дека (сврз.) - ние (зам.)

Возвишеното одушевување за коешто све­дочи таа слика вооп­што не губи ништо со фактот дека ние сега знаеме на кој начин тие настани биле манипулирани (во крајна ли­нија, тие имаа врска со ударот на тајната комунистичка по­ лиција, Секуритате, против са­ма­та себе, против својот сопствен означител; т.е. стариот апарат пре­ живеа менувајќи ја својата сим­бо­личка обле­ка): за нас како и за најголемиот дел од учесниците, се­то тоа стана видливо дури на­кнадно, но она навистина важно во тоа е што масите во Букурешт ја „доживуваа“ таа ситуација „отворена“, дека учествуваа во единствена меѓусостојба на премин од еден дискурс (на општествени врски) во друг, кога за еден краток, минлив час, стана видлива празнината во големиот Друг, во симболичкиот поредок.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Дикинсон е заинтересиран за оние ‘поп“ подрачја што обелоденуваат појави на масовни невротични состојби.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Така на пример за „Satanic Ritual Abuse“ („Злоставување со сатанистички ритуали“) - коешто во Rod Dickinson: „Анатомија на небеско Британија после една подолга расправа во суштество“, масло на ленено платно, Парламентот со еден декрет на Владата е 213х213 см, 1993 прогласено за „непостоечко“ - Дикинсон вели: „Импликациите се или дека станува збор за заташкување од страна на Владата, или пак дека Владата е во право и дека ние се соочуваме со масовна хистерија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А, сега, што? Сега можам само да се држам за пенисот во растегнатите стари пантолони и, место на повеста, да мислам прескакулица на сѐ и на сешто, но на ништо стамно, да мислам на Тери-Трајан, мојот пријател од детството, кој овие сега износени, но и тогаш подносени пантолони, ми ги даде во Гери, Индијана, при една моја посета таму, мислејќи дека ние на Балканот сè уште немаме асално да се облечеме.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ако не го вратиме шимпанзото во зоолошката, светот ќе помисли дека ние не сме кадарни ни за чување животни, а камоли за зачувување на сопствената раса.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Како да очекуваше дека ние треба да знаеме!
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш му објаснивме дека ние девет девојчиња сме Македончиња, а само една од нас е грче.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Слободно можам да кажам дека ние бевме третирани исто како и унгарските ученици, кои си плаќаа за нивниот престој.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Меѓутоа, јас и ветив на мајка ми дека ние двете ќе напишеме книга, новела, па макар и расказ, заедно.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Тогаш и објаснивме на нени (тетка) Илонка дека ние сме Македончиња, односно Македонци.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Илонка кога разбра дека ние сме на екскурзија околу Балатон, во Замарди, каде што живееше, не чекаше на кејот и цел клас не однесе дома кај неа за да не почести со колачиња...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
„Тој тоа сериозно?” - се насмеа Пол, -Зарем навистина мисли дека ние веруваме во тоа?
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пол на крај рече добро, ќе дојдеме и откако Бил отиде, сите почнаа да размислуваат за Западната реторика - воопшто не бевме навикнати на таков пристап.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Овие се виртуелни реалности.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Она што ги прави кантата за ѓубре и работната маса различни од цртаните филмови и фотографиите на ТВ е тоа дека ние можеме да стапиме во интеракција со нив како што стапуваме со металната канта за ѓубре и дрвените бироа.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Но овој есеј се обидува да укаже на една уште подлабока последица од ова сакрализирање на библиотеката - имено на фактот дека ние, пред сѐ, се идентификуваме себе си преку оваа сакрализирана културална мемориска банка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тој мошне уверливо го образложува своето стојалиште, а нашата студија покажува дека ние во ниеден случај не би ја оспориле креативноста на семиотичкото читање на Бартелмиевата проза.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Момчето мокреше на ѕидот, но девојката цело време го држеше под рака и не го пушташе.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Обично, во секој шпионски филм има многу елементи на насилство, а ние сето тоа го избегнавме.” •Како дојдовте до идеја да го снимите оној долг кадар со камерата во движење за славната љубовна сцена на балконот? •Хичкок: „Чувствував дека љубовниците мора да останат во прегратка, дека ние мораме да им се придружиме.