додека (сврз.) - повеќето (имн.)

Си можел да објасниш дека се случува, додека повеќето жени работат низ куќа, таа да работи на машината за пишување, или да е на службен пат, или...
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека повеќето од тајфата одеа пешки, вооружени со пушки, со стапови, со крстови а стапови и со торби, за да имаат во што да грабаат од народот, сам тој, Партениј, јаваше на бел коњ, сиот позлатен и накитен со мониста и со пувки од коприна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)