Наутро, додека татко му да го испиеше кафето и да посвршеше некои домашни работи, Гоце одеше во меаната.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
XXX И додека Татко го гледаше Камилски како со бавни чекори и куферчето книги се доближуваше до нашата куќа, се пренесе во мислите во денот на ненадејното вклучување на Камилски во балканскиот покер во нашата куќа со Татко и неговите пријатели.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
И додека Татко и Камилски се договараа за последните работи околу конечното составување на листата на заемките на чардакот, влезе Мајка со госпоѓата Камилска да ги поканат работливите сопрузи на подготвениот ручек во бавчата со ориентални јадења во бавчата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека Татко слушаше како Камилски зборуваше за језуитите, се префрли во мислите на своите постојани потраги по јаничарството како значаен прилог во својата никогаш завршена книга за Историјата на Балканот низ падовите на империите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски свечено објави дека конечно нивниот бој со османските заемки во кој немало ниту победници ниту поразени е завршен.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
XXXVI Додека Татко го слушаше Камилски како се вдлабува во споредбата помеѓу језуитите и јаничарите, неговиот пријател размислуваше за продолжувањето на јаничарската идеја и по уништувањето на оваа воена формација од реформаторскиот султан Махмуд II во 1826 година.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Потоа, додека татко ти беше во војска – во морнарско костумче и бели хулахопки, веќе понежен на изглед, зошто почна да јадеш со сила.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Мама ќе потрча кон вратата, додека тато го стега наслонот на фотелјата со побелените прсти.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Зашто, ако овој писател со истата леснина како и Исмаил Кадаре се ориентира во лавиринтот на балканскиот простор и време, тој со Данило Киш ја споделува величината на највозбудливиот омаж, посветен на најпотресниот лик на Таткото: во романот Градина, пепел на Киш, незаборавниот Едуард Сам настојува да го состави универзалниот возен ред, додека таткото на Старова сака исто така да оствари еден колку огромен, толку и хемерички проект:
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И јас уште не сфаќав додека татко ми не извика: - Трпче, слушаш или не слушаш?
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Таткото на Тодор откажал да даде откуп, додека таткото на Коста, Иван, отишол во Софија да го бара сина си.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Мајка им никогаш не излегла од Долнец, додека татко им Апостол, меѓу двете војни бил во Америка.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Ме легнаа и додека татко ми ја држеше главата на перницата, мајка ми се обидуваше со игла да го извади зрното. Ме болеше, пискав, се превиткував. Мајка ми не успеа.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Раснел близу до Минхен, а доволно длабоко во природата; додека татко му сликал, тој бил покрај неговиот штафелај по полињата, до потоците и во шумата во околината на домот; остатокот од денот го минувал со мајка си, која понекогаш му читала поезија и му свирела на пијано.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А сепак тоа идилично постоење не ја намалувало тагата на Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Додека татко ми му читаше што нашле археолозите за староста на Калето, Чанга недоверливо се смешкаше.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Сето време додека татко ти се мачеше и стенкаше со топлата печка во рацете, ти трчаше околу него, повеќе му смеќаваше одошто да му помогнеш, а кога најпосле големата преселба на годишните времиња беше извршена, се врати од дворот и застана пред татка си.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Му велиш: „Откако ја изнесе печката во тремот, некој топол ветар шета околу нашата куќа“.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
XVII Додека Татко го слушаше Игора Лозински, во неговата свест се прелистуваа нови страници од неговата Историја на Балканот низ падот на империите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Мајката е поврзана со симболот на Морето, додека таткото со симболот на копното, на земјата.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Учеството на Мајка во балканската историја беше директно, посебно низ историјата на нејзините страдања во спасувањето на децата, на семејството, во времето на војните и на преселбите, додека Татко речиси целиот живот ја пишуваше својата незавршена Историја на Балканот низ падовите на империите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)