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Вистина е дека ние во почетокот го врзавме Васе, но тој веднаш нѐ замоли да го одврземе бидејќи ни изјави дека вас од денеска не ве признава, не сака повеќе да се дружи со вас, ниту пак името да ви го чуе...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Што дека ние си бевме скиснати. Тие победија.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама кога условите ќе созреат, ќе ве известам“ рече, со некакво омаловажување не погледна и си замина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Во овој момент не сте способни да ве вклучам.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Масада 73 Света трпеза пред пештерите во камењарот над Мртвото Море послана со ленени простирки и со безброј земјени паници полни со плодови риби вино и исушен леб И птици поседнати на трпезата и исушени костури на востаници и мајки деца старци наоколу кои опколени од римските легиони немале друг избор освен до последниот да изумрат но да не се предадат
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Нè учеа На Здравко Ќорвезироски Нè учеа дека светлината е првата песна што е испеана и дека ние, луѓето, сме првите што сме ја чуле неа.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
И врз трпезата на плоча запишано: Легии, добродојдовте на трпезава што ја оставивме да ви појасни дека ние не умревме ниту за вода ниту за леб туку поради Честа што се обидовте да ѝ ја одземете на татковината ни... Sacra populi lingua est
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Му пречеше поради нешто сенката што ја фрлаше свешникот, го изгасна и се определи за светлината на зборовите: на нивната светлина неговата сенка веќе исчезнуваше.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Вие добро знаете дека ние постојано велиме дека ги пренесе сиџилите од Битола во Скопје, што е послабо од - ги повлече, како што е напишано во предлогот за одликување.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега почнуваме да согледуваме дека ние самите во природата сме го проектирале тој математички поредок и дека природните закони не сме ги откриле туку Margina #26-28 [1995] | okno.mk 93 во најдобар случај одново сме ги откриле.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Ние сметаме дека светот всушност е хаотичен и дека ние не откриваме никакви скриени поредоци туку најпрво ги проектираме во светот а потоа ги “ловиме” од тој свет заборавајќи при тоа дека тоа се наши проекции.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
За едно нешто сум сигурен. Ќе биде грешка ако тој дознае дека ние му ја знаеме тајната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дека ние сме заслужните за нејзиното воведување па затоа и нам треба да ни припаднат привилегиите што доаѓаат со нејзиното постоење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И сето тое се оправдуваше со оној познат став дека ние сме повиканите што ќе го создаваат поинаквиот, нов свет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Однесувањето на луѓето во случајот со Кошевски а потоа и во мојот случај ми помогна да сфатам дека многумина од нас, борците, кои бевме спремни да си ги дадеме и животите за оваа слобода, сметаа а и уште сметаат дека ние сме авторите и создателите на праведноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури и пеевме некои чудни зборови: /Еј, запрегниме ракајте потни / нови луѓе да градиме.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Велам дека ние се бориме за слободата на Македонија, Кате, а нема да ја дочекаме.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Еднаш јас ќе дојдам до последното оружје, полковникот ќе ја донесе актовката со шифри, знам дека ќе може, и тогаш светот ќе сфати дека ние сме богови, кои посакаа повторно да останат сами.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Границите, налик на нивната бодликава жица, се глупави. Осаменоста бара нешто поголемо.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Мислев дека ние децата прилегаме на возрасните но сѐ почесто се уверував дека повеќе тие се деца.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Лани дојдоа Италијанци и рекоа дека местото е нивно и дека ние Албанците на украдено место градиме куќи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тој некој си пресече така, како што мислеше, како што му беше намерата. Што дека ние многу сакавме, кога ич не мислевме, а оставивме други да мислат за нас?....
