Козарот со своето поведение и страв покажуваше дека надежта е инстинкт што може да ја убие само мислата.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Таа и сега веруваше дека надеж секогаш има, само треба да ѝ се пронајде адресата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Сега, најден крај оваа река без бранови што тече кон одреден крај, потсетувајќи на можниот крај на животот, но со извишеното Кале за да потсетува дека надежта постои, татко ми со вообичаеното вкрстување на прстите кога имаше нешто значајно да ни каже, тивко започна: – Чеда мои, минаа три дни без Чанга и без козите.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Ах, таа насмевка, знаев дека надеж крие, дека, телото не е мртво, ами спие...
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Но помошта од нивните вештини никаде не се гледаше.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)