додека (сврз.) - стои (гл.)

Додека стоеше и посматраше, на Винстон му падна на ум дека старецот, кој мораше да има најмалку осумдесет години, веќе бил средновечен човек во времето на Револуцијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Интересни асоцијации се раѓаат кај посетителот додека стои на ова место во Берлин...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Додека се шетав наоколу сфатив дека војната во Виетнам изгледа многу пореално во Сан Франциско отколку во Њујорк - додека стоев на доковите, буквално можев да ги видам бродовите како заминуваат за Југоисточна Азија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Девојките во Калифорнија веројатно беа, во стандардна смисла, поубави од девојките во Њујорк, но мене и понатаму ми се допаѓаше начинот на кој Њујорчан­ките беа убави - чудни и невротични (девојките секогаш се поубави кога се на работ од нервниот слом, а нашите девојки секогаш беа тука некаде).
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сите во Сан Франциско беа загрижени заради купот амфетамини што можеа да се најдат тоа лето во градот - посебно беа загрижени децата на цвеќето, бидејќи спидот луѓето ги okno.mk | Margina #15-16 [1995] 127 правеше агресивни, а тоа беше токму она против кое беа тие.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И којзнае по кој пат по неговото синошно враќање, но сега сосема одредено како мисла, додека стоеше на прозорецот, заталкан со погледот по топлата виделина на денот, од која снегот добиваше мекота на нафрлан памук, во неговата свест проструи и тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мускулите, со кои немаше што да работи, престануваат да му просребруваат, во нив гаснеше онаа маѓија на потребата од напнување, додека стоеше таков, со ноктите вкопани во дланките, со дланките прежилени од своите сопствени нокти и едвај здржувајќи се да не тресне нешто со тупаниците така, за да го здроби со еден замав, едвај задржувајќи се себеси да не истрча низ вратата и да земе да го гази оној снег, да го пробива тој изнаврнат снег, да го изоди сиот сѐ додека здивот не земе да му бие во него како тапан.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Додека стоеше, прифаќајќи го она предизвикување, размислувајќи уште оти растојанието е преголемо за него, тој виде дека мечката нема време да чека.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Беше само еден тих разговор во него, додека стоеше, смирувајќи си го здивот и веќе не ни обидувајќи се да ги избрише студените росинки пот од сето свое лице.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Требаше, сега ти можеш многу добро да го знаеш тоа, требаше, со чекичот, што го имаше заборавено в појас кога тргна по коларот, а патем го пронајде таму и го зеде в рака да не ти се истресе некаде, требаше, со тој чекич, што се меткаше сега во твоите празни, издолжени, тешки и увиснати раце, требаше со него, по главата и да го пропаднеш на днуземи, тогаш, додека стоевте.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Помислив: намерно не погледнува кон отворената врата на големата соба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Додека стоевме во тремот дури одбегнуваше да праша каде лежи; во која просторија е сместена?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Вели: Многу се слатки додека стојат пред тебе збунети.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Значи во скутот на тој Непознат седеше Катерина а неговиот глас дури и овде во темнината како да ми приоѓаше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А и гласот на Непознатиот што го слушав како доаѓа низ вратата додека стоев во собата на Грофот беше истиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И да сакаат нешто да сторат не знаеле како да ја скротат сенката на камшикот!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ќе ти купам сладолед, само не кажувај им на мама и татко, - го поткупуваше таа додека стоевме пред лифтот во нашата зграда.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ја пуштив да влезе додека стоев отсликан во неколку перспективи низ сјајните огледала сред огромниот тоалет.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Од врата излегуваше како фурија, а старицата мавташе по него со ќесето со сендвичот полн со марула.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На Адам веројатно не му наишла слична помисла додека стоел избркан пред вратата на Рајот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кафезот им изгледа премал за било што освен спиење во влажната трева.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа си се прашува што би се случило кога би паднала во кафезот преку ниската метална шипка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сани размислува за Џони Мохак додека стои во зоолошката, пред пештерата со трева и заспани лав и лавица.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)