дека (сврз.) - уште (прил.)

Но тој се лажеше, зашто не ги познаваше неумоливите закони на љубовта, иако знаеше дека уште премудри Соломон рекол: „Можеш ли да си туриш жар в пазува, а да не ти изгори кошулата?“
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Брзината на тие нозе што протрчуваат се пренесува во него како морничава гроза, се буди тоа чувство на ужас дека уште малку ќе биде изоставен од масата, сам и најзабележим во ова бегање.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Наближувајќи го кафето од Филевци, на Андон му стана мило кога виде дека уште не е затворено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Очигледно дека уште мудриот Сократ насетил дека творештвото е тешко доловлива дејност на мозокот и често акт на изменета состојба на свест.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
А во тој ден човекон што ја сретнал, младичот што и понудил да ја поведе со себе и што можел да ми стане и татко, бил облечен во војничка униформа и јавал бел, војнички коњ.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дека уште утредента ако не и истиот тој ден можат тие туѓински војници да се појават во полето помеѓу двеве планини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ни на сон не можев да претпоставам дека уште тогаш, кога вежбавме на разбојот, и тој ја гледал со исти очи како јас што сум ја гледал, како маж што гледа жена.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го возиш цела ноќ, по пат го тешиш, го молиш да издржи, да не стенка, му велиш и му ветуваш дека уште само оваа кривина да ја поминеме и зад таа или другата ќе се отвори поширок, порамен пат по кој побрзо ќе стигнеме до болницата; го носиш за да оздрави, а тој, ти се скаменува, оладува, те гледа со стаклени очи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Вели оти често ме следел, набљудувал и дека уште Долу сум му оставил впечаток и дека затоа ми го доделил ова подзатемнато, но не темно место, ова подосветлено, но не зрачно место. Орта.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
МЛАДИЧОТ: Ми се чини дека уште синоќа Ви расправив - сите мои беа заклани од Турците.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Жали се ти колку сакаш дека уште не е крај на работното време!
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А тие се радуваат дека уште не се оздравени. Тука им е посигурен животот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Другиот ден пак така, велеше, мечката ќе влезе до потокот, потоа ќе се јави и крмакот, ќе го намириса воздухот со чурилката, велеше, ќе осети дека уште некој има тука некаде, и ќе загне кон кај што го води носот, по миризбата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не знам колку време така сум спиел, ама кога се разбудив, гледам дека уште понегледам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби црвената чанта се затресе во скутот на Ана кога возот прв пат прикочи, можеби само здодевноста ѝ ја придвижуваше раката до праменот што ѝ паѓаше преку челото; во текот на тие три- четири секунди за време на кои возот стануваше неподвижен во перонот пајаците ми ги забија ноктите на кожата од бунарот, за уште еднаш да ме победат одвнатре; кога Ана се исправи со едно единствено чисто движење на телото, кога ја згогледав од грб меѓу два патника, мислам дека уште еднаш бесмислено го побарав лицето на Маргарита врз стаклото осветлено со заслепувачките светлини и движења. 61
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Јасно е дека уште во самиот избор на ликовите Старова се решил на старата имаголошка претстава за тоа како Исток го перципира Запад и обратно.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште од култната книга на Сузуки и Фром Зен будизам и психоанализа, се знае за стереотипот според кој запад го карактеризира прагматизмот, а исток неговата мистика, која е насочена самата кон себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Уште поверојатно беше дека никој и не знае колку биле произведени и дека уште помалку се грижеше за тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Немаше часовник, но знаеше дека уште не е петнаесет часот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во почетокот мислевме дека уште некој се вселил кај него, но тогаш испадна дека и двата гласа се на Били.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Карл осети, по гласот на мајка му, дека уште не ѝ е помината лутината.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И дури вујко му Ѓуро му даваше кора и печено бравско месо да јаде и го убедуваше дека уште е малечок за комита, Крсте сѐ повеќе се намуртуваше и уста не му се отвораше — не му се каснуваше.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Што дека уште веднаш им беше празно без него, особено на внучињавата, ама во неа имаше и надеж дека можеби некој друг го одлостил вагонот и го понел со себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Навела дека уште во војната Сојузниците ветиле територијален интегритет; дека сето население во реонот е словенско, дека отаде границата, во Албанија, остануваат повеќе словенски села, отколку од оваа страна албански; дека манастирот е едно од најголемите словенски светилишта.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
„И тоа е за вас херојство?“ пак рече не верувајќи дека уште не крикнал и не замавнувал и се чудеше зошто наеднаш се помирува со во неврат изгубените сочни стебла и со мирисот на нивните стеблаци.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Добро знаеја дека уште ќе им бидам потребен како врвен познавач на паразитските микроорганизми.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие што се спасија се преселија многу на исток А откако имаа деца и нив ги поведоа на исток Зашто оттаму доаѓаше знак дека уште натаму е сонцето.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
8. Ѕвездочетец се врати од далечно патување по небото И според ѕвездите претскажа Дека уште многу години и уште многу пат ќе траат скитањата.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Дишам колку да знам дека уште сум жива.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислам дека уште долго по смртта го болеше.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се чини дека уште само кон небото ни е отворен патот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И покрај сѐ, осеќам дека уште сме приврзани од заедничката судбина на победени и навредени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јасно се гледа дека уште не си падната на земјата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тој е пример за тоа дека и без завршен факултет може одлично да се живее, иако баба ми Санда често со жалење раскажува дека „Ванче нејзин“ бил одличен ученик и дека уште малку испити му останале до факултетската диплома, ама, се фатил со лошо друштво и сѐ баталил.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ветува дека уште ќе пишува и се надева дека од неговите листови ќе можам нешто да искористам.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Еднаш на шега му соопштив дека уште малку ќе почнам да го гледам како да ми е брат со кој повремено се гушкаме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Мислам дека уште повеќе го предизвикуваше мојата цврстина, го провоцираше мојата правичност заради која секогаш ги казнував грешките.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Сега веќе и не ги гледаме, само ѕвончињата кажуваат дека уште се близу.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)