Како гилјотина што просто му ја отсекла главата и сега таа лежи на полноќната перница, додека телото под него е сѐ уште живо, но му припаѓа на некој друг.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Ракот на црниот дроб кој на крајот го дотепа беше тајна што ја знаевме само јас, неговиот лекар и Марија Кодама.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
За јавноста, Борхес страдаше од емфизем на белите дробови.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Не стануваше збор толку за разорното дејство на времето, колку за напад на болест, како неговиот ум да продолжил да расте додека телото пропаѓа.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Борхес и Марија го напуштија Буенос Аирес во ноември 1985-та, откако со биопсија беше утврдено дека болеста е неизлечива.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)