додека (сврз.) - ме (зам.)

Леден здив да ми ја разбранува крвта додека ме заспиваат песни љубовни, додека ме галат очи љубени, додека ме будат усни јагоди црвени, сила да ми дадат чисти бели вистини, не се плашам од висини ја отварам душата и летам на крилата на пеперутката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
- „Што е со тие изгубени души кои на раскрсницата на животот засекогаш ќе го изгубат патот за да ја пронајдат смислата на своето постоење?“
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Додека ме внесуваше во собата каде што спиеше речиси не забележав дека излегуваат некои луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ми рече дека би можела да побара петнаесет дена отсуство, да патува носејќи со себе книга за да може времето да биде помалку важно и непријателски настроено во долниот свет, да ги менува врските, да чита додека ме чека, да ги гледа рекламите.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Подоцна, во кафулето, сега веќе само Ана додека одблесокот на Маргарита се повлекуваше пред стварноста создадена од чинцано и зборови, рече дека ништо не разбира, дека се вика Мари-Клод, дека мојата насмевка на одблесокот ѝ причинила бол, дека во еден момент дури помислила да стане и да го смени седиштето, дека забележала како ја следам притоа не чувствувајќи страв, токму тоа беше противречно додека ме гледаше в очи, додека го пиеше својот чинцано, додека се смешкаше не срамејќи се што се смее, затоа што речиси веднаш го прифати мојот препад среде улица.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Иако мора да сум им приредил доволна комична глетка додека ме гледале одзади како гнетам еден обичен метален радијатор.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Или додека ме прогонат (замисли - не како злосторник или никаквец туку како луд!) да ги исклештам своите крмначки заби и да се удавам в ракија?
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Ама вака..., ми се чини дека само си ја губам скапоцената енергија додека ме притискаат и полека ми го одземаат животот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Тропаат лажиците и виљушките, ѕвонат гласовите, а нејзе ќе ѝ прокапе некоја солза од радост и среќа, додека ме кара мене дека, ете, лубеницата не сум ја доизладил како што треба, а сто пати ми рекла да донесам уште мраз.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сум говорел и како „јас“, но и како Луција. „Како шизофреничар, не дај боже“, велеше Земанек, додека ме триеше под дрвото со студена вода. „Како оној лудак во Психо на Хичкок“, велеше.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
ЉУБА: Тоа беше на осми октомври, и врнеше дожд, - затоа што, јас си спомнувам, санитарците беа во мокри мантили, и моето лице беше мокро додека ме носеа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
-Можев и самата да се одвлечкам до тоа место, но кому ќе му покажев каде да копа ако не те поведев?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Имав впечаток секој момент ќе се втурне. Ама не беше така.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Заборави го гревот”, шепотеше тој додека ме подместуваше да зачекорам на неговите рамиња.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но и додека ме разбудуваше знаев дека поголемиот дел од ноќта ја поминала будна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Можев и самата - рече додека ме откриваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сетив како ме тегне за рамото и сфатив дека се разденува.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зад неговите очи, додека ме впиваа, зуеја исти такви затворачи.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мислиш не ме боли мене тој црн ден што се случи во вашето село додека ме славевте на сред село со најубави благослови и плодови?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тогаш не ќе мораш да ги правиш сите овие операции а притоа да си го тормозиш и градниот кош– ја советуваше Џорџ – нема да мораш дури и да го придржуваш ременот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дуда додека ме потчукнуваше со десната рака левата ја префрлуваше преку бујните гради за да ја придржи торбата што ѝ висеше на нејзиното десно рамо, за да не ѝ падне. - Подобро да го потчукнуваш со левата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што ќе остане од неа додека ме втаса?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кога го извлекла трнот, мечката рикнала и почнала да бега и да рика; бегала, потоа ќе се свртела, клекнувала и рикала: Сѐ додека ме гледаше така правеше, раскажуваше мајка ми.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Бреда ми зборуваше за вас“, рече додека ме воведуваше во осветлената, засводена ординација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Проценувачки ме набљудуваше за момент, мрморејќи „да, да“ себе си во брада и тогаш, со помош на медицинските сестри, госпоѓицата Арцибалд и госпоѓицата Сливовиц, ме проведе низ серија тестови кои би збуниле и космонаут.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)