Најпознатиот мегу нив Самјуел Тејлор Колриџ, се претпоставува дека својата позната поема Кублај Кан ја напишал после будење од опиумски сон, во кој јасно го видел легендарниот град Ксанаду (Xanadu), кој бил соѕидан од славниот монголски кан и кинески цар.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Истото е и со В. Бароуз, иако тој додава и некои нови аргументи кога вели дека својот роман Гол Ручек (Naked Lunch) го напишал на свесно ниво, отворен со канабисот, што го пушел за време на пишувањето, и дека многу сцени во оваа книга потекнуваат директно од употребата на оваа дрога (W. Burroughs, 1961).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Веројатно помисли дека својата приказна Рада веќе ја раскажала на мајка си.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Обидувајќи се да ги изгладам лошите размисли го свртив разговорот на сандакот.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Тој ја вежба својата говорна вештина. Тоа го прави свесно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, неговите зборови беа порозови но притоа и погорчливи од овие што јас ги употребив, но мислата верно ја пренесувам, со малата додавка дека своето размислување Боге од Бањи го проследи и со неколку насмевнувања во кои за жал изостана присуството на птици.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Се разбира, јас немам намера да го имитирам Делоски за кого тврдат дека своите говори ги вежба пред огледало.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Мислам дека ја сфаќате разликата помеѓу она што го прави тој и она што мене ми се случува и тоа не по моја волја.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Кој вели дека таа двојба е наша судбина, кој воопшто се осмелува да каже дека своите интелектуални узори мораме да ги бараме меѓу претседателските камердинери и дворските лиферанти, меѓу тие сливари на човечкиот дух и морал?
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Конечно, сметачите не ни зборуваат само дека својот универзум можеме да го прожектираме, туку дека можеме да создадеме и голем број нему соодветни.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А пред многу години му ветив на Шенберг дека својот живот ќе ѝ го посветам на музиката.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Голема по својот дух, таа не само што ќе го понесе товарот, туку и ќе се усреќи од сознанието дека може да се размножи повеќекратно и дека својот голем дух ќе го подели со своите деца, давајќи им духовно богатство.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Од него зрачеше нешто волшебно.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сите луѓе мислеа дека своето знаење можел да го „посребри“ – така велеше претходната генерација, но тој не го посребри, наместо тоа ги посребри нервите на своите роднини.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)