Отсекогаш сум мислела дека љубовта не знае за никаков ред, дека самиот живот е немир и збрка.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Планинското езеро веруваше дека љубовта доаѓа пред да ги измеша април снежните ветришта со твоите румени прсти.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Затоа и велат дека љубовта не гасне.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Не сум сигурен за причините, но таму, во плевната, на љубовта гледав како на опасност, како на бегство од суштинските задачи, како на еден вид предавство.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
А истиот тој разум отворено ми шепотеше дека љубовта може да попричека.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дека геј-мажите сакаат бродвејски мјузикли е, се разбира, клише, стереотип.115 Како што во сопствената книга самиот Џон Клам пишува за гејството на бродвејскиот мјузикл, „Стереотип е дека геј-мажите му се особено посветени на музичкиот театар, односно дека љубовта кон музичкиот театар е знак за гејство“(29).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
- Алчноста ја убива естетиката, мил мој! – вриснуваше Хорацио, речиси прилепен до увото и пијано ме гушка: - Штом жената ќе почувствува дека љубовта замира, обично ја фаќа тревога.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Го изгубив трофејот, а потоа тргнав во потрага по задоволства.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Потоа тргнав да освојам љубов. Не знаев дека љубовта не е трофеј и не се освојува.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
И без неа, и со неа, тој не можеше да сфати дека љубовта, всушност, живее така, во ретките мигови на откровение што не треба да се забораваат.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Секако дека љубовта на мечката била поголема од неговото искушение; ѕверката не се бранела и не оставила на неговата става ни најмала гребаница.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се тетеравел по шумата и ревел со подадени раце кон небото, кон пеколот на тоа небо и кон куциот господар на тој пекол.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
На крајот стана свесен дека љубовта е многу поважна од сѐ.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Очигледно не беше свесна дека љубовта се јавува во различни облици и нијанси.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- И јас мислам дека љубовта и во подоцнежните години си има своја убавина.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Беше свесна дека љубовта е само душевно чувство, но не и храна од која се живее.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
И така, тргнува да весла, без платно, научена дека љубовта нема ама баш никаква врска со гужвањето чаршави, па сама веќе си ги одвоила тие две категории исто како и „појаките“ и олеснета со сознанието дека на наткасната никој нема да ѝ остави банкнота (е тоа е понижувачки!), без прибор за лов и риболов, се фали јавно со уловот.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Аристотел рекол дека љубовта е една душа со две тела.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Синот можеше да го поучи дека љубовта често наоѓа замена.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Единствено сега можам Од денес па за навек цолза да сронам за сѐ во животот што не сум сфатила Ако, некогаш утре ја здогледам пак твојата трага што мирно ме следи прикриена, но драга кутрото твое суштество што не знае за тага нема да забележи дека љубовта наша е веќе остарена Заб бел лежи, го бележи Времето и злото А бремето тежи во ова бремено утро што тебе те раѓа за појасно да видиш – она што вчера било засекогаш во заборав паѓа А она што денес не си те молам биди...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Затоа и велат дека љубовта е слепа.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Жената на која сè уште не ѝ го знаев името, иако Б. С. ми го спомна, забележа дека љубовта не е горчлива додека тоа не го сторат оние што се бават со божемното добронамерно матење и буричкање по лонецот на туѓите чувства.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
-Оние приказни, дека љубовта божем оплеменувала, се обични трици. Храна за говеда и слични ајвани.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Зарем не гледате, зарем не гледате - викаше од подот Самоников - Јана мисли дека љубовта е пијанство.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- Подобро ќе беше да речеш дека љубовта е слепа!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
- За љубовта сешто се зборува - се обиде да посредува Зрновски - И јас најсериозно сметам дека љубовта најмногу ја нагрдуваат токму зборовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Сакав да ја принудам да признае дека љубовта што е спремна да ми ја понуди спаѓа во добро смислените игри.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Само помислив дека љубовта и омразата се близнаци.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Признај, зарем не ми порача дека љубовта е прекрасен оглав кој колку и да нѐ стега со задоволство дозволуваме да нѐ води?
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Животот ме научи дека љубовта е триптих составен од три дела кои градат целина, сакање, почитување и разбирање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Стравот е посилно чувство од надежта, сомнежот ја нагризува свеста зошто луѓето ја изгубија и се отуѓија од верата, а и заборавија дека љубовта е причина за сѐ.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Не се заљубив зошто сакав да се ослободам од осаменоста, туку затоа што имам преголема љубов во ова срце, под овие гради и сакам да ја подарам и претворам во убавина и уживање.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
НЕЧУЈНО ЧЕКОРЕЊЕ СОВРШЕНО ЛЕСНО, ДУРИ И ОВА НЕПОДНОСЛИВО ПОСТОЕЊЕ ДОБИ СВОЈА ФОРМА...
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Париз остана во далечината, но со самото полетување на авионот многу добро знаев дека љубовта што ненадејно ми се случи не ја оставам зад себе.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Доста се намачив јас на тој човек да му објаснам дека љубовта помеѓу двајца е нешто многу силно, дека тоа е нешто што треба да го одржува човек во живот, да му дава сила кога му е најтешко.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)