дека (сврз.) - кога (прил.)

Тоа августовско утро во Прага на балконот во зградата отспротива видов угул гола жена како до бесвест танцуваше врз остатоците од ѕвездениот дожд надевајќи се бездруго дека кога и да е ќе згрми и дека ќе зграпчи барем една светкавица.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Знам дека кога се палат уличните светилки, кога гори и свети неонот, тогаш кога се преливаат светлата во чудесни нијанси и кога луѓето од далеку ги посматраш како силуети, е најпријатно да се впуштиш кон „Пигал“, па сè таму до „Клиши“ и „Амстрдам“, кон „Сен Лазар“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се потсетуваше утешно на пораката на Хорациј дека кога еден збор ќе замине, тој повеќе никогаш не се враќа!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Затоа драго мое дете, знаев дека кога и да е во твоите гради ќе проработи мајчинството и ќе побараш да го видиш и допреш она што е твое.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ме понесуваше таа сличност и забележував дека кога ќе се насмевнеа усните на некоја од жените и дундата ѝ се подоптегнуваше во должина, и во исто време се подрашируваше, потреперуваше.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ако некоја се накашлаше, речиси, мигновено долу, меѓу нозете, устинките формираа крукче кое потоа се разобличуваше и пак устинките се слепуваа.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
И денес можам да кажам дека почнав да пишувам поезија поради Џони Штулиќ и дека кога повторно би излегла рубриката во „Џубокс“ во кој читателите ширум тогашна Југославија требаше да изберат нај-гитарист, јас би гласал за Влатко Стефановски и само за него.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Па, познато е, на пример, дека кога едното, постарото дете, си зема улога на старател и командант, и уште ако е поддржувано од родителите, кај помалото се јавува чувство на отпор, на завист и, дури, на омраза.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Знаете, така тврдат и најголемите психолози, дека кога сте онеспособени да се изразувате креативно (каков што е случајот со мене, затоа и ви се доверувам), вашата потисната, потенцијална енергија, ќе премине во кинетичко деструктивна.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
За да не ве исплашиме веднаш, ќе ви кажеме дека кога Зоки Поки се буди и протега прави – ааааа-ах, кога се смее – хо-хо-хо, кога плаче – ооооолелееее, а кога некому му се подбива – у-у-уаааа!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А тоа ќе рече, дека кога помагаме, кога даруваме, не даваме од човечки побуди, од добрина, туку со сметка и интерес. Да си признаеме, тоа е себичност.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)