дека (сврз.) - пушка (имн.)

Истрча Толе веднаш на патот и виде дека пушката свршила работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ти така мислиш! - му се вдаде инструкторот. – Ама секогаш да знаеш дека пушката треба да ја чистиш ... да болска од чистота.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ќе помислиш дека пушката треба да е подмачкана и чиста и секогаш готова за стрелање... во човек, нели, готова за убивање...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Треба да го знаете и ова дека пушката се употребува и за борби гради в гради со штик и кундак.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А тоа ќе рече дека пушката - сега веќе тој зборува погласно, подвлекувајќи го секој изречен збор _ значи пушката е рачно огнено оружје за уништување одделни живи цели, ова добро да го запамтите, за уништување живи цели, што ќе рече сѐ што ќе се појави пред ова што сега го држам в раце е цел, велам цел, којa ти, ти и ти и сите вие треба таа цел да ја ... да ја уништите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Што? Зарем не гледаш дека пушките и автоматите ни се стари англиски и германски?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја откочи, ја отвори- имаше што да види:внимателно го повлече затворачот назад за да него исфрли фишекот на земја, но затворачот не само што не извлече фишек туку ефрејторот виде дека пушката на Шишмана е наполно празна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Не знаеше тој ништо за оружјето, но имаше слушано негде дека во војната Италијанците носеле сосем мали, кратки пушки, па заклучи дека пушката што ја пронајде е италијанска.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Другар Претседателе, тој самиот рече дека пушката е добра.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Сакам и Онисифор Проказник да дојде со мене.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Ќе дојдам кога ќе докажеш дека пушката ја зел Онисифор Мечкојад.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Дури кога се врати на сламата, ранетиот забележа дека пушката му е тука, потпрена на камениот нерамен ѕид.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ранетите и целото бегалско население да ги прифати Варшава, Прага, Будимпешта и Букурешт, а способните, тие за кои беше јавено дека пушката ја држат покрај нога – ги прифати Москва и ги одведе што подалеку од Европа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)