додека (сврз.) - ние (зам.)

Но, всушност, мене ми се допаѓаше и содржината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Штом Рони заврши со читањето, го прашав дали би дошол во Фектори и едноставно би седел во фотелја надвор од видикот на камерата, и би зборувал додека ние го снимаме Марио Монтез во филмот Харлот, и тој рече: „Добро“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека читаше, си мислев колку е прекрасно да најдеш некој толку плоден писател, баш во моментот кога ти беа потребни “звуци” за твоите звучни филмови.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште ли спиете, стари паразити, додека ние работиме? рече момчето со титовка на чело од колоната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Да не ви дува во лице, додека ние мора да одиме наспроти ветрот.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- А што е со вирусот? Што ако во овој момент додека ние разговараме се руши Empire State Building! А вие ми велите дека сѐ е во ред?!
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Татко ми пристигна една средна во велигденските пости, приквечерта, додека ние бевме на училиште.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Дедо ми пушти цела каленица вино и кога каленицата го врвеше првиот круг, како и другпат, додека ние ги баравме врелите компири, ни допушти и ние да лизнеме по една капка вино.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Впрочем, додека ние истрчувавме, го чув дедо ми како рече: - Не дочека свети Никола, да ни е на помош, еве, ја пушти белата брада. 3.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кога се сеќавам сега, чинам дека мајка ми сето време смислуваше како ќе го пречека, додека ние децата не престанувавме да прашуваме што ќе ни донесе.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Разликите меѓу нас сепак се споредни: она што Фуко го нарекува диспозитив, а што Феликс и јас го нарекуваме подесеност, нема исти координати со оглед на тоа дека Фуко ги поврзува изворно историските низи, додека ние поголема важност им придаваме на географските состојки, на територијалитетите и движењето за детериторијализација.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Г-ѓа Маџиде му помагаше додека ние бевме на работа, па и го капеше секојдневно, понекогаш и по неколкупати зашто поради старечката деменција забораваше и, само што ќе го облечеше избањат и чист, тој викаше по Маџиде: „Меги, од кога не сум се избањал!“
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И додека ние вртевме крукчиња на мразот тој седеше на трибината и решаваше крстозбори.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Секогаш му студеа дури и на топло, ама издржуваше само за да не не остави сами.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Многу радост имаше во куќата на Ефимија (сестра на Борис) додека ние бевме нејзини гости, првите два дена.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Следната дестинација ни беше Загреб.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Градот за кој толку многу слушав од неа и од вујко ми Вангел во долгите ноќи во Лисиче, додека ние бевме мали и палави деца...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Невиниот фотон или електрон кој си ја гледа својата работа ги има и едното и другото сѐ додека ние не почнеме да ја гледаме неговата работа кога, како што е покажано, неговата брановидност отстапува место на честичавоста, а моментот на положбата, или обратно.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Универзуми во кои, додека ние двајцата овде лежиме како пар спржени гуштери, тие двајцата никогаш не станале љубовници.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
„Така. Го завршивме полесниот дел. Сега останува уште потешкиот, да си најдеме зет”, ќе речеше мајка ми, додека ние продолжувавме да се шегуваме, а Рашела се правеше дека тоа веќе не го слуша, излегувајќи од одајата по некоја од безбројните работи, иако во лицето сосем се заруменуваше.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И додека ние на сето грло викавме, барајќи смрт, тие, големците, се редеа на говорницата, обвинуваа, викаа, плукаа, покажуваа со прст, а ние викавме: - Смрт, смрт, смрт!!! - На бесилка!!! - Под ѕид на три метри!!!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нескратен, тој приговор би гласел: ‘Тие не сакаат да се помират со тоа дека го убиле Бога, додека ние тоа го признаваме и така сме исчистени од вината.’ Тогаш е лесно да се увиди колку вистина се крие зад тој приговор.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Зошто на Евреите им било неможно да земат учество во напредокот кој, и покрај своето изопачување, го содржело признавањето на божјето убиство – тоа би било предмет на посебно истражување.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Велиш: „Одам по рабовите“ - нели од рабови составуваш целина однапред осудена на распад - Ѓаволот на уништувањето бдее над совршенството држејќи долги остри ножички меѓу прстите, па слатко, со апетит сецка, дроби, кастри перверзно смеејќи се оти знае - оние кои се изрежани на ситно без престан крварат и бараат серум во умешноста да откриваат светови што не можат да ги задржат само за себе па ги исплазуваат како јазик или, бараат пат под нозе или, си го менуваат идентитетот бегалици засекогаш или, се претопоуваат во коктелите на натурализацијата асимилацијата од оваа страна на границите од онаа страна на границите а тие, проклети, се менуваат до бесвест додека ние паѓаме во вртоглава инфлација се занимаваме самите со себеси онанично, параноично безочно !  Суво злато, делба  Сѐ друго е минато - Македонија што ја нема - Македонија, мрачен предмет на желба зар и тоа е Македонија бездомничка Македонија суво злато Македонија подземен свет глобок сон тајна историја темно време.  Алчна, одиш во пресрет на судбината и го бираш поголемото од двете...  Земја си, одбрана да ја усовршува поетиката на делбата.  Да експлодира.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
На другата кривина нѐ осветлија, тогаш дојде курирот и рече дека четата е во опасност, но додека ние се извлекувавме, германската колона пристигна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
А до третата ноќ Тате можеби ќе биде тука на тремот сѐ дотогаш додека ние не бидеме веќе одамна подготвени за спиење, и тогаш ќе ја чујам Мама како го повикува да влезе, речиси исто така како кога мене понекогаш ме повикува од улицата.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)