Во Решението се наведува неиздржано образложение дека Марковски, кој побарал писмена информација за причините за неисплата на хранарина ги злоупотребил и пречекорил овластувањата регулирани во Колективниот договор за уредување на правата и обврските на работниците во МЗТ „Пумпи“ АД Скопје3 и дека сторил тежок прекршок на работниот ред и дисциплина поради тоа што, во директорската канцеларија, изјавил дека работниците ќе штрајкуваат доколку не им бидат исплатени заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, ова добро дело на Марковски – кој притоа дојде во отворен судир со финансиската директорка на друштвото (В. Боцевска) – веднаш беше „наградено“: тој следниот ден, од страна на генералниот директор (Љ. Митрески), доби отказно решение бр. 01-13/7 за престанок на работниот однос без отказен рок, по- ради поднесена Пријава од истата директорка.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Делот од добивката на ТД што му припаѓа на странско лице, односно износот во случај на делумно или целосно отуѓување на уделот или на акциите на странското лице може, по налог на странското лице, слободно, без дозвола, да се дозначи во странство во валутата на вложувањето ако друштвото располага со парично покритие, под условите определени со закон.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Правата стекнати врз основа на вложувања на странски лица во ТД не можат да се намалуваат со закон или со друг пропис.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Беше задоволство да се знае тоа, со она тивко знаење по длабокиот сон, загледан во оној прекрасен мир и свесен дека сторил сè, што се барало од него овие денови да стори тука.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Пациентот тогаш чувствува дека сторил сѐ што можел за да го заштити лекарот.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
3. Издавање потерница може да се нареди кога постои наредба за приведување на лице кое се наоѓа во бегство, и тоа: 1) на осомничениот кој се бара поради основано сомневање дека сторил кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 2) на обвинетиот против кого е поведена кривична постапка за кривично дело кое се гони по службена должност и за кое според законот може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна; или 3) на осуденото лице кое со правосилна пресуда е осудено на казна затвор.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Но ова се претпоставки" вели Поетот“ а ние, барем засега, можеме со сигурност да сметаме само на еден факт, оној, дека стореното зло во сонот не остава трага, па дури ни во случаите како во оној кај Данте: Верувајте видов и уште го гледам трупот кој својата глава место фенер ја носи лулајќи ја на мртвите коси! ...
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)