Џоан Крафорд сосема доминира со видното поле, а секој нејзин зрачец чувство – незаборавно забележан со беспрекорната глума, со мајсторското осветлување на нејзиното лице и на тој нејзин дивен тен и со сјајните камера и монтажа – веднаш и речовито му се телеграфира на гледачот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Сите тројца беа осомничени, а во Потковицата тоа секој го знаеше, дека соработуваат со комунистите во Прилеп: собираа пари, обувки, облека, храна и оружје за партизаните, но зашто не можеше ништо да им се докаже, односно зашто имаше кој да го заштитува Ѓорета, деленицата нивни, Божин Дамчески Штркот, кој таму, во Софија имаше своја фабрика за шеќер и врски со дворот, секогаш кога ќе ги затвореа по неколку дена ги пуштаа, а тие, предводени од Ѓорета, пак си ја продолжуваа старата работа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Барем за машката култура, вистинската политика на филмот лежи во неговата естетика: неговиот стил го надминува она што го пренесува неговата видлива порака.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тргајќи ја настрана експлицитната содржина на филмот во прилог на неговата мелодраматична моќ и раскошниот црносериски [филмноаровски] стил, уживањето на кампот во него како да го оправдува тврдењето на Сузан Зонтаг за аполитичниот карактер на кампот, за неговото претпочитање на естетиката за сметка на политиката, за неговата неутралност „во однос на содржината“ и за неговиот „начин на гледање на светот како естетска појава“.268
Токму ова воздигнување на убавината до степен на врховна вредност (не само убавината на Џоан Крафорд туку и убавината на беспрекорниот мелодраматичен и кинематографски стил) и оваа релативна рамнодушност кон политичките услови во кои се остварува естетското совршенство, ја ставиле машката геј-култура на лош глас – особено меѓу феминистите – дека има реакционерна политика, дека е непријателски устроена против жените, дека ги прифаќа угнетувачките општествени состојби, дека промовира митски, а не критички однос кон примените вредности и дека соработува со силите на општествена доминација.
Но, машката геј-култура многу-многу не ја секираат критичарите и не се срами од своите љубови.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Вака, со бомбата, изнашле начин како да се ослободат од тројцата наеднаш, но мажите и сите жители на Потковицата отворено се побунија.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)