„Секако, меѓу многуте засадени на Вардариште ти знаеш дека растат и седумте тополи. И тие ќе придонесат да се ревитализира деградираното земјиште.“ ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Тоа што е необично со оваа гора е дека расте само по средината на внатрешните падини на Потковицата (сртовите се извишуваат голи; обрастени со високи ридски треви тие се, сѐ до назимо, сточни пасишта, а подножјата нивни, односно подножјата на гората, се ливадско земјиште) туку дека таа на целиот живот во Потковицата, и социјален и духовен, му имаше удредно свој печат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Ха-ха-ха! ... Некаде насреде од чудовиштето зина огромна челуст, водата закипе, се запени и Мече усети дека расте, се надига над него бескраен воден свод.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)