Во сето тоа потсвесно сфатив дека мама и тато се отидени на работа и нема кој да ми помогне.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Како и да е, ми се чинеше дека мама е некако повистинито присутна.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
А мама ја поттикнуваше да посака... ете, што било, велејќи ѝ дека мама ќе ѝ зготви на својата мала принцеза сè што таа ќе замисли во тоа свое бушаво главче.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Јас ја тешев, убедувајќи ја дека мама и тато воопшто не се паничат во вакви случаи, а таа вознемирено шеташе горе-долу и беше многу загрижена.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас седнував покрај неа, таа ќе ми дадеше варен компир или парче леб со путер и, додека работеше, додека џвакав, чекав брат ми да дојде во кујната – знаев дека веќе е буден и ги повторува лекциите што ги имаше учено претходниот ден.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Јас знам дека мама ме мрази затоа што ме сака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Знаев дека мама е таму - го палеше огништето, шиеше или приготвуваше јадење, а татко веќе беше во продавницата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
А кога ми ги кажува оние зборови, јас повеќе и не ја слушам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Оди сега, прибери се и учи...“ рече мама, стана од столот, ја вклучи пеглата и продолжи да ја пегла кошулата на тато.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Сигурен сум дека мама вечерта кога заспав сè му раскажала на тато, зашто тој ништо не ја запраша и наутро без мама си замина на работа.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)