Како што истакнал тој, на "многу места, се дадени изјави во прилог на фактот дека бугарскиот народ веќе нема претензии кон областа Пирин, која ја сочинува бугарска Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Известувачот ќе истакне дека говорите на бугарските претставници биле поздравени со голем "ентузијазам и аплауз од српскиот антифашистички конгрес".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Вистина е дека веќе одамна г.Милоевиќ составува некакви српски братства кои според неговите зборови должни се да го сеат србизмот не само во Македонија и Тракија туку и по бреговите на Средоземно Море, т.е. во Шпанија и во Африка. (г.Милоевиќ мисли дека Шпанците и Алжирците се Срби); вистина е дека неколку Милоевиќеви следбеници шират ретроградни идеи во Македонија и во Босна и Херцеговина; виситна е дека книгите на г.Милоевиќ и на архимандритот Пелагиќ бесплатно се делат, најпосле вистина е и тоа дека во белградското богословско училиште има и такви професори кои зборуваат дека бугарскиот народ е припрост и добродушен, но прашање е што произлегува од сето тоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
82. И самиот Мисирков на други места зборува дека бугарското име во Македонија не е резултат на дејноста на Бугарската егзархија, туку реликт од средновековјето, но овде тој секако го има предвид воведувањето на ова име и преку турската администрација.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)