додека (сврз.) - спие (гл.)

Ние знаевме дека Татко дури ѝ ја советувал Мајка дека децата трба да се милуваат само додека спијат.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Додека спиеш таму некаде под спомените ветрот ги носи копнежите низ времето... небото ми ги дарува миговите на љубовта...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Винстон, сѐ уште со актовката со книгата, што му стоеше меѓу нозете додека работеше и под главата додека спиеше, замина дома, се избричи и речиси заспа во кадата, иако водата во неа беше одвај млака.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А еднаш - Винстон не можеше да се сети дали тоа се случи додека спиеше под дејство на дрога, или во нормален сон, или пак во момент на будност - еден глас му шепна на увото „ не грижи се, Винстоне, ти си под моја заштита.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Додека спиеше, ги прегледав твоите работи, земајќи сѐ што не се согласуваше со твојот нов идентитет кој ти го купив во Берлин.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Нејзината високо крената рака ги запираше возилата кога поминуваше улица и го покриваше додека спие.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Најпосле, на почетокот од октомври, ми се чини беше деветти во месецот, чистејќи ги отпадоците во потонските простории што беа ги оставиле копачите од Пустенец додека спиеја долу, завлекував рака и покрај голите и потемнети греди и, исто така, и во ќошовите на ѕидовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За ова размислував додека спиев, па дури мислам дека тоа и ме разбуди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Одел и додека спиел, тие две-три секунди или тие пет минути додека дремел во од.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сега, неколку секунди по будењето, виде дека неговите нозе се движат и дека тие така сами се движеле додека спиел.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во селото на седумте црнчиња со кадрави коси и бели заби нѐ пречекаа со тапани и со банани.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Не чувствував жед. Можеби ме напоиле додека спиев можеби и сам сум пиел од некој извор без да знам дека сум го сторил тоа.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
ФЕЗЛИЕВ: И затоа го изедовте сето ова така подмолно, додека спиев?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Додека спиел од неговата уста излетала жолта пеперуга.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Правеше и план како тоа да го стори, кој начин да го одбере: да му влезе ноќе дома и додека спие да го убие. Но како да влезе?
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)