да (сврз.) - си (зам.)

Кога големите војни и стратегиите на нивните творци не ги беа скарале судбински, не им ја наложиле братоубиствената војна, како во други делови на Балканот, не ги победиле, немаше причини и во ова време на козите да не бидат уште поблиску помеѓу себе, да се почитуваат, да си сочувствуваат заедно при умирачките, да се радуваат на новите животи, да се мешаат меѓу себе, да ги слават заедно свршувачките и сите верски празници, да веруваат сите во времето на козите, во најубавото време на земјата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
49. Сегашната конференција ќе изигра само во полза на малите државички што бараат за сметка на Македонците да си ги засновуваат и прошируваат правата на нивните народности.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Несреќо една, за малку ќе ме натераше да си го убијам сопствениот син.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Не сакав да си одам, но, вечерта надоаѓаше, за Ели беше потребен сон.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
СЛОБОДАТА: Не си ли ти оној кој ги убеди и најсиромашните да си ги продадат кошулите од грбот за да купат оружје потребно за големата пресметка. МАНОИЛ: Да!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Девојката, која едно пладне сосема случајно заталка во муабетот на четворицата стари другари, пред да папса од здодевнст, мигум осозна зошто на времето Фелини снимал такви филмови.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сфатив дека сум имала право што не излегов да го гледам тој циркус кој што Лима и Ило го третираа сосема спротивно, како знак дека треба да си останам токму таму каде што сум.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
— „Ете ти го патот по кој можиш и ти, Сталко, да дојдиш до највисоката скала.. како отец Арсенија“, — си рече сам со умот Стале и започна да си го разгазува тој пат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се погледна во огледалото за да си ја поправи фризурата. Му се допаѓаше како изгледа.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Сашо: Мирче, ајде да си играме. Мирче: Добро, а што ќе играме?
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
А и одекот да си го чуе. Не како од високите згради на кои работеше во Прага и Будимпешта кога ќе му дојдеше некоја желба од детството и кога ќе помислеше на овие краишта, ќе завикаше со сиот глас, но од бучежот на дигалките и автомобилите, гласот се задушуваше и не можеше ни тој да си го чуе, а камоли да му се врати.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Сакам да се возам со автобус низ градот така можеш и да се движиш, и да си длабоко вкопан во мислите дур тече слајд шоу од фасадите.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Само кога е убав сончев ден убаво се слуша и небескиот ѕвон – последниот отпоздрав на јагнето со ѕвонче околу вратот коешто кондорот го повел на куса прошетка низ вселената, од поблизу да ги види ѕвездите пред да си ја изврши редовната утринска служба научно наречена чешање на мешината по спаструвањето на внатрешноста на телото.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ако тргне надолу, по патот покрај брегот, набргу ќе избие на границата, а не беше особено страден по средби со властите и нивните органи, а не гаеше ни тајни копнежи за бегство по Америки; ако појдеше нагоре, над низата викендички меѓу скоквите и желките, отаде голиот рид ќе се изгубеше во фронтовските ровови од Првата светска војна, низ кои уште можеше да се сопнеш од некоја рѓосана граната или барем на закопани чаури, од пушки до топови - за што инаку требаше да си подготвен, а не вака разгаштен за летување.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Го кажуваше тоа што би го кажал и тој, само да беше во состојба да си ги среди расфрланите мисли.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јас да си и изгледам мојте, та за туѓите ногу глава не ме боли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- За каква вина станува збор – речиси извикав – освен ако не мислите на вашата конструкција дека ми ги смалува тешкотиите околу моите проблеми божемното заземање на висока личност?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога се обиде самиот да си рече дека тој е ѕидарот на овој отворен театар, и дека сите разновидни операции беа под негов директен надзор, тоа му беше чудно и невозможно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Знаеше дека на неговиот гостин му е потребно малку повеќе простор за неговите игри и дека тој сега ќе може и самиот да си го изнајде тоа и не отиде со него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Имале право моите, светот нема да ми побегне, допрва е пред мене животот и патувањата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За тоа време секоја од нас ќе има по една недела за да си ја каже својата приказна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Не можам и окото да си го погодам, рекол.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го однесов петелот дома, му направив убава кошара, му оградив дворче во кое ќе може да шета и прета, го наранив со пченка, го напоив и го оставив да си го живее животот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