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Многу мечтаевме, а уште повеќе сакавме да веруваме и верувавме дека ние ќе бидеме победниците.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во еден момент Ели ја здогледа Вера и како да се исплаши дека ние заминавме, а таа остана, свика: - Мамо.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
„Тоа значи дека ние одново можеме да бидеме заедно,“ реков.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Тоа значи дека си заминувам од Виена,“ рече Рајнер.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Овој површен поглед врз историјата на Македонија ми се чини не само што покажува дека ние Македонците си имаме своја историја и дека сме народ чии судбини се развивале во врска со судбините на другите соседни нам народи, но и дека има во нашата историја многу самобитно и своеобразно, како што е, да речеме, самостојната Охридска архиепископија со нејзиното работење полето на народното просветување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но штом ќе ја поминеме границата на Македонија, или на југ или на североисток или на север, т.е. во Грција, Бугарија, Србија, наеднаш ќе почувствуваме оти на нас дува веќе друг ветер; ќе почувствуваме дека ние таму сме само неканети гости.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Првото нешто што може да се рече тоа е дека ние не сега се одделуваме од Бугарија и со тоа раздробуваме едно создадено цело, туку сме одделни и живееме веќе одделно повеќе од 25 години.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Грците, Бугарите, Србите сите заедно нѐ уверуваат нас дека ние сите сме само од нивната народност и оти нашиот спас е само во соединувањето на цела Македонија, или барем на еден голем дел од неа, кон нивната држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да не си изработиме свое, македонско гледиште за нашата народност, убедливо и справедливо за сите Македонци, значи дека ние не сме во состојба самостојно, без туѓо влијание, да се изучуваме самите себеси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Интелектуалците феминист(к)и кои сакаат да ја критикуваат маскулинистичката идеологија, и притоа да ја користат деконструкцијата, мораат или (1) да подразбираат нешто okno.mk | Margina #1 [1994] 31 ново со “идеологија”; (2) или да ја раздвојат деконструкцијата од антирепрезентационализмот, од одрекувањето дека ние можеме да одговориме на прашањето „дали го конструирав објектот валидно (како спротивно, на пример, на корисно за феминистички цели)?“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Постојано ми велеше дека ние во градот немаме улици за возење на велосипеди.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Заборави ли дека ние со татка му сме први непријатели?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Токму затоа Витгенштајн вели дека ние не можеме вистински да зборуваме за светот туку само да „посочуваме“.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Може да им се помогне, со артикулирање на еден гест на волја дека ние, заедно, а сепак индивидуално, ќе создадеме позитивен став кон економската активност.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
И сам знае дека е така најдобро, и знае дека и сите други си мислат дека е најдобро Лазор да направи така сам како што вели, да го отепа Хаџи Ташку среде Прилеп и среде бел ден, но зашто не сака да го жртвува Лазора вели Властите можат да си помислат дека ние сме те испратиле да го отепаш, сме ти платиле за да го отепаш, па пак ќе се свртат против нас.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш зошто велите дека ние ве пцуеме и дека не одговараме на вашите факти?
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Вие ни набројувате факти со кои ги обвинувате Бугарите и нивната егзархија за тоа дека се служеле со шпијунства и иквизиции за да ги побугарчат несреќните Срби во Турција и велите дека ние не ви одговараме на фактите туку ве пцуеме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Не знаеше дека ние имаме свои судови, му вели војводата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Признај, не мислеше дека ние од отпорот сме толку инфилтрирани во блиската околина на Стојанчо!
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Илузии дека ние такви - какви што сме заслужуваме нешто подобро, си помисли Филип, поранешен адвокат и наскоро поранешен советник на претседателот на државата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Павле рече дека ние сме денес на вестите. Александар климна со главата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
- Мислам дека ние тројцата би требало да побараме барем малку да не ослободат од должностите во Секретаријатот.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Тогаш, започнува да ни се привидува дека ние господариме со сето, што е надвор од нас.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Но поентата овде е дека ние не ги препознаваме објектите како лингвистички животни, едноставно именувајќи ги, туку како животни со тела.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Поточно би било да се каже дека ние ги гледаме теоријата на шемите и когнитивната наука во еволутивен процес како одговор на критиките за ограниченоста на нашето досегашно разбирање на умот и личноста. превод: Георги Стојанов okno.mk | Margina #3 [1994] 85 Journal of Experimental & Theoretical Artificial Inteligence vol. 4. num. 4. Oct-Dec 1992. PATRICK J. HAYES, KENETH M. FORD и JACK R. ADAMS-WEBBER Човечко размислување за вештачката интелигенција Апстракт.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Да ја разгледаме идејата дека ние не сме способни потполно да ја совладаме неорганската хемија бидејќи сме направени од органски соединенија; или дека никогаш во потполност нема да го сфатиме „зеленото” бидејќи нашите крвни зрнца се црвени.