); ● беше воведена обврска за работодавачот на работникот да му ја исплати платата на начин утврден со закон,32 но за сметка на ова 30 Закон за пензиското и инавалидското осигурување (2012), Сл. весник на РМ – 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14, 160/14 и 188/14. 31 Закон за минимална плата во Република Македонија (2012), Сл. весник на РМ – 11/12, 30/14 и 180/14. 32 Кај нас постои посебен Закон за исплата на платите во Република Македонија (1994), Сл. весник на РМ – 70/94, 62/95, 33/97, 50/01, 26/02, 46/02, 37/05, 121/07, 161/08, 92/09, 97/10, 11/12, 145/12, 170/13, и 139/14.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Беше додаден нов чл. 264-а, со кој беа предвидени две нови прекршочни поведенија за работодавачот и тоа доколку тој не го продолжи договорот за вработување согласно чл. 10439 од ЗРО е предвидена глоба од 2.000 до 3.000 ЕУР, а уште поригорозен износ во висина од 6.000 до 7.000 ЕУР му се изрекува на работодавачот доколку по истекот на рок од седум дена од денот на утврдувањето на неправилност од чл. 104 ст. 4 не го продолжи 39 Овој член, меѓу другото, регулира дека работниците со писмена изјава до работодавачите може да побараат да им се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст (маж), односно до 65 години возраст (жена).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Со ваквата формулација законодавецот остава несоодветно долга временска рамка во која работодавачот треба да ја изврши оваа своја обврска, кој поради својата игноранција или пак непрофесионалност може директно да му наштети на работникот, доколку тој во меѓувреме најде ново вработување и треба повторно да биде пријавен во задолжително социјално осигурување.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Целата низа од остри епитети, што Хундертвасер ги употреби за за пластичниот опис на современата уметничка продукција веројатно и не би предизвикале пожолчни реакции во јавноста, доколку тој не ја употребеше проскрибираната ознака „изопачена уметност“.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Во меѓувреме, додека попот одел од куќа до куќа и со зборови од неколку јазици им ги раскажувал големите чудесии од кои крвта се замрзнувала в жили, се прочуло дека Фиданка Кукникова сака да се омажи за крестокосиот Доце Срменков и дека ќе стане мајка на неговите деца, едното веќе со воздишки по нејзината убавина, доколку тој пристане да го земе во новата куќа и свекор ѝ, земјолик човек што се хранел еднаш дневно со печен компир.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ангел-џин, сенката негова покривала половина море со главурдести риби во чие грло можело да легне манастирско кубе!
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Како, на пример, кога на главата на боксерот ќе истуреа цело шише шампањ, во 13 рунда, доколку тој е малку зашеметен. 22 Margina #21 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Животот беше одвратна шега, ние бевме шегата, но јас тоа не можев да го согледам. Или инаку тој не значи ништо.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Јас бев ужаснат од Него доколку тој постоеше, и исто така ужаснат доколку не постоеше.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Мојот од е Еластичен, доколку тој збор го опишува она што навистина го чувствувам или доколку го чувствувам она што тој збор го опишува.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)