– Сакам да проговорам дека сите наши чупи си бараат касмет меѓу нашите ергени да се задомат, да си имаат една заштита, една сенка над главата...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Останаа да се дечкаат до некое време Перевци и Борисовци, додека најпосле пред зората не ги навали сонот да продремат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но, ниеден од тие мајстори и малтерџии не можеа да сторат ништо друго, освен да си ги бегаат своите погледи од тој крвав вресок во неговите очи, кога ќе застанеше крај нив, тој, Големиот Ристан, кој сега веќе не беше тоа, прашувајќи со секое свое движење, да не е, можеби, тука, она неговото место, оној неговиот загубен во неврат дел од облеката, она маѓија, без којашто деновите стануваат едно такво крваво прогонување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
КОЛЕ: (Му приоѓа и му целива рака.) Да си ни жив куме!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Пак легна и реши да не мисли повеќе на ништо. Вака простум да си лежи и да си ја залажува својата чувствителност со некоја песничка што му доаѓа сега во сеќавањето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само така, помогнат во најтешките дни, ќе ја задржи верата во себе и ќе ги сплоти сите свои сили за да може еден ден да си ја извојува скапо платената своја слобода без ничија помош.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Човек понекогаш мора да си го направи ќефот, за потоа некое време да биде мирен. Како бубалка во влечки.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Го пофаќам, а после не знам како да си ја избришам раката. Ја тријам со лапајцата што се топи на земјата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Многумина што намислуваа од разни причини, да си ја менуваат верата и да се потурчуваат, си ги спомнуваа горните зборови од нивните попови, па Анѓа се држеше за нив: Снагата нека ја јадат пците, барем душата да не ја фрлам во калта.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не може тоа да си го претстави.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
— Значи, се истребија сите откај нас — задоволен констатира стариот мудур и се спремаше да му предложи на јузбашијата да излезат некој ден да ги видат пепелиштата и пустошот што го направија војските и да ги покараат и поучат селаните да си седат мадро, да не се поврати злото пак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И тие си ја вршеа совесно својата должност за да си ги запазат своите местенца во дуќаните, ако не сакаат да дупат мини во тунелите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кралот гледаше во мене и рече: „До утре, кога ќе ја спуштам во гробот, да си готов со сликата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Навлегувајќи во душите, видов дека има души затворени како цвет: благ збор им е потребен како ветре за да ги отвори; има души што 'рѓаат како железо: оган им е потребен за да се свитат и засветат; има души што како зафрлен чун на вода се брецаат: малку помош им треба за да си ја најдат насоката; има души што чмајат како семе во сува земја: влага и топлина им треба да про'ртат...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Следната недела ќе преминеме на друга колекција.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Посакав да речам: Ете, олку од мене, свршеток на приказната, и ја кренав главата, погледнав кон Даскалов, сакав да го утврдам впечатокот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не престануваше да инсистира да си одат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Утредента Мустафа го извади Толета од ќелијата и откако му удри неколку камшика по грб, го натера да си ги земе пљачките од одајата и да се пресели во друга, бидејќи и неговите другари го нејќеа тука, да ги краде и им го јаде лебот и друго што им донесле од дома.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Еднаш на две недели, одам таму и да си ја наполнам корпата, и да си уживам во амбиентот.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