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во исклучително занесно расположение, кога го допиваше по трет пат залиениот шампањ, му се обрати на домаќинот Сотир Паскали: Астрономе мој, морам да ти речам дека конечно утврдив дека ние имаме сродни души.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вистина е дека ние не видовме на Балканот многу аир од минатото, но овде историјата беше најнемилосрдна на континентот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И јас се плашам, ако го започнеме непромислениот лов на османскотурски заемки, дека ние ќе ги осиромашиме нашите јазици и, не дај Боже, ќе ја загрозиме нивната иднина...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Погледот го упати кон тврдината Кале, размислуваше неколку мига и потем со извишен, патетичен глас му се обрати на Татко: Понекогаш мислам дека ние го губиме краткото време што ни останува до крајот на нашите животи...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сега разбрав каде целиш. Сакаш да речеш дека ние сме балкански Бувар и Пекуше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Епилог Во животите на Татко и Климент Камилски остана засекогаш нешто необично мистериозно и незавршено.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко во разговорите со Камилски најчесто ја застапуваше тезата дека јазикот конечно е во нас и дека ние сме самите јазикот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ти знајш дека ние имаме дуќани и во Грција.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Општо земено, филозофската дијагноза покажува дека плуралитетот со право претставува суштинска одредба на Постмодерната и дека ние денес живееме во преодна фаза.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сите му верувавме!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бездруго, беше свесен дека ние стапувавме во новиот круг на јаничарството, ја менувавме земјата, н очекуваше ново владеење, прилагодување на нашите животи во новите времиња, далеку од семејното огниште, каде што остана Баба со отворената врата, затворена од границата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој беше нашиот татко кој не забележуваше дека ние околу него, синовите на егзилот, израснувавме, со свои животи и визии.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
ВТОРАТА ЖЕНА: Не мислиш ли дека ние децата бевме тие цветови кои ни криви ни должни беа одгледувани во твојата темна соба.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И себеси се обожуваше. Можеби затоа живееше речиси сто години.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
И таа и тетка ти го бранат дедо ти кога го напаѓам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ми кажуваше дека има Господ и дека тој нè гледа, а и мајка ми дека ме гледа, но дека ние не можеме да ги видиме. Оттогаш почнав да си фантазирам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Сметам дека ние сме ги одбрале родителите, токму такви какви што се, за да можеме најдобро да се реинкарнираме на нивото на нашето сегашно искуство.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Веќе ништо не ми беше мило и барав да си заминам што побргу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
ТРЕТАТА ЖЕНА: Јас верувам дека ние си ги бираме родителите.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Еден ден го прашував татко ми за мајка ми и тој ми раскажа дека ние сме дошле од Чемерика во Крњево, јас тука сум се родила, мајка ми била вистинска Крњевка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Ти си петно што мора да биде исчистено. Зарем не ти реков пред малку дека ние се разликуваме од прогонителите од минатото?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„ Јас мислев дека ние отсекогаш сме војувале со Евразија“, рече незаинтересирано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Таа беше убедена дека ние потекнуваме од фамилијата Кавалиоти со која го поврзуваше педагогот Теодор кој работел во Академијата кога нејзин ректор бил Севаст Леонтиади.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Клима со главата горе-долу и јас гледам дека ништо не се сменило преку ноќта и дека ние сме истите стари пријатели спремни да го изедеме својот појадок.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Не велам јас дека ние бевме непријатели, скарани или така нешто.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се покажа, најпосле, дека ние никогаш не сме се соединиле во целост со Борко, нашето соединување било само моја илузија на соединување.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ми се стори дури дека ние со тебе разменивме еден поглед, како некогаш, многу одамна што се погледнувавме.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ако ние некогаш... па, и врескаме еден на друг, тоа не значи дека ние не сме среќни.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Научниците и технолозите се стремат кон заблудата дека ние го разбираме Идејата за дрогирање светот околу нас, освен некои проблемчиња со виртуалната стварност што сѐ уште не се разјаснети.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Се чини дека ние многу повеќе сме опседнати со политиката?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ах, Љуба, зарем не разбираш дека ние се наоѓаме во смртна,...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
И овие му веруваа, како што му веруваа и витолишчанци на Бина кога им зборуваше дека ние сме вистински Бугари и со занес ја слушаа стихотворбата: Б'лгарин с'м, туј го казвам Пред когото и да штеш, Име родно не отказвам И сега и за напреш ...
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Или мислата според која сиромашните ни даваат многу повеќе отколку што мислиме дека ние им даваме.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка му велеше на упорниот брат дека ние ќе си останеме без целосно семејно стебло поради проклетството на границите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Точно е дека ние не можеме да се ослободиме, во текот на нивното формирање, од нормите на нашите европски институции.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Оценките се дека ние, во Европа, го имаме најголемиот извор на бистра, питка вода, која, во иднина, сѐ помалку ќе ја има во светот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Размислував интензивно додека ги следев забрзаните чекори на иследникот додека го правеше оној полукруг низ собата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Спорот се состоеше во тоа, дека ние петмината соработници тврдевме дека задачата не ни била воопшто пренесена бидејќи се загубила негде во плиткото сеќавање на одговорниот уредник, а тој ја критикуваше нашата неодговорност, дека како поединци смислено го уриваме неговиот авторитет и правиме такви прекршоци што ја компромитираат неговата способност и одговорност на раководител.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Па сепак кога се свртувам назад веднаш знам дека ние со Милошевски бевме соседи во родниот град.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Катерина изгледа сепак со право забележа дека ние веќе подолго време имаме зборно место и дека таа не гледа никаква опасност од загубување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ваквото нејзино однесување во најмала рака ми се чинеше чудно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во идниот момент го чувствував веќе телото на Катерина до своето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во секој случај моето неочекувано признание Катерина го сфати како покана да легне покрај мене. (Чувствувам потреба веднаш да објаснам дека ние не ги употребувавме зборовите за да изразиме приврзаност еден кон друг; користевме други средства).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И, се разбира, да го корегираме, ако е потребно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Всушност помислував на прекорот во кој на индиректен начин е содржан и советот дека ние сме должни да го преиспитуваме нашето однесување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во потсетникот на едно од среќавањата на пример стои дека ние двајцата имаме зборувано за братовчедот Благоја, за тетка Боса Сотирова, за Панарџиевите од Горно Маало.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ме измачуваше впечатокот дека ние, службениците, рано наутро и немаме друга грижа покрај напорот да го сотреме бурекот од нашите чинии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Цитира дури и една нејзина мисла: Ана вели дека ние, луѓето, кога веќе имаме храброст да го доживееме убавото во љубовта, треба да имаме храброст да се соочиме и со нејзините грди страни!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Војникот ме врати кај офицерот и, откако му рече нешто, оној што зборуваше нашински ми пренесе: - Господинот офицер вели дека ние ќе ги закопаме, а ти да ја земеш маската што пасе онаму и да одиш на чешма да ги наполниш бурињата со вода, товари ги на маската и терај горе, на ридот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ни рекоа дека наскоро ќе почнеме и да пишваме и дека на секј ќе ни дадат по половина молив и по една тетратка.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Овие што ги носиме сега.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А знаеш, дедо Пандо, тие цело време си мислеа дека ние таму, во државите, учиме.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Е, стасавме горе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Не издржав и на нашински му реков. – Сине, човекот загина за патридата, а ти...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Мислите дека ние, поголемите, заспавме?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Го слушав неговиот глас: И нивниот корен да се искорени, синко Кире, и нивниот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Затоа, Нумо, велам, дека ние не сме биле наивни. Само не сме имале ум.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ни рече такви како нас, орли, соколи, кажуваше и некои други имиња на пилци, сме само за на фронт, дека ние сме дораснале да ги замениме нашите татковци и браќа што останаа на Грамос и на Вичо, ама имал добиено строга наредба да не не враќа иако тој со големо задоволство би извршил уште една голема задача спрема револуцијата праќајќи не нас на боиштата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И знаеш, дедо Пандо, кога, така потпрен на автоматот во влажната земјанка, одново го гледав сето она што го видов и го доживеав во Оровник, сфатив дека сум сирак.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Квечерината ме пуштија... Жената замолкна. Пандо слушна воздишки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Или поточно нашите постапки заскитуваат од еден кај друг и тоа во различни времиња. Нели тоа не е можно?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Инаку точно е она дека ние, луѓето, сме како цвеќињата на дедо ти.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А и за она другоно, што нема да ни го покаже, не нè остава самите да претпоставуваме, туку ќе ни одреди што да мислиме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се плашам и да помислам дека ние, луѓето, одвреме навреме се повторуваме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Произлегува, според тебе, дека ние сме слепци.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А пред тоа сите не уверуваа дека ние бевме оние кои се борат за правда, за разум, за Царот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дека некој нѐ води за рака и ни го покажува она што треба да го видиме?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Слично, Кант прави разлика помеѓу самото нешто (Ding an sich) и феноменалниот 78 Margina #11-12 [1994] | okno.mk свет велејќи дека, никогаш не сме во состојба да го спознаеме првото, па затоа вториот би требало да го прифатиме како реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сепак, постои И трета можност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Карактеристичен белег на модерната ера е убеденоста дека ние не можеме да ја спознаеме самата реалност.23 Додека кај теоретичарите од Средниот век беше прифатено дека можеме да имаме и дека имаме контакт со реалноста или барем со еден дел од неа, модернистите често мислат дека ние сме во допир само со нејзините претстави (representations).
