дека (сврз.) - постоење (имн.)

Бидејќи некој, сосем на место, може истовремено да ги застапува следниве две тврдења: дека смислата, во крајна линија, се пренесува по пат на договор, па според тоа, е функција на, или е конституирана преку употребата, и дека она што го конституира сфаќањето на изразот од страна на говорникот е токму свесноста за образецот на така заснованата употреба.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Навистина, тешко е да се согледа зошто би требало да се мисли дека постоењето на способноста за разбирање на некој израз на начинот опишан во рамките на интенционалистичкото објаснување би требало да го повлекува, или дури само да го допушта, гледиштето дека едно правило не мора да биде обичај.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Други пак, напротив, може да гледаат на работита сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Исто како што може да се покаже дека темите на недостижноста и сексуалната фрустрација биле пресудни за концепцијата и создавањето на “Етан доне..” -елементи за кои знаеме дека се одраз на приватниот живот на уметникот - не е ли исто така можно сознанието дека постоењето на ова дете извршило влијание врз почетните идеи за темата и изгледот на “Големото стакло”, кое покрај другото е започнато во 1912 година, една година по раѓањето на ова девојче?
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кутијата, пред моите возбудени зеници, полека и неумесно се смали, во обид да ме увери дека постоењето на програмата е чиста измислица.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Уште со првите проблесоци на свеста кај детето започнува едно тегобно чувство за времето, како нејасно претчувство дека постоењето е составено од зрна песок кои ги развева ветерот, и дека единствено она чувство за себе, за Јас, нѐ држи навидум целосни, сѐ додека не биде одвеано и последното зрнце песок, тој последен остаток од животот, со кое и Јас ќе згасне, а зад нас ќе остане само ветерот на времето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ветерот повремено толку силно бие што не ги носи само зрната песок, туку отцепува парчиња и од самото Јас, па тоа Јас се чувствува немоќно, му се чини дека ветерот ќе го понесе и него заедно со песокта, ќе го згасне уште пред да бидат одвеани сите зрнца песок кои му биле доделени за до смртта, и тогаш Јас бара некое друго Јас, некои други Јас, со кои ќе се движи заедно додека околу нив беснее ветерот на времето; има потреба од тие други Јас не како поткрепа за преживување во материјата, туку како поткрепа за преживување на она најсуштественото од тоа Јас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Не се ли сите тие бесмислени постапки, намери и искази, последица на тоа што лудите сфатиле дека постоењето, сеедно дали разумно или неразумно, е бесмислено, и се разликува само во начинот на кој се изразува?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И решиле таа бесмисленост да ја живеат на неразумен начин наречен лудило?,“ го праша Клара.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)