Навистина, тие протоколи се толку „седиментирани“, како што тоа го срочил Дилејни, „што само една реторичка варијација, во 1977 година, не помина како нова и добредојдена варијанта, туку, попрво, како грешка што му е очигледна и на едно тригодишно дете“.371
Жанрот им ги обликува сензибилитетите на младите уште од првите средби со другите, од првобитното искуство во друштвеноста, па така им ги обликува субјективитетите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Повеќето деца растат во хетеросексуални средини, каде што се запознаваат со стандардните жанрови на дискурсот, на чувствувањето, на изразувањето и на однесувањето – вклучително и со конвенциите на емоционалното изразување кои честопати се одразуваат и се репродуцираат во спонтаните пројави на чувствата на нивните родители.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дури и деца одгледувани од лезбејски или од машки геј-родители отпрвин се изложени, барем до некој степен, на главнотековните културни жанрови и стилови на изразување.
Фактот дека популарната култура денес редовно вклучува геј- и (значително поретко) лезбејски ликови во диегетскиот регистар на нивните приказни не го менува генеричкиот изглед на самите приказни (односно, не менува дали ќе бидат или нема да бидат комедии или мелодрами), ниту, пак, ги менува начините на чувствување што се кодификувани од традиционалните генерички конвенции и кои возрасните ги преземаат во своите содејства со другите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вил и Грејс и понатаму си е ситуациска комедија; La Cage aux Folles и Кирија и понатаму си се бродвејски мјузикли; Сѐ за мајка ми и Лошо образование и понатаму си се мелодрами – и, било како било, тешко дека некоја од нив ќе биде дел од образованието во раното детство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби можеме тоа да го замериме. Но, мораме да си бидеме на чисто дека популарната култура не убива и не спасува.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ако навистина убиваше, нејзините противници и противнички веќе одамна би ја отстраниле, забраниле и уништиле.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Самиот секако не би можел да ⥊ припишам толку големи и толку одлучувачки потенцијали.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Најверојатно без многу ризик можеме да тврдиме дека денес популарната музика со своите карактеристики е некаков основен модел на современата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Бројни показатели сведочат дека популарната музика во последното десетлетие стана најважен сегмент на популарната култура (на крајот на краиштата, за растечката важност можеме да судиме веќе само од вонредно зголемениот број на најразлични напади врз неа), додека музичката телевизија (во мислите ми е пред сѐ MTV) за помалку од десетлетие стана централен орган на целата популарна култура.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Веќе заради мојата “зависност од музиката” не можам (и не сакам) да тврдам дека написот што следи е нешто повеќе од субјективен поглед.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)