„Време е да си одиш,“ рече Рајнер, погледнувајќи во часовникот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Нека кара, вели Ѓеро, да нѐ голтнеше морето, не ќе имавме кој кому да си ја караме мајката...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко, сигурно, и во своите најпесимистички варијанти, не можел да си претпостави ваков заплет и расплет на балканските историски настани.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Би свадба, доби, и времето беше приближило да си одат штрковите на својот вилает.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да научиме да гледаме, слушаме, мирисаме, да ги вкусиме најмиризливите зачини на животот, да бидеме шармантни, харизматични, лесни како воздухот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
— И почна да си ги брише солзите со црната шамија, која беше знак на преголема жалост.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Немаше време дури да се избричи и да си ја промени кошулата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Толку многу беше вознемирен што се случуваше нешто што не можеше ниту да си го претпостави: Камилски како да се подготвуваше да ја одбие единствената можност да го запре губењето на видот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога лисичињата видоа дека од зајачињата не им се заканува никаква опасност, почнаа да ги молат: - Останете да си играме, викаа во еден глас.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Јадеа долго, бавно, со задоволство, додека снегот надвор продолжуваше да си врне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бидејќи неочекувано од учител станав проповедник, моите зборови многу го трогнаа народот, толку многу што ако за време додека се четеше евангелието од младиот поп Георги сите се накашлуваа како по договор (како во нездраво време) за време, пак, на мојата реч сите со задоволство слушаа и не само што запре накашлувањето, туку човек можеше да си помисли дека народот заборавил и да дише.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не свртувај се наназад и не наведнувај се да си ја врзиш врвката на цокулата, баш левата.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Требаше да си обезбеди и нови панталони.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Баба му доаѓа, но ѝ паѓа на ум дека Зоки ќе се открива ако му дозволи да си игра со Мечето.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ранет бил, штитоносец бил, прв ќе појде со знамето на надевањата во нови преграби. Исклештено ждракал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И кога Толе еден ден дојде во Полчиште, Митра му ја остави пушката и четничките алишта на Бешот, се облече во женски алишта од ќерка му Петра, и отиде кај браќа си во Витолиште, да си ја оплакуна горчливата и несреќна љубов по арамијата Толета. ***
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се опитав да се сетам и да си одговорам, од каде се овие ѕвездоровидни суштества?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Најпосле, кога некој некого не познава, може секако да си го замисли, ќе речете. Така си е.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И со крајот на окото го следеше прислужникот и кога тој се поткреваше да си оди, се стркала во неговата дланка мала сребрена пара.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Куќата си бара стална домаќинка, по цел ден во неа да си работи, - го слушнав, една вечер разговорот меѓу тетка Рајна и татко ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Не можел изгледа да си претпостави дека таа одвај чекала да зачекори во неговата желба.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сиот опфатен од тоа ужасно бреме, Језекил правеше сѐ за да го победи, секогаш постојано живеејќи со надешта дека еднаш и тоа ќе пројде, дека и тоа ќе се заборави и дека ќе си му се врати нему пак онаа пргавост од некогаш, со која што тој еднаш можеше да помине и по најтенката талпа на највисокото скеле, без да трепне со очите, дека сево ова во него е само уште една проклета шега, дека и нему ќе му се насмее еднаш еден син ден, сѐ до една случка, која го исфрли од височината на скелето како партал, не водејќи притоа сметка за ништо, ни за неговите соништа, ни за неговото детство, а сепак, дури и благодарен што успеал да си ги донесе оттаму на земјата цело и своето пониско рамо, и својата судба.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Кога видело Велко оти стоел Силјан на тоа место, пошол да си го земе стапчето и го грабнал штркот преку половина со обете раце и свикал по мајка си: „Мајко, мајко го фатив штркот.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
По завршувањето на изградбата на бетонските темели, ние, техничарите, почнавме со монтажа на челичните столбови.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- А така, а?! Добро, да си знам .. немој после...