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дали таа содржи какво и да е експериментално расудување за фактичките прашања и постоењето? Не.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Ав ав, Шарко!(тука некако се спомнува Маркс, капитализмот, Кракатау и Каљостро пеат една песничка, зборуваат за фантомот на слободата, небулози...)
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Оваа тенденција кон она што може да се нарече репрезентационализам е типична и за Дерида во неговото прочуено тврдење дека “не постои ништо вон текстот”.24 Не правејќи разлика помеѓу знакот и означеното, она што тој го пишува не се однесува на нештата вон текстот или јазикот туку само за самиот текст и јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лок се откажува од поимот за супстанција, Беркли ја отфрла материјата, а Кант смета дека ние никогаш не го гледаме светот каков што „навистина“ е.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Така Беркли, како и Лок и Хјум, смета дека ние можеме да ги спознаеме само нашите перцепции, но прифаќајќи ги нив како самата реалност.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Бидејќи Деридините деконструктивни процедури се полабави одошто оние типично модернистички, и бидејќи тој не става нагласок на доаѓањето до заеднички заклучоци, местото на индивидуализмот во неговата теорија е позначајно.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Кракатау:Што не значи дека ние треба да бидеме несреќни овде вечерва, зарем не? okno.mk | Margina #11-12 [1994] 143
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Друга можност е дека ние се обидуваме да исчитаме длабокоумно значење од ситуацијата; исто како што некои се обидоа да исчитаат длабокоумно или дури мистично значење од претпоследниот став на Tractatus-от.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Каљостро: Дај друга тема, Ајван, нешто поидилично, за чисти раце, рокенрол, или маусдонецот што си пее фолки, без да биде монета за поткусурување...
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Останатите модернисти исто така сакаат да ги идентификуваат и да ги стават под прашање нашите најосновни претпоставки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некои други модернисти навистина тврдат дека ние ја спознаваме реалноста, но неа ја определуваат како нешто што конвенционално е согледано како само нејзина претстава.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Декарт смета дека ние ги спознаваме само нашите идеи, или ментални слики, и дека затоа имаме потреба од процедури што би ја верификувале нивната соодветност со нештата во светот.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Интересно е што сличната изјава на Витгенштајн беше ретко толкувана на овој начин.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Модернизмот е исто кака антропоцентричен.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Лок смета - што се однесува до секундарните квалитети - ние ги осеќаме нашите осети дека ги спознаваме само секундарните квалитети - т.е дека ние ги осеќаме само нашите осети.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Да ве информирам дека ние сме опфатени со Европскиот проект за следење на здравствената состојба на учениците и подобрување на средината во која учиме и живееме...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Веднаш да ви речеме дека ние сме беспомошни и засрамени, затоа што и во печатот сме наречени - најнечист град во земјата!!! Можеби сте прочитале?
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Тој со особено задоволство нè прими и рече дека ние сме први млади екологисти кои дошле со него да разговараат за вакви сериозни проблеми - како што е здрава вода за пиење и чиста работна средина.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Дедо секогаш своето кажување за границата го почнуваше со вистината дека ние сме ти биле народ-граница.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Судбината сакаше првин да му се восхитувам на пријателот, при што се обидувам да му бидам достоен ученик, а потоа да ја имам среќата да дознаам (на 10 марt) дека ние двајцата ќе споделиме иста дипломатска кариера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веста ми дојде како гром од ведро небо.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Писателот Робер Мале беше во право кога велеше дека ние Балканците тешко ќе најдеме место во францускиот читателски простор, опфатен со јазикот и стилот на Пруст, Ками, Јурсенар.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Не пишува за што е ангажирана. (Го фрла весникот.) Знаеш ли ти, Симоне, дека ние во XX век живееме најдобро од сите милијарди луѓе што живееле пред нас.
„Одбрани драми“ од Горан Стефановски (2008)
Исто така, тој сметал дека „Балканот мора да ја сфати глобалната смисла на оваа војна, а тоа е дека ние мораме да создадеме слободен свет во кооперација со трите големи сили во слободниот свет – Русија, Велика Британија и САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но на 26 февруари 1941 година СО2 добила информација дека шефот на бугарската фабрика за тутун, кој му бил пријател на Михајлов, истакнал дека Михајлов во тој момент бил во Рим каде што соработувал со силите на Оската и покрај тоа што тој не го сакал тоа.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во неа се истакнува дека „е одлучено дека ние би требало да ги подмитиме протогеровистичките елементи, но под два услова: никому да не му се открие фактот дека средствата за подмитување доаѓаат од страна на Владата на Нејзиното Височество, освен на примачот и и дека нема да прифатиме политички обврски“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Обичните луѓе на балканските народи сакаат ослободување од коруптивните домашни владеачки класи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Дипломатскиот претставник на САД во Швајцарија, Хју Р. Вилсон (Hugh R. Wilson) напишал дека „Женева е толку полна со претставници на малцинства и на поробени делови, сите настојуваат да го предизвикаат вниманието на една или на друга влада, така што јас сметам дека е препорачливо да се игра крајно сигурно во однос на секој од нив и да не им се дава можност да сметаат дека ние им даваме ним каква било помош или поддршка“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Зошто, бре, не си му рекол дека ние се бориме за национална независност на Грција и против англоамериканскиот империјализам, а?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И да не забораваме дека ние се бориме за „збратимување....“
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И уште вели дека ние нема да победиме ако не ни помогне Русија или ако не почне третата светска војна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Така ли? - праша астиномот. - А знаеш ли ти дека ние сѐ знаеме за тебе?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Значи на непријателот да му се одземе иницијативата да се вдаде во јуриш и да ги гони нашите единици, а да се добие впечаток дека ние одиме во јуриш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Прошета тој по костурските и некои лерински села и изнаприкажа приказни за тоа дека ние сме биле Бугари, та затоа треба да си го браниме нашето бугараштво.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Дерида го претпочита терминот “регулирана трансформација” наместо преведување, бидејќи тој смета дека ние никогаш не ќе имаме транспорт на чисти означени од еден јазик на друг: Разликата никогаш не е чиста, ниту пак такво е преведувањето, и наместо поимот за преведување ние треба да го супституираме поимот за трансформација: една регулирана трнсформација на еден јазик со друг, на еден текст со друг.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Кога Салвадор Дали доаѓаше тука во шеесетите, тој мислеше дека ние ги правевме работите што тој веќе ги направил.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Дерида исто така постави како хипотеза дека таквото мислење е невозможно денес, во ова доба, но тој сугерира дека ние можеме да го започнеме мислењето на маргините на метафизичкото категоријално мислење и спекулативно да ги следиме заобиколните патишта на јазикот наместо главната насока за која е постигната согласност.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Набргу мина на главната тема: - Утрово ми рековте, морам да признаам тоа силно ме вознемири, дека ние сме го убиле природниот Бог во душите на луѓето и на негово место сме го поставиле партискиот Бог?!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Историјата покажа дека не бил во право.