Но мајка ѝ им рекла дека иако тој не лежи тука..., лежи неговата душа и дека нејзе ѝ палат...
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Секако дека нејзе сето тоа и било мачно, но, не сакала да се откаже од својата замисла и решеност - нејзиниот сакан човек да заснове свој нов дом во кој ќе има и деца.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Рече дека нејзе ѝ се сторило дека тоа не е прашање само на моментот, на провокација од разговорот што го воделе поттикнат од темата на есејот што таа сакала да го пишува, а која се однесувала на природата и на екологијата.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Вале е наставник по клавир во Музичкото училиште и ја сметаат за многу строга, оти барала од учениците да свират без грешка, а Мила тврди дека нејзе не само што не ѝ попушта туку со неа е најстрога.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- Мила – ја замолив – стани сега и оди да вежбаш, да не те караат после, а јас ќе ја прашам мајка ти дали ќе ми дозволи да те слушам. - Сакаш?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Или грешам?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
И врз основа на тие нејзини раскажувања одамна имам сфатено дека нејзе и недостасувало доволно храброст синот да го упати кон вистината.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Уште ја памети таа песна.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Само во една од песните се спомнувало дека нејзе и е судено среќата никогаш да не ја престигне.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе и речеш дека нејзе двојно и тројно ќе и купам, да видиме што ќе рече: И Мигар почна да влегува кај Анѓа богато облечена и нагиздена: – Me гледаш како сум облечена, нагиздена, наконтена? – и зборуваше и се вртеше за да ја види Анѓа од сите страни.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Снеже се вцрви и рече дека нејзе такви нешта ѝ се здодевни, а Мишел дури сакаше да ни ги грабне „Вљубените срца“ и да ги искине.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Дора многу се налути затоа што мислеше дека нејзе не ѝ се допаѓа Огнен.
„Чкртки“
од Румена Бужаровска
(2007)
Станав, и влегов во станот за да донесам ќебе да ја покријам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Заспа. Беше топол септемвриски ден, но јас знаев дека нејзе ѝ студи, знаев дека тој студ ја тера да сонува зима и мраз, сонува како е оставена некаде сама, и на неа паѓа снег.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сега знаевме дека нејзе ѝ нема спас.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Пред сѐ отвореното, наметливо и дрско однесување на натрапничкава.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога го велам ова мислам дека нејзе ѝ одеа на рака повеќе околности.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
дечињата си беа дечиња ама веќе ја знаеја приказната за садако сасаки нивна врсничка од оние времиња што се паметат по хирошима она девојче садако сасаки кое решило да свитка илјада книжни жерави надевајќи се дека нејзе ќе и донесат здравје а на светот мир она девојче садако сасаки коешто смртта го запре на бројот 664 та жеравите останаа недосвиткани како кошулата на ленка во песната на македонскиот поет кочо рацин.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Истава помисла, дека нејзе ѝ е потребен некој кој ќе може некогаш ако затреба да сведочи за нејзината среќна надеж, и пред малку ми наиде, уште кога Бојка стоеше кај фрижидерот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Тој ја држеше за рака, а таа беше свесна дека нејзе ѝ зборува, ѝ говори, ѝ глаголи за патот што им претстои.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Бродот испушти долг, тажен пискот во маглата; ако замине, утре ќе биде на море со Франк тргнати кон Буенос Аирес. Имаа резервирано билети.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Животот ја беше научил Мајка да верува дека човечката среќа е составена од повеќе делови и дека нејзе секогаш ќе ѝ недостига еден дел, понекогаш можеби битниот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Но, откако нејзините претпоставени одбиваат, па 219 дури во нејзиното „работничко досие“ забележуваат дека нејзе наводно и престанал работниот однос не доброволно, туку поради недоаѓање на работа три работни дена последователно (!?) – таа решава да се консултира со адвокат (А.Шоптрајанов) и да поднесе индивидуална тужба против аптеката во која порано работеше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
7 По ова, таа предлага порамнување со дотогашниот работодавач, односно „расчистување на сметките“ и вонсудска доброволна исплата на долгуваното по сите основи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Јас си ја скрив главата во скутот и ми дојде да ѝ завидам дека нејзе не ѝ се врати Мирче, стопанот нејзин.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)