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Зашто Сламеното Мече може да си го земе в постела, може да му зборува, може да му нацрта вештачки солзи и мустаќи, може и да го натепа.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Анѓеле, срце, со здравје да си одиш! Митре, Митрејце, здрамите си! (Пие). (Анѓеле излегува).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Да си кажам најискрено, тоа е нешто над кое ние самите немаме контрола.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тргна да си оди и, во еден момент, се сврти.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој својата ситничка, дробничка баба Митра може исто така да си ја стави под мишка и да ја носи каде што ќе си посака, а не пак да ја послуша кога го кара.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тогаш мора ноќе да си ги намачка рапавите раце со вазелин, а наутро мора на врвовите на прстите да си залепи фластер за да може да продолжи да работи.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега и Даскалов, мојот професор, ме потсетува на една од подвижните сенки што ги фрла раното сонце и тоа во моментите додека го прескокнуваат малите облаци што си играат криенка околу него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
АНЃЕЛЕ: (ја разгледува собата). Со здравје да си седите.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ама треба да си махер па да знаеш да запокриваш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Откога си поплакал Силјан на куќа на деветти марта за домашните, кога ги гледал и не можел со нив да зборува, на жалта згора си летнал од куќа и си ошол в поле да си ги види нивјето, ливаѓето, лозјата и чаирите кај што паселе говедата.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Господе, какво погано време беше тоа, и какви погани луѓе беа тие.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се поколебаа малку, но во темницата во којашто се најдоа не можеа да смислат ништо друго освен да си легнат да спијат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Јас ќе подзапрам, колку да си ги одморам очите, и пак ќе продолжам да зборувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Зарем јас ни крив, ни должен да си давам пари за поправка на куќата која Танаил со експлозиите ми ја оштети...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наеднаш низ Петербург се раширија гласови дека кај Калинкиниот мост и многу подалеку почнал да се појавува ноќе еден мртовец со изглед на чиновник, кој бара некаков одземен шинел и кој, со изговор дека му е грабнат шинел, не обрнувајќи внимание ни на чинот ни на звањето, симнувал од рамената секакви шинели: и со крзно од фока и од дабар, прошиени со вата, бунди од енотово, лисичјо и мечкино крзно со еден збор, секаков вид крзна и кожи, какви што само измислиле луѓето да си ја прекријат својата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ете, затоа и нашите пазарџии кондисаа вечерва кај Селчаните на ан, а утре на раат ќе пазарат, за во сабота да си одат позарана дома, оти во недела треба да се раздадат даровите на роднините.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За да си го претставите поубаво, ви го нацртавме!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А неговата руса жена, целата набрекната во градите и во рамената, гледаше во стапалките, што ги оставаше ти со твоите оппинци, секој миг готова да ти се врекне, како да си ѝ го утепал татка ѝ.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе чекаме да ни текне што ќе правиме та децава да си одат дома.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Радоста те пијани, како да си јал болвајчав леб што првин те успива, а потоа те тера на повраќање.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И така: стремежот на Македонците да си создадат свој културен центар; тоа што сега Битола се прави престолнина на Македонија; што Битола, Охрид, Прилеп се историски места за Македонците; како и тоа што составуваат тие географски и јазичен центар, – сите заедно прават да се прифати како општ македонски литературен јазик централното македонско наречје.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Што ќе помисли Киркор за него кога навистина тој нема да појде и не појде денес да си го плати костумот со штедрата рака на богат расипник.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Поднаведни си ја главата кога минуваш низ ниска врата. Треба да си ја зачуваш главата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
АРСО: (Му го подава цвеќето.) Подржи го цвеќево.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
7. Ја минавме границата и на другарите им кажувам дека во Битола не ме пуштија да си го видам детето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас сум прилично способна да си ја чувам главата.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Си велам: ако на играчкиве не им најдам верна дружинка што ќе игра со нив, поарно да си умрам.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Баба Анча немаше среќа да си ш изгледа децата свои и да си ги жени, да се зарадува, но затоа пак, господ од друга страна ѝ наврти радост во куќата.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А знаете како ги лечат во Париз? Со страв!
