додека (сврз.) - углед (имн.)

Во текот на годините тој гордо присуствуваше барем на десетина вакви отворања додека угледот на Џоен полека но сигурно растеше до својето сегашно угодно ниво меѓу колекционерите во областа; ова секако ќе му биде последно, како што и многу други неодам­нешни настани нужно беа, што тој го сфаќаше или едновремено со нив или ретроспективно: неговото последно лето во нивната викендичка на островот Фенвик, последниот метеорски дожд, последниот сет тенис кога неговата сла­бост ескалираше, последната величествена октомвриска промена на бојата на лисјата во „нивната” долина, а сега, по сѐ изгледа, и неговата последна посета на овој убав град.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)