дека (сврз.) - машина (имн.)

Имав среќа со инженерот кој добро ја контролираше работата и кој, и кога ќе се појавеше некој застој заради големо дрво, или карпа, ме тераше да не гледам на тоа како на голем проблем, дека машината и неговите луѓе тоа ќе го совладаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој сфати дека машината ги чекаше инструкциите за видот на цигарите што се бараа и го притисна копчето што се наоѓаше пред назнаката за видот на цигарите што сакаше да ги добие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Почнав вистински да се сомневам дека машината се претвора во чорапоголтач и дека таму некаде, внатре во неа, до каде што ми стига мојот женски пилешки мозок, околу познавањето на мотористика (ако така се вика науката за чистење сифони, одвод под када, казанче што капе и машина што рипа како да видела дух на секое центрифугирање), постои нешто што сака силно да ме изнервира.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)