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
— Е шо велиш ти, шо велат тие умните глави, како да работиме? — праша Толе, кој дотогаш ги голташе Атанасовите зборови. — Тоа е друга работа сега!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да си плукнам под нокти, велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
5.1. Бордерхак (Borderhack) Што да правите кога сте од погрешната страна на границата?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Тие пак што немаа да платат, ниту пак имаше што да им се продаде „на телал", ги тераа гавазот и заптиите, што му ги ставаше на расположение витолишкиот мудур, со авалеџијата од село на село и им удираа секој ден по дваесет и пет стапови по голо месо дури можеа да мрдаат, да одат со нив, а откако ќе им ги искршеа ребрата, ги оставаа да преболат кај некој роднина или пријател, со строга наредба да си одат дома, да работат, да печалат и, на есен, кога ќе дојде авалеџијата, да платат на царот, ако не сакаат пак да јадат двојни ќотеци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој само знаеше дека сака да си игра, да си игра и да се задева.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
За да си ја очистиме совеста пред народот наш за дадените од него жртви, треба, значи, да се зафатиме за културна работа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Трошоците на целиот процес, иако траеше недозволиво долго, сепак не чинеа многу и се работеше за „ситни пари“ во тоа време (околу 700 МКД) – а, симптоматично е тоа што тие паднаа на терет на Јаневски!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Некогаш играјќи децата ќе ја откопаат нашата плоча Под неа ние, подолу тие, утре вие Сите отруени од исти сништа - В земи да си ги видиме, барем, нашите краишта.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)
Никој со никого не сака да се сретне, да си помогне.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се разнесе смеа, а полицаецот ја фати под мишка, ја тргна настрана велејќи и на грчки: - Бабо оди си дома и остави ги луѓето да си зборуваат како што сакаат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Арнотија ли е материјалната помош од Бугарија за воставањето, кога таа поддршка само нѐ натера да си ги расфрлиме народните сили, со кои ние бевме силни, а сега сме ништо?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се заблагодаривме за гостењето и станавме за да си одиме. – А каде ќе одите? – Во Лобаница. – Аха, по старо е така. – А по ново? – По ново Агиос Димитриос, ама селото веќе не постои...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
И поп Петко затоа излезе: да го дочека Ѓура како шура, да му се извини нешчо ако згрешил што им зел на децата и жената некоја пара повеќе, за некое и друго кило жито а повеќе да го пречека и да си го прибере Крчето, да му благодари на Ѓура што го доведе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И ти сакаш јас да си останам само со две раце? Не! Сполајти, невесто!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Можеш да си замислуваш далечни патувања, средби и разделби...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Но на Балканот, границите, во нејзиниот животен век, беа толку променливи што најчесто не можеше и самата лесно да си утврди каде започнуваа и каде завршуваа туѓината и родната земја.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Сега ќе ме подберат, ќе ме соберат, си велам и се готвам да си ги голтам забите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Овој дефект ни дојде како нарачан. Имаме толку многу да си разговараме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нека ми простат скаменетите самовили од Леденото Езеро, ама тврдам нивните приказни за Вок со едното око се производ на лагите со опашки со кои се обидуваат да си го возобноват угледот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Станала Неда да си земе нешто дома и Силјан слегол од куќа, та ѝ го зел клопчето што везела сосемати игла и го качил на куќа, та го скрил во сламата за ич да не се сеќава.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Однесувањето на луѓето во случајот со Кошевски а потоа и во мојот случај ми помогна да сфатам дека многумина од нас, борците, кои бевме спремни да си ги дадеме и животите за оваа слобода, сметаа а и уште сметаат дека ние сме авторите и создателите на праведноста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
