дека (сврз.) - лаже (гл.)

Нивно вистинско оружје беше безмилосното сослушување што продолжуваше со часови; го сплеткуваа, му поставуваа стапици, искривоколчуваа сѐ што рекол, го уверуваа на секој чекор дека лаже и дека е противречен, сѐ додека не почнеше да вика колку од срам, толку и од нервна премореност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ок, само ладно ѝ одговорив и ја замолив да ми се јави тој кога ќе се „освести“, т.е. кога ќе се почувствува способен. Знаев дека лаже.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Си помислив дека лаже, па ме понесе желбата да проверам дали е така.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Божем таков маж, а не виде дека лажам божем умна а не знаев да ти кажам дека ноќе се галам со морската пена дека иста како сите сум. Во тело на девојче заробена жена. 52 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Јас со сета сила викам дека лажат, но гласот не ми се слуша. Смешен сум. Боже какво лицемерие.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Не дека лаже, не, туку тој не ги знаел словенските јазици, така што не можел во разговорите со луѓето да забележи важни поединости“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А ти не вели ми дека лажам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Ја прашав дали лажела кога рекла така. Рече дека лажела.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му се стори дека лаже некого, со тој некој и самиот себе.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
„Сношти ти реков дека лажев. не ми беше роденден.“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Не е можно! – избезумено повторував и го гледав татко ми вџашено.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Не е можно, не е можно! Тато, кажи ми дека лажеш, те молам, кажи ми дека лажеш!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ќе дојдам да ве посетам... Таа знаеше дека лаже.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
- Се разбира дека не лажеш, но си противречиш - се обидуваше да ја смири Непозанатиот. – Предмалку го нарече слабак. Нели?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не верувам! А во што не веруваш? -ја прекина гласот на Непознатиот: Мислиш дека лажам? – се бранеше Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Знаев дека можеби треба да покажам и некои знаци на љубов кон неа, ако сакав да добијам барем малку љубов од свекрвата за возврат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога подоцна му ја споменав оваа епизода тврдеше дека воопшто не ме погледнал и дека сè ова јас сум си го измислила, дека многу преувеличувам, а кога се подналути, дури ме обвини дека лажам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)