дека (сврз.) - малку (прил.)

Тоа што имаш криви нозе и дека малку си свиткан напред и шијата ти е втисната во широките раменици, многу не се гледа.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се плашам дека малку од него стигнува до Надворешната партија“.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Точно е дека малку сум пристрасна во работата, зошто ја сакам, го сакам тој бренд и неговите производи ги обожавам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Се чинеше дека малку се здебелила.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Толку беше. Мислам дека малку и се насмевна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
И маршалот Тито, во последните години од животот, во едно исповедно интервју, поставувајќи си го отворено прашање дали ќе живее во историјата, ќе рече дека е свесен дека малку животи загрозил за да спаси многу повеќе.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ѓувечот се погоди многу посладок одошто си го замислувавме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„И, какво решение нудиш“. „Малечок ѓувеч. Само се плашам дека малку ќе налутува“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Вистина е дека малку е подебела, но кога ќе роди, ќе ослаби... Со сите жени е така...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)