дека (сврз.) - според (предл.)

Со раскинувањето на договорот двете страни се ослободени од своите обврски, освен од обврската за надомест на евентуалната штета (чл. 121, ст.1 од ЗОО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Имено, и според стариот и според новиот закон, се предвидува рок од шест месеци од денот кога работникот стекнал право да го поднесе тоа барање!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Овој полугодишен период е прилично кратко време, ако се знае дека според нашето облигационо право, другите побарувања утврдени со судска одлука застаруваат за десет години!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ако по склучувањето на договорот настапат околности што го отежнуваат исполнувањето на обврската на едната страна или ако поради нив не може да се оствари целта на договорот, а во едниот и во другиот случај во таа мера што е очигледно дека договорот повеќе не им одговара на очекувањата на договорните страни и дека според општото мислење би било несправедливо, да се одржи во сила таков каков што е, страната на која ѝ е отежнато исполнувањето на обврската, односно страната која што поради променетите околности не може да ја оствари целта на договорот може да бара договорот да се раскине.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И потем одбележувам дека упатувањето на „верувањата”, на линија на претходниот аргумент, треба да се сфати како номинална вредност.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Идејата дека според интенционалистичкото толкување може да постои само едно следење на правило или играње игра, природно и непосредно ја сугерира врската со аргументот за приватниот јазик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Гронинг: Пред да се родам татко ми беше илустратор; обично работеше стрипчиња од една табла и еден ден заклучи дека според бројот на продадените квадрати секој што го изработил вреди 35 центи и едноставно прејде во бизнисот со реклами, а подоцна и во филмската индустрија. m Грот: Колкаво влијание имаше тој на твојот интерес за илустрација? !
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
И штабот на Force 266 на 4 јуни 1944 година ја известува мисијата Brasenose дека според она што успеале да го дознаат од “прекинатиот сигнал“ од мисијата Conserve “Апостолски е во Северна Грција“ и дека ситуацијата на партизанските единици е многу лоша бидејќи им недостасувало муниција “и Бугарите постојано ги гонат“, а авионите чекале да добијат локација каде да бидат спуштени пратките.144 На 1 јуни 1944 година безуспешно се обиделе да ја преминат реката Вардар северно од Гевгелија поради нападот на германските единици.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Според добиените одговори можел да заклучи дека според партизаните “не би требало да има проблеми бидејќи границите ќе бидат поставени според слободното гласање на народот. `Слободното гласање` би ги решило сите проблеми и е постојано повторувана тема од македонските партизани.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во неа посебно се истакнувало дека според развојот на ситуацијата на сите фронтови војната во Европа се приближувала кон својот крај.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Уште повеќе, ако би се посматрале како воена сила, партизаните биле побројни, подобро организирани, дисциплинирани и подобро водени отколку четниците“.39 Аналогно на ваквата констатација и на информациите од другите воени мисии при Главните штабови на единиците на НОВ и ПОЈ,40 Маклин во разговорот со Черчил пред одржувањето на Техеранската конференција41 ќе истакне дека според неговите согледувања повоеното уредување на Југославија нема да зависи од Велика Британија42 и без разлика дали партизаните добивале британска помош или не по војната ќе претставуваат одлучувачки фактор и како комунисти по доаѓањето на власт, во Југославија ќе воспостават тоталитарен облик на владеење сличен на советскиот.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во истиот момент му текна дека според старите тоа ќе е добар знак, за разлика од тоа ако стане на лева нога кога денот ќе ти тргне на лошо.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Дефиницијата станува необична како што се перспективите на оптичката спирала. TETE, исто така, зад себе привлекува повеќе импликации: 1. доење, цицање, споменување на цицањето во контекст полн со сексуални алузии мора да го подразбира инцестот, што исто така претставува внатрешно спирално движење. (Во врска со овие теми, интересно е да се напомене дека според француското народно предание, децата се раѓаат од CHOU-FLEUR, односно главата на цветот.) 2.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаеше дека според преданието, вратата на таа соба до трипати смее да се отвори.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оваа транспарентност на практиката претставува предизвик на општо-прифатената идеја дека за да ги има своите сакани ефекти, делувањето на терапијата треба да се чува во тајност, идејата дека ако луѓето знаат што прават терапевтите, тогаш терапијата нема да успее.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Проверувајќи ги овие практики со клиентите, научив дека според нив, вклучувањето на одговорите на терапевтот и на тимот е многу значаен фактор во постигнувањето на промените во нивните животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Секогаш одново треба да се признае пресудноста на интензивниот однос на напнатост кон светот за севкупниот маниристички склоп на изразување.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Затоа никој не може да тврди дека според тоа сите маниристи се “инвертирани”. (...) Треба да се потсетиме на изреката на Оскар Вајлд: “Лошата поезија секогаш произлегува од вистинско чувство”. 240 okno.mk Изолираност Најнапред да утврдиме: двата изворни, основни, тнр. прагестови на човештвото коишто пред сè ги одредуваат уметноста, поезијата и музиката се “природно” или “вештачко”, “класично” или “маниристичко”.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ова е прашањето поставено на овој „виртуелен” симпозиум, првобитно воден електронски помеѓу четворица когнитивни научници: Доналд Перлис, информатичар, се залага за тоа дека според компјутационалистичката теза, виртуелните умови се реални па според тоа Серловиот аргумент со кинеската соба потфрлува, бидејќи ако Серл меморизирал и извршил еден програм кој би можел да го помине Тјуринговиот тест на кинески тој би имал втор, виртуелен ум што разбира кинески за кој тој бил несвесен (како кај повеќекратна личност). 70 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И така, заклучи Камилски, откако ја исцрпи својата потрага во речниците и енциклопедиите, чини (ini) значи кинески, кинески порцелан, порцелан воопшто (шолји, чинии и сл.), додека денеска значи керамичка плочка (за обложување) фајанс, порцелан, од керамички плочки, поплочен, порцуланисан итн.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски го пронајде податокот, кој со нетрпение чекаше да му го пренесе на Татко, дека според бројот на кинеските експонати (10700), Топкапи Сарај се наоѓа на трето место во светот (по пекиншкиот и дрезденскиот музеј).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога од извршителите на државниот удар, според набргу создадената легенда, откако Бургиба бил разбуден, му било речено дека тој повеќе не е Претседател на Републиката и дека според тоа би требало да ја напушти претседателската палата, тој само одмавнал со раката и наводно рекол: - Ова е само невозможен сон.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Имајќи предвид дека според стариот закон еден претставник се избираше кај работодавачот кој има над десет вработени до 250 вработени, двајца претставници до 1,000 вработени и тројца претставници над 1,000 вработени (чл. 46 и 48, ЗЗР), може да се забележи дека со ова, во принцип, работниците во претпријатија со над 100 вработени добија поголем надзор врз безбедноста при работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овој полугодишен период е прилично кратко време, ако се знае дека според нашето облигационо право, другите побарувања утврдени со судска одлука застаруваат за десет години!?
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Неодамна читав дека според некои испитувања е докажано дека просечен CD (компакт диск) се слуша два до четири пати. Тогаш, каде се прецентрирала културата?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Филип Д. од своја страна не пропушти да напомене дека според негово мислење сепак ќе беше подобро недоразбирањата да се расчистуваат овде, на влезот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Татко беше свесен дека според научните сознанија говорните јазици на Балканот беа поделени во три големи семејства: фино-угриското коешто беше претставено со унгарскиот јазик, фамилијата на турско-монголските јазици, во кој доминантен беше турскиот и на крајот сите други јазици кои $ припаѓаат на големата фамилија на индо-европски јазици.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Изворот нагласува дека според она што можел да го забележи од многубројните разговори со југословенските лидери, тие немале "намери да ја бараат Грчка Македонија", дури и нагласил дека "предметот во врска со грчките работи се избегнува во ретките уреднички коментари во југословенскиот печат".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За да го потврди тоа, изворот го цитира извештајот дека партизаните за време на својата демонстрација во Скопје во корист на одењето на Солун биле уапсени и предложени за стрелање.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Па, уште велат дека според начинот на карањето се познаваат луѓето што се сакаат, но јас тоа не можам да го разберам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)