дека (сврз.) - тетка (имн.)

Мислам дека тетка ти е виновна за сѐ.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Размислував дали да и кажам на Вера дека тетка ми е дојдена и дека е тука и пак ќе не посети.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Еднаш била за Филе, татко му на Саше, па се развеле.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа всушност значи дека тетка ми не сака свадба и одбива да биде повторно омажена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мислам дека еден дел од разговоров со Таша го водевме онаа вечер кога и го предавав решението за пензијата, или за помошта што и беше доделена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас само ќе додадам дека тетка Маца навистина засекогаш остана стара мома...
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Не дека тетка Ана не ја сакам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Овој звук ме потсети на мојата мака, а и се засрамив што таа дури може и да се слушне.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Прво сонував дека тетка ми пеглала и дека пеглата случајно ѝ паднала врз мојот стомак; јас сум се обидувал да ја кренам, но таа никако не се мрдала и само ме гмечела и ме горела.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Полуглува и суетна, не сакаше да си стави апаратче за уши, велејќи дека сите си вообразуваат дека е глува поради тоа што е стара.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Мајка ми исто така ми велеше дека тетка Олга е висока и дека оддава впечаток како да е уште повисока поради тоа што секогаш одела исправено, носела високи потпетици и убаво мирисала, иако ништо на неа не било скапо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетин ми гледаше во чинијата пред себе, а децата молчејќи гледаа во скутовите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тетин ми ги вклучи попладневните вести на телевизија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Ами што правам јас? - тетка ми Марија како попарена срипа од столот и го издува гласно носот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Сигурен бев дека тетка ми два дена готвела - имаше три вида различно месо - телешко, свинско и јагнешко и два вида компири во рерна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Почекав уште некое време дури не го избројав третото пуштање вода од казанчето, со што пресметав дека тетка ми завршила со должностите, па кога вратата се отвори и се затвори по шести пат, почекав неколку минути и во тишината некако се шмугнав во тоалетот, имајќи ја мислата ако можам да се олеснам и да престанам да го чувствувам товарот на мојот заоблен стомак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Уште и на гостин така да му правам! - слушнав само еден тап звук и претпоставив дека тетка ми му удрила една заушка на братучед ми.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)