додека (сврз.) - ти (зам.)

„Секогаш велам, ако имаш мачнина, веднаш изблуј се. Уште додека ти е тазе во меот.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И, додека ти мислиш дека е крај на светот и векот за тебе, те вадат и тешат турските серии, поредени, фала Богу, така што можеш да ги следиш и репризите ако нешто си пропуштила дури си го секнела носот со тоалет хартија зашто „Паломата“ си ја потрошила на претходната, која била за нијанса потажна од твојот живот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
На тезгата работиш, а позади пржиш пипер, патлиџан, со јајца или без нив, готвиш и тука јадеш „на стајање“, ама и се сончаш додека ти ја припазуваат тезгата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Знаеш ли што правам, Филозофе, додека ти спиеш? Ја преместувам вселената.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знаеш ли што правам Филозофе, додека ти спиеш? Јас, пајак црн, со крст на грбот, плетам. Во одајата сум.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
20. Знаеш ли што правам, Филозофе, додека ти спиеш?
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем рече: „А кога застанав јас кај ѓаволот, токму пред него, додека ти и Лествичникот го гледавте словото чудно; со очи на нечестивиот, го видов словото. И тоа поинакво се укажа, одошто е“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Замисли“, рече таа. „Додека ти беше на пат, ми се скршија пет чаши. И да видиш...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Пријатно е да ја имаш среќата за прислужничка Додека ти ја отвора розовата врата на утрото И ти го принесува на прекрасно дизајниран тас Долго очекуваното изненадување.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
О, малку морфиум анестезија додека ти ја режат татковината на живо по којзнае кој пат овој пат дома - помрачениот ум реже заслепен од белината на светлината од себеси, Боже суетата е клопка осуети ја избегни го последниот чин на македонската мелодрама смени го жанрот направи нешто!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Од каде таа латентна заблуда тревожното претчувство дека сум само ехо (е-х-о) додека окото ослепува гледајќи во замисленото сонце да речам ли еретички - слободата оти само таа може да те гледа без да трепне право в очи и да те изгори додека ти не сеќаваш ништо друго освен восхит!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Не можам да дозволам да ѝ препукнува срцето на ќерка ми додека ти ноќе ќе шеташ по покриви... - му рече таа луто.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Завиткани во твоето излитено Навахо ќебе, лежевме бакнувајќи се со длабока страст сѐ додека ти не залипа од копнеж.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Езерото беше пурпурно, розова занес, бисерен аметист со квечерина, а потоа се потопи во ноќна црнина со чипка од свилена пена.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се бакнувавме цел ден - цело лето - бакнежи со вкус на разни видови сјај за усни и премногу Кока Коли.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)