Отакако моите одговори не го задоволија, ми рече дека најголемата знаменитост на Келн се неговите три „К“.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И тоа дека најголемиот број луѓе денес чуваат кучиња најмногу заради дружење, што нему му беше неразбирливо, но сепак интересно како можен податок.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Верувам дека најголемиот број од овие практики се во врска со она што може да се означи како “деконструктивистичка метода”, која што ќе биде објаснета во понатамошното излагање.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Тоа е за начинот на кој мојот тим и јас го употребуваме зборот. 36 Margina #4-5 [1994] | okno.mk *** Нема ништо надвор од тераписката средба.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
ДЕКОНСТРУКЦИЈА Овие описи на тераписката работа отсликуваат поголем број случаи со кои често се сретнуваме.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Кога првпат почнав да го употребувам терминот “разговор” во врска со спроведувањето на терапија (de Shazer, 1988) сѐ што имав на ум беше дека она што едноставното набљудување го открива, е дека најголем дел од времето терапевтите и клиентите наизменично зборуваат.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Всушност, многу е веројатно дека најголем дел од настраните обожаватели на Џоан Крафорд не сакаат сериозно да бидат таа и сигурно не би се решиле да бидат, дури и кога би можеле.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Идентификацијата класично ја дефинирал Фројд како желба да се биде, а не како желба да се има, но мошне е неизвесно дали геј-мажите (или другите приврзаници на геј-културата кои ги возбудува Милдред Пирс) буквално сакаат да бидат Џоан Крафорд – колку и да уживаат во чувството кога се проектираат себеси во нејзината персона или кога се замислуваат себеси во нејзината улога.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, тоа навидум самоуверено тврдење не е одраз на фактите, туку на желба – и тоа желба што не е многу изгледно дека ќе се оствари наскоро.
Дури не е ни извесно дека поимот „идентификација“, позајмен од его-психологијата просто затоа што е згоден, досегнува до она за што навистина се работи во внесеноста на машката геј-култура во ликови како Џоан Крафорд.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
„А ете, јас сум слушнала дека најголем дел од копитарите, ако не го излижат малечкото веднаш откако ќе го родат, ако не го обележат со својата плунка, со тој знак кој ним самите им вели: ‘Ова е мое, ова сум јас,’ тогаш го отфрлаат новороденото.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Тоа ќе се влече по нив, ќе моли да цица, но мајката грубо ќе го оттурне. Ќе го осуди да умре од глад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сега во Бугарија е мода да зборуваат дека најголеми непријатели на балканските Словени се: Русите и Австро-Унгарците, кои сакаат на почва на македонското прашање да се зафати и да се продолжи една борба меѓу Србите и Бугарите, која ќе ги ослаби силите и на едните и на другите до таква степен што ќе треба да се набркаат во балканските работи Русија и Австро-Унгарија и првата ќе ги завојува Бугарија и Стамбол, а втората Србија и Солун.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Кога од некои наши актери би се побарало да опишат еден од своите работни денови, мислам дека најголемиот број од нив ќе бидат толку далеку од описот на работниот ден на Јорн Ријгелс Вимпел колку што ќе бидат забодените лактови на актерот на шанкот од театарскиот бар од оние што се лижат по даските на сцената што живот значи.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Ова ми доаѓа како одговор на најглупавото верување дека мажите се поинакви и поразлични од жените во средните години и дека најголем грев е да општиш со истрошена жена која „веќе не може“.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога сме веќе кај таксито одговорно тврдам дека најголем дел од таксистите во Сараево, Босна и Херцеговина, служеле војска во Македонија.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Мислам дека најголемиот дел од нас како класно освестени пионери и пионерки, знаеа дека пакетчето го дели синдикатот, а не Дедо Мраз од Лапонија.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Истакнувањето на името на Александар на прво место означуваше дека најголем дел од работата ќе падне на него.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
Бендоу разгледува неколку начини со помош на кои би можело да се стави крај на забраната за уживање дроги, исто како и користите и штетите од секој од тие пристапи, вклучувајки ја и заштедата на средства кои би можеле да се пренасочат во пропаганда против наркоманијата и за рехабилитација на наркоманите.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Фантастичното ја раздира површинската кора, па поради тоа потсетува на едрена точка; постои нешто што дури како да настојува да нѐ исфрли од рамнотежа.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Елиот Кари (Elliot Currie) одговара дека најголемото зло во врска со овој проблем произлегува главно од тешкиот данок што наркоманијата го наплаќа од зависниците, нивните семејства и пошироката заедница.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Отсекогаш знаев дека најголемите изненадувања нè очекуваат токму на местото каде што конечно би научиле дека ништо нѐ не изненадува, разбирајќи под тоа да не се вџашуваме пред нарушувањата на поредокот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Марија сфаќаше дека најголема грешка ѝ беше што го смени државјанството.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Мајка знаеше дека најголемиот дел од Татковите книги се напишани со арапското писмо.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Татковата потрага се исцрпуваше во неговите книги за кои сметаше дека ја дополнуваат вистината на балканскиот човек, а Мајка сметаше дека најголемата книга си беше самиот живот, која беше најцелосна.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Со долгите и исполнети молчења што поврзуваат посуштествено, неспоредливо побогато од сите зборови и декларации на овој свет.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Намерно ја активирам токму оваа индикативна синтагма, правејќи го тоа не само од некои хипотетички постмодерни причини, туку затоа што знам дека Ти на неа ќе реагираш рефлексно (имено, како професор по француска книжевност!), бидејќи се разбира! во неа веднаш ќе го препознаеш насловот на славната книга на Ролан Барт (Roland Barthes, Fragments dun discours amoureux, 1977).
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Татко сметаше дека најголемите граници на Балканот се самите јазици, кои подоцна се проектираат од душите на луѓето врз териториите во кои живеат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Твоите книги, драги Луан, кажуваат и докажуваат дека најголемиот, дури и единствениот приоритет (кон кој инстинктивно копнее секој човек) е само пустата желба да се биде сакан. Само тоа.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мислам дека најголем дел од зборовите ги користиме за да се заштитиме од другите луѓе, а не за да ја изразиме взаемната љубов; зборовите станаа материја за правниците, а не за поетите; сѐ повеќе ни е потребно во општеството да го воведеме - и мислам дека токму тоа е она што ги проникнува и им дава боја на толку голем број, ако не на денешната младина, тогаш на младите од претходната генерација - тоа барање и изразената желба за љубов, во еден анархичен свет. К: (...) Наклонувањето на тие луѓе (Хипиците), а се надевам дека денешната младина ќе го прифати тоа, опфаќаше и такви животни работи како што е исхраната.
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Тоа е аголот на Улицата Перу, кадешто Хулио Цезар Дабове ни рече дека најголемиот злочин што човек може да го направи е да донесе на свет дете и да го осуди на овој страшен живот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа е Елвира де Алвеар, која во грижливи тефтерчиња напиша еден долг роман, што во почетокот беше составен од зборови, а на крајот од нечитливи и неодгатливи знаци. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 116
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа е раката на Нора што го исцртува лицето на пријателката како лице на анѓел.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Некаде на десетина дена пред крајот на учебната година сфатив дека најголемиот проблем што го имам нема да може никој да ми го реши: Мојот пубертет никако да стигне до мене.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Секако дека најголема возбуда беше прашањето дали крстот замрзнал или не.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Мајка ми, пред да тргнат, зборуваше дека најголем сон ѝ е да оди во Катманду и да ги види Хималаите.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)