ДЕПА: Пи бре, изелтеволкот! Пите, испијте ја, пак да станеме да си одиме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Нудите 300 марки да ви рмбам на црно? Во г’з да си ги ставите кога ќе идете на фитнес или на тенис. 12 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Колку да си неразумен и неук, чувствуваш нешто неправедно, тиранско.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Како да си гледал во некое кандило, во некое сонце.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тој не сака да си го растури огништето, тој само нуди да ѝ го збогати животот со мајчинство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ничкосаниот чун пред куќата му служеше како маса: на него јадеше, на него пиеше, на него риби чистеше, грав требеше, зелки сечеше; отпадоците им ги фрлаше на гуските во езерото, кои, кога ќе го видеа, се собираа од сето село; тој им ги фрлаше отпадоците в клун и им велеше: „Лапни ми, да си ми здрава - дур' не ми паднеш в тава“.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Седам и не знам дали да го чекам Јона од меана или да си легнам. Снагата веќе не ме крепи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Знаеш кога да си ја пуштиш а кога да си ја прибереш насмевката. Кога да си ја затнеш а кога да си ја одзатнеш муцката. Да знаеш само колку ти завидувам поради тоа“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Од друга страна гледаш локомотиви, маневарки, вагони - и товарни, и патнички.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Патот од таа ноќ во нејзините мисли засекогаш останал како патување кон небото кое и се причинувало истовремено многу блиско но и толку далечно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој на Бошка му изназборе толку, што овој ни глава не можеше да крене, а камоли да си ја каже маката.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Не отидов дури ни во Црвениот крст да си го земам следувањето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Татко долго време размислуваше како да излезат на крај со сложената мисија која сѐ повеќе и повеќе ги одвлекуваше во лексичкиот бескрај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се најдовме пред Хотелот. Го бакнав страсно и го пуштив да си ја заврши работата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
А човекот продолжи да си зборува: Весел, весел, ама тава левото око никак да гу удљепа ут мене.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Решението го бев донесла уште од вечерта и одвај дочекав татко ми да си оди на работа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Таа пак го избегнуваше. Не сакаше „пипер да си тура на раната“ да ја раздразнува. . ..
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Барем дома да ми умрат, си мислам, да си ги закопам кај другите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Среде тој бескраен спор помеѓу двата братски соседни народа македонското словенско население, заради кое тие се караат, малце по малце зрее во националното самосознание и сака да се ослободи од покровителството на соседните народи за да може само да си биде вршител на своите судбини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Пак ќе ѝ избегам. Ќе помине и ова. Нашла умирачката со кого играчки да си игра.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Само со погледи се разбираа доволно за да можат да си ја премолчат тагата во душите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тоа веќе, стрико, оти е така како што кажавте, така си е, и не инаку, туку јас сиромав, како ќе правам за дома да си одам?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не се разидуваа политички, никој никому не му пречеше да си ја сака родната грутка, само понекогаш подивеани поради ситна кражба или така, без причина, колку да се задуши топлокрвното копнеење, се караа, диво а ни тепањето не им беше туѓо.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Јас сега пишувам од корист. За да си ја исчистам душата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Баба Севда продолжи така смерно да си седи на патот, потпрена на ѕидот зад неа, со патерицата навалена крај неа, при секое поткревање на погледот тресејќи ја главата и главно со наведната глава во знак на покорност и помиреност со судбината.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Му рече на Павле жената, држејќи го палтото во рацете и разгледувајќи го од сите страни.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мажите скокнаа од местото околу огништето, а баба ми и мајка ми почнаа да си ги кршат прстите на рацете.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Мирисите на старо во просториите, миндерите, долапите, резбата на таваните, долапчињата, синиите и другите старински предмети, го натлачија Сликарот со необично чувство, кое не можеше да си го објасни.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Скот: Себеси да си дозволиме раскош на кукавичлакот.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Најтешко му беше кога гледаше како толпата трчаше надолу, накај џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ја запомни само карактеристичната обесеносг на рацете, кога тие се врзани, но лисиците се покриени под ракавите; го запомни само тоа сопнато чекорење со увиснати раце, кај тој младич, што продолжуваше и меѓу двајцата џандари да си биде ластерест и извишен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Се симнува да си купи сожалувања од улицата. Зашто нејзината утроба Не знае да расте.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Јас дури заборавив дека домашните ми рекоа веднаш штом ќе нѐ пушти учителот да си одам право дома, зашто имавме некоја работа.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И можеби затоа, кога пак погледна на Велика и Зоја, забележа дека поттреперуваат нивните бради, дека во очите им виