дека (сврз.) - заедно (прил.)

Пресметуваните ритмови се маскирани или подредени на траењето на настанот во „стварниот“ свет.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Новинарот: Во последно време се зборува дека заедно со Тики Ди ќе снимате филм специјално наменет за подземната перверзна публика!...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
„Real time“, значи, навестува дека заедно со компјутерите се појавило и конкурентно, дигитално или компримирано време, време коешто не е паралелно со традиционалниот концепт за време.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Сакам месо! Сакам прасиња, мисирки, кременадли!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ми направи впечаток дека заедно беа луѓе од двете страни на Маказар, од едната и од другата страна на реката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И ветив на мајка ми дека заедно ќе напишеме книга.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Посветено е на Скендерови.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Дишеше длабоко и бурно и така го смири неволниот нагон што неконтролирано, до болка му го стегаше желудникот, но не и чувството на потполна излажаност, не и впечатокот дека заедно со трите транспорти и неговиот живот е заминат во некоја непозната и дефинитивно изгубена насока.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Ме радуваше дека заедно со мене доби нови чевли и Бане.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Кога Крсте Јанчески, војводата, го потамани писмото Благунино, тој не ни помисли дека заедно со него засекогаш ги потаманува и Благуна и Видана нејзин. Не беше глуп па да мисли така.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А беше и човечен, и главата на сиот сој Јанчески, па оттука и задолжен, да мисли за секого од нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога тој ѝ ја стегна раката, што мене ми се гледаше посебно, не како и другите, брзо тргнав кон излезната врата на салата, уверена дека татко ми ќе ја почека учителката и дека заедно ќе тргнат кон дома.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Често канџите, место риба, ќе извлечкаа и езерски тревје и алги од дното; гледајќи ги нив, Висар помислуваше дека заедно со тревјето може да се запне и шишето со бесмртната вода: затоа кога нешто тешко ќе влечеа со канџите, срцето му трепереше; ги спушташе канџите што подлабоко кон дното на езерото и му велеше на Трајана: „Може ли канџите да закачат шише од дното на езерово?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Овие интелектуалци, најдени среде ужасите на војната, вкопани со месеци во рововите на смртта, во интервалите кога биле поштедени од смртта, го следеле животот на луѓето крај нив, нивната природа, песни и јазик, носии и обичаи, во надеж дека заедно ќе преживеат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Таква беше и судбината на офицерот и славист Андре Мазон, кој не се врати од бојното поле со медали, туку со книги за опстанокот на обичните луѓе, недолжните жртви на Големата војна која ја водеа Големите сили и нивните балкански поделени балкански сојузници.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сигурно Бојана раструбила низ цела работна заедница дека заедно одат на балот на гардата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Александар драго ми е што те гледам! Бојана сега ми кажа дека заедно работите.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тогаш кога почина неговата сопруга тој изјави: "А мислев дека заедно ќе ја дочекаме староста".
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Таа му објаснуваше дека заедно со сестра ѝ доаѓаат од друг град.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Чувството дека заедно ќе бидеме во овој голем град и во оваа непозната средина, нѐ исполнуваше со среќа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сотирчо го потсетува дека и мајка им ја нема, дека заедно со Тронда излегоа да го бараат и не се вратија.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Значи, ја прогонуваше стравот дека заедно со неа ќе исчезнат и сликите од нејзиното ковчеже.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ете, затоа и ти реков дека заедно ќе го пишуваме.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ми напишавте, ти и Мила, дека заедно сте патувале во Гоа и јас ви поверував.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Убаво е кога се има таква другарка.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)