Треба да се напомене дека борбите никогаш не се преместуваат зад рабовите на спорните територии.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Итриот Хилми-паша и на таков начин сакал да ги „потсети“ европските дипломати дека борбата што се води во Македонија и „анархистичките“ акции „биле“ диригирани од Бугарија.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
ОБИДИТЕ НА АДМИНИСТРАЦИЈАТА НА САД ЗА ОБЕДИНУВАЊЕ НА АМЕРИКАНЦИТЕ ОД СЛОВЕНСКО ПОТЕКЛО
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
И покрај скудноста на информациите, американската јавност сепак можела да добие слика за она што се случувало на територијата на Македонија и да се увери дека борбата ја воделе НО војска и партизанските одреди на Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но да прецизирам: ова прашање што јас си го поставувам себеси, а не ви го поставувам вам, вие бездруго сте доволно зафатен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Телевизијата, радиото и пишуваните медиуми даваат с помалку информации за Македонија, бездруго тоа е знак дека борбите престанале... (или речиси)?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
А боите меки, нежни, влажни во првата вечерна роса, не те одвлекуваат од свеста дека во животот сепак има надежи и дека борбата е неизбежна само заради животот.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Одвреме навреме и ветрот донесува засилен пукот, по кој дознавме дека борбата сѐ уште се води.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Јас знаев дека борбата на Добрата Душичка против бесмислата со помош на најбесмисленото нешто – разговорот со празното - значеше да ѝ се даде смисла на бесмислата; светот отсекогаш бил полн со луѓе кои се гледаат очи в очи и водат празни разговори.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Кога ја среќавав Клара, чувствував дека животот може да има смисла.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)