Така и јас денес: седам пред компјутер, прелистувам туѓи биографии на Интернет, па се нервирам како на разни Ојлевци и Дојлевци им течат мед и млеко додека мене ми цури животот.
„Бед инглиш“
од Дарко Митревски
(2008)
Уште по некој збор разменувавме додека мене не почна да ми станува.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Сонував, Пандо, извори, потоци, реки... и плачев затоа што така напразно си тече водата, додека мене внатре изгор ме гори... течеше, пустата, чиста и бистра.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
- Подлабоко, се закани Кузман, додека мене ме облеваше пот, се ладеше на кожата и ме освежуваше.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
„Како решен?“, праша смерно и кротко Филозофот, додека мене крвта ми вриеше од возбуда. „Така“, рече Лествичникот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)