Ги ископачуваа трњето и капините, го сметуваа подот на црквата, ги варосуваа дрвјата наоколу, ги изрибуваа и ги поправаа коритата, а приквечер, пред зајдисонце, се распрснуваа во шумата и додека оттаму се слушаше само нивното Ихиии, свирачот продолжуваше да седи на каменот и да свири на к’рнетата.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)