дека (сврз.) - попусто (прил.)

Тие што тргнаа преку Веселички Рид уште еднаш, штом се завкачиле по падините на ридот, виделе дека попусто ќе одат и понатаму: во снегот немало никакви траги, ни човечки ниту, пак, од некој ѕвер, но зашто била издадена таква заповед, се префрлиле преку рид и низ Веселчани и по Џаде дури до Алинци стигнале, а другите, кога дошле до Галичка Река, решиле да не одат понатаму: од Алилово натаму снегот по патот бил сиот разгазен и колку повеќе се приближувале до градот тој толку поразгазен станувал, па зашто никој не можел да одреди кои стапалки чии се, дали од другоселски пазарџии или од ајдутинот и од Бошета, и тие се вратиле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- И јас така мислев, Веле, но брзо разбрав дека попусто сум го давал срцето.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мислам дека попусто одам зашто на ово бљуд на кој се наоѓам се чини како воопшто да не го напуштам неговото среде.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
И едниот и другиот знаеле дека попусто ќе се обвинуваат.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас велев дека попусто сме се мачеле, дека голем труд непотребно сме сториле, а тој се обидуваше да ме разведри.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И сфатив дека ова е провидение, дека пајакот мене ми е подобен, или јас нему, дека попусто самиот сум се унижувал пред Лествичникот и другите бедни; дека сум го лутел Бога оти знак ми дал да го носам светот на плеќите свои, а јас не сум разбрал, не сум го познал знакот и сум дал предимство на друг, оној што е под управата на гревот, оти никогаш не сум се борел, не сум се спротивставил, послушен секогаш сум бил; а оној што послушен е секогаш, тој послушен и кон ѓаволот, а не само кон Бога ќе биде, кога ѓаволот ќе му се претстави под лика лажна, под образ притворен!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Да, таа...“ - и знаеше дека попусто прашува.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
- Реков дека попусто чекаш. Волкот се обѕрна околу себе, како да не дочул, а после пак се загледа нагоре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Најпрвин на зачудениот Али-бег му го споменал своето пријателство со мулазимот на градот, потоа им се заканил на неговите слуги кога разбрал дека преку ноќ урнале недоградена воденица на селаните.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Отфрлен и потценет од угледните бегови, жолтолик, жолтоок и жолтобрад, под широката облека со повеќе коски отколку што му се нужни на еден мислител, не сфаќајќи дека попусто крева глас и дека дури и селаните бегаат од него, се решил да појде во Стамбол и да ја обвини грабежливоста.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури потоа ги отвори очите и ме погледна толку изненадено што се чинеше дека за прв пат ме забележува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И наеднаш се оддалечи, замина негде не само со поплаките туку и со гласот, и моите зборови повеќе не ја престигнуваа; ми се чинеше дека попусто ги арчам, дека попусто се трудам, па затоа и се чувствував заскитан сè додека не почувствував дека нејзиниот глас се враќа, дека дишењето ѝ се забрзува, а челото, до тој момент речиси суво, наеданаш се ороси со студена пот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Долго ме жулкаа по главата шепотејќи дека попусто е плачењето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Долго ме жулкаа по глава шепотејќи дека попусто е плачењето.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Пред да умре баба ти, ми рече: „Бакни го Милчо, кога ќе се врати и кажи му дека попусто се мачеше и правеше напори да ме излечи...
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
„Колку сум глупава“, ја прекори и тогаш својата неупатеност Анастасија, и не пропушти да заклучи дека попусто се грижи за последиците, што за среќа не зависат од неа.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Едни вела: експлозијата му е настаната по грешка - се занимава со работи што добро не ги познава; други велеа: можеби експлозијата намерно ја има предизвикано во едно очајание, во една криза, бидејќи најпосле сфатил дека попусто се мачи, дека не може да ја оствари желбата - да создаде жива материја.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)