Но, чеда мили, судбината често ни покажуваше дека среќата не се повикува да дојде тогаш кога сакаш, како и несреќата.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Во сонот, вујко ѝ вели: Сестро мила, ние секогаш верувавме дека среќата ни е сал во заминувањето.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Зарем дури сега, на овие години, треба да ти се објаснува дека среќата е најдолговечна кога човек мижи во занес и дека светот е полн боцки отпаднати од џиш црвени рози?
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Некогаш, пред дваесет години, тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика, а кога стројниците престанаа да идат, нему му беше јасно дека е задоволен, дека среќата го зачувала да не ја омажи ќерка си, да си остане таа со него, да не биде тој за неа втор, и спореден, поткошнат
па макар и во своја куќа, без право да ја повела.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Таа не прифаќаше дека среќата не постои, дека единствената победа лежи во далечната иднина, долго по нивната смрт, дека од моментот кога ќе и објавиш војна на Партијата подобро е да мислиш за себе како за мртовец.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Вечерва, посилно од секогаш, со болка почувствува дека среќата не е надвор, вон оној круг од печати што му ги врезаа во душата оние што ги остави; од кои побегна сурово, лекомислено.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Еднаш негде заедно прочитаа дека среќа било, кога си задоволен и не бараш друго од тоа што го имаш!
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Како е горчлива, како ли удира во срцето, утробата ни се раскинува, душата ни трепери од страв дека среќата не ја заслужуваме.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Е, ти велев дека среќата не знаеш ниту кога, ниту од каде доаѓа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Таа ноќ, како да почувствува дека среќата и радоста се на нејзина страна.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
16. Ете, така, кога мислиш дека среќата е тука покрај тебе, одеднаш таа те напушта и почнува да бега, бега, бега…, среќата станува сѐ повеќе нешто друго – несреќа.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
Ќе ме драсне некогаш, а јас мислам дека среќата со гола рака ме фатила за лице, за срце.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сѐ си мислам дека среќата не може да се обновува. Може само несреќата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сега само верувам дека среќата ми била многу поблиску мене и сакам да ја испитам уште еднаш, тоа е сѐ, што ми останува, и јас еве доаѓам по тебе.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Она на пример не беше в ред кога и реков дека среќата и се насмевнувала повеќепати само затоа зашто некој се потрудил таа среќа да и ја испраќа по темнина, кога жените се здобиваат со додатни убавини пред кои и најдоследните испосници и женомрсци паѓаат на колена.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Дури и сега, додека ги повторувам овие зборови, ми звучат како прифатливи и одмерени иако верувам дека ќе има и такви кои ќе си помислат дека биле неискрени.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Зошто никој не ѝ кажал дека среќата е поројна самоизмама што извира во одаите на витлите бесни?
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А кога си помислив дека среќата престорена рунтаво добиче, може да му пријде на моето кревко стебло на радоста да се издрапа од него и да го скрши, се свртив и панично викнав:
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Тоа едноставно го чувствуваш.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Мислам дека среќата е едно од оние нешта за кои не постои дефиниција.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Знаеше дека среќата треба да ја примамиш со својата внатрешна среќа, дека среќата бара да ѝ постелиш среќа за основа за да долета кај својата стара добра пријателка, внатрешната радост.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Деца како деца: на едни севезден им течат лиги од добрина, други веруваат дека среќата се извлекува со рибарски мрежи од океанот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)