„Што вели, мамо?“ - праша девојчето. „Вели дека паднало од едно седело, но пак останало живо, па затоа се радува.“ - одговори мајка ѝ.
„Градинче“
од Бистрица Миркуловска
(1962)
Другиот ден рекоа дека по изведбата на обредот на Луција ѝ се слошило, дека паднала во силни грчеви и дека едвај ја спасиле да не си го одгризе јазикот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ние да појдеме, а ти веднаш јави му на својот командант дека падна Гинова. И веднаш до Главниот штаб. Адио!
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)