додека (сврз.) - оди (гл.)

А после, додека следени од Карамана слегуваат по скалите и потоа додека одат во трлото кај Лазора Перуноски, си мисли дали да претрчаат до Зедница и да ги запалат вивките и така сè живо во Потковицата да кренат на нозе, или да претрчаат до Костадина Дамчески да му кажат дека некој јабанец дошол во Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А, такви прекори или санкции, за џабе, добивав се додека одев на кино.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Дури и жртвата на руските чистки можела да носи бунт во главата додека одела низ коридорот, очекувајќи го куршумот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа секогаш се случува одзади, додека одиш низ некој коридор.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Традиција беше - неизречена традиција: ја знаеш од некаде, иако никогаш не си ја чул изречена - да те застрелаат од назад: секогаш во задниот дел од главата, без предупредување, додека одиш низ некој ходник, од една ќелија во друга.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа е типично старовремска германска куќа, со тесни и мали прозорци, дрвени скали, ли се извишуваат стрмно, на високо; со чардаци кои, додека одиш, скрцкаат; со големи одаи, приемни, спални и многу други простории.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
- Шабан Шаулиќ ја пееше песната „Дојди да остареме заедно“, додека одеше само музиката Рада се загледа во профилот на Томо.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не вложуваа ништо во играта и тој уште губеше додека одеше со нив низ дворот и низ тихиот ходник долг како вечност.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Сега додека одевме кон скалите за да се качиме горе во собата, му го видов профилот, по малку пушкиновски, подаден напред, но целото лице подолгнавесто, горниот дел кај челото и очите поизразен, а долниот пововлечен.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Неочекувано чувство го обзеде младиот човек, застрашувачка возбуда, и за да го одложи своето влегување во кулата, тој го одврза својот десен чевел и од него ја истресе нечистотијата, што беше се нафатила додека одел преку премачканите коси влезови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И додека одеше по сѐ уште пустите градски улици кон касарната, во главата, за промена, ја слушаше Васка Илиева...
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Додека одев кон своето место, го уловив погледот на Луција: таа насетуваше некаква крупна промена кај мене, оти никогаш порано јас немав задоцнето, ниту пак разговарав со таков циничен, препотентен тон со некој наставник; ме гледаше од ниско, и јас знаев дека меѓу нас е готово, дека мојот циркус е посилен од нејзината Партија; од друга страна, покрај неиздржливата болка дека ја губам, дека поминувам во еден друг свет, дека се реинкарнирам уште при живот, чувствував една неподнослива леснотија на постоењето, една слобода која ме опиваше: јас го имав, наспроти овој дисциплиниран клас, мојот циркус, и мојата Ина, со која за една ноќ бев полбизок одошто со Луција за четири години.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Кога ќе дојде време – мирно реков јас, и бев сосема сигурна во тоа што го зборувам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Кога и ние ќе имаме дечковци?! – се поплакуваше Весна додека одевме кон Капиштец. – Гледате, сите веќе имаат, само ние кутрите не.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се смееше и понатаму, сè додека одев кон прозорецот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Од каде можеше да го знае тоа? - се прашував додека одевме накај нејзината Редакција.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
За мене Рајнер стана постојано присутно отсутно суштество.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Му реков дека никогаш повторно нема да дојдам, и уште додека одев кон дома сакав да се вратам кај него.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Можев да го прашам додека одевме накај дома, но сега е доцна.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Пред една година, додека одев на работа, ја оставав сама во мојот стан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Знаев дека тоа ќе ја натера и неа, и нејзиниот соучесник, најверојатно убиецот од Калемегдан, да се откријат и да почнат брзо да дејствуваат додека обетката, што одвај ја открија кај мене, не замине од моите раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)