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тимоти Лири РАЗГОВОР СО ВИЛИЈАМ ГИБСОН ТЛ: Кога би можел да го ставиш Неуроромансер во една реченица, како би го опишал? ВГ: Она што за мене е најважно е дека во него станува збор за сегашноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Викторијанските академци евидентно одлучија дека ние сме суштества коишто “мислат за мислењето”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Затоа ние, Божјите почитувачи, љубителите на мирот животот, забавата, мажи и жени, апелираме на Врховниот Суд на Универзумот, за уважување на нашите намери, за, во името на Власта на сите живи суштества кои сакаат да се развиваат на оваа планета, свечено да објави дека ние сме слободни и независни, ослободени од секаква Верност кон Владата на САД и кон сите влади контролирани од менопаузните, и дека имаме право да се групираме во групи на истомисленици, имаме полно право да живееме и да се движиме на земјата, да обезбедуваме храна со сопствени раце и умови на начин што ни се чини неприкосновен и свет за нас, и да ги правиме сите Акции и Работи што независен Слободен маж и Слободна жена можат да ги прават без да ги загрозуваат истите права на другите видови и групи. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 64
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
„Ох, Боже!“ ти крикна, кревајќи се. „Што е тоа?“
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Престани! „Што?“ прашав, сѐ уште бесполезно туркајќи како да не те слушнав.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За поддршка на оваа Декларација на Еволуцијата, со силна верба во заштитата на Божјата Провиденција и спокојна доверба во генерациите што доаѓаат, во чиешто име зборуваме, ние сега меѓусебно си ги доверуваме едни на други нашите животи, нашите Радости, и нашата Света чест. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 65
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој сакаше да верува - како што има запишано - дека “аргентинската традиција ја претставува целата западна култура, и исто така верувам”, додаде, “дека ние имаме право на таа традиција, поголемо од она што го имаат жителите на оваа или онаа западна нација”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој си го зема за себе тоа право и живееше во земја која, би рекле, е мошне далеку од тоа да биде европска.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Нашиот развој како вид е концентриран околу нашата способност да мислиме и комуницираме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Аргентина според минатото и сегашноста, по проблемите и недоумиците, е составен дел на Третиот свет.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Па, ѝ реков дека ние двајцата сме момче и девојка без разлика на тоа што таа мисли за пубертетот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Знаеш ли ти дека ние, овде, во Меснава заедница,собираме доброволен прилог за да ѝ помогнеме на саричката да преживее?
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
- Не е ова само селска работа- ѝ рече дедо ми на баба. – Сама знаеш дека ние од кираџилакот живееме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Мислите ли вие, им велеше командирот на четата, дека ние живееме затоа што немаме или не сакаме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Некои од љубопитната публика сметаа дека ние сме необични луѓе, а други веројатно претпоставуваа дека ние ќе се натажиме, дури и ќе почнеме да плачеме и молиме за милост поради смртната пресуда која за нас беше повеќе спас отколку казна, зашто затворската самица е толку жестока казна што смртта се јаува како спасение“186.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но, беспорно е за мене сега дека ние неадекватно го поставивме својот идеализам во услуга на народот...
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Исто така, ми се чини дека многу добро те познавам и дека ние двајцата одлично се разбираме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Такво е значењето на тој прстен и јас верувам дека ти некогаш ќе дојдеш, или во Гоа, каде што сме во текот на зимата и пролетта и ги продаваме кашмирските килими, или можеби во Кашмир, каде што твоите не биле, а рекоа дека толку сакаат еден ден да дојдат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вистината е подруга – тие не се способни за „занесувања”, па животот им е едноличен и обичен.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Би можел дури и да ги раскажам сите наши разговори што ние двајцата сме ги воделе на нашите средби.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога велам - вистинска опасност, мислам на тоа дека ние живееме на единаесетти кат, па замислете како би можела да заврши мојата радост да не се контролирав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таа ми рече дека тебе ќе ти го подари кога ќе пораснеш, а јас ѝ објаснив дека, ако стори така, тоа ќе значи дека ние двајцата еден ден сигурно ќе се сретнеме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа значи дека ние не сме виновни ако сме такви, иако не врувам дека сме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Баш бев среќна што така се погоди, да сме сами, оти машаките сè нѝ расипуваат понекогаш кога велат дека ние се занесуваме, а не е така.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Нашите родители, нели не родиле, нели тие нè воспитуваат!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)