додека (сврз.) - молчи (гл.)

Таблите над плочките од подот беа поткренати половина метро, а тоа оставаше впечаток на отвореност која двајцата, додека молчеа со спуштени погледи пред себе, ја чувствуваа како простор изложен на провев.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Х.Х. сигурно во тие мигови жалеше што не можеше да пребарува во моите мисли, да ја храни Централата со нови податоци за моите реакции, додека молчев загледан во линијата на хоризонтот која ја искривуваа белите облици на издадените бункери кои навистина ми се видоа како голем ѕид. Балкански ѕид.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
ИВАН Убаво го чувствувам влечкањето на лепливите нозе на гасеницата што мајка ми толку често ја спомнуваше.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дали и се допаѓа на Таша тишината што ја создаваат луѓето додека молчат?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сите филмови што сега, разлигавен, во главата ги правиш за мирно трето доба, со сите театри и опери кои сакаш да ги посетиш и да ги видиш и чуеш, сите книги што сакаш да ги читаш во двојка или, барем, како школска лектира да ги обработуваш со неа, затоа што таа те разбира најубаво и, додека молчиш, таа ја слуша твојата тишина и кроце пушта рака на твоето колено, кое потскокнува од тоа што нервите ти се отидени бестрага, се утопија, се разбира (тоа филмовите).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во Куско, додека молчи камената пума, никогаш не запира производството на перуанска тага, а никогаш не престанува и растресувањето на старите страсти низ каменото сито.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Додека молчеа така, ете ти го Мартина – ги дотера своите волови.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)