дека (сврз.) - бездруго (мод.)

Газдата беше воодушевен; ми рече дека такво нешто до сега не видел, дека имам извонредна способност за одржување на рамнотежата, и дека бездруго морам да почнам да тренирам мото-акробатика.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Го молев Симона да одиме до гробиштата. Тој велеше дека бездруго ќе одиме, но вистински одлагаше.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Но вие на еден чудесен начин ја поттикнувате мојата размисла во тој правец.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И загледана низ прозорецот кон неколку фрагменти од синото небо кои се појавуваат по бурата, си велам дека бездруго на ист начин сте ги восритале и вашите деца.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Командирот и заменикот на првата чета ги оставија раниците, па сметав дека бездруго ќе се вратат. Тоа беа нечисти раници и празни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бугаринот лежеше покрај грмушката и таму се истури цел рафал, па тој побегна, а јас останав и понатаму на истото место, дрвјата ме покриваа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Бидејќи пиеше многу вода верував дека бездруго ѝ е заболена жолчката.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Кога, одненадеж, одлучија да ја напуштат Земјата на езерата и да станат дефинитивни емигранти на приро­дата, Мајка се посомнева дека бездруго јагулите се сплеткале во браздите на неговиот ум, откако се запозна со стариот Русин.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)