дека (сврз.) - покаже (гл.)

Нешто му се фалотевме на полжавот – ќе го столчиме ако не пушти рогови и тоа со секира по глава во зелена ливада. (бре, бре што јунаци бевме спроти полжавот – не лижевме лижавчиња, бркавме полжавчиња) Отпосле, кога полжавот ќе пуштеше рогови, ни велеа дека покажува лажна храброст и сила.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Фактот дека Даниелс бил геј-исполнител уште пред да стане професионален контратенор или дека покажал јавен геј-идентитет со тоа што станал контратенор, воопшто не дава никакви информации за некакваси можна поврзаност помеѓу неговиот глас, неговата изведба и неговото гејство, а не фрла ниту некаква светлина врз поврзаноста помеѓу музикалноста и сексуалноста.110 Пеењето женски гласовен репертоар, најпосле, не е нималку поиндикативно за Даниелсовиот субјективитет отколку играњето кошарка: и едното и другото се само забавни активности што на крајот не ни кажуваат ништо за поединецот што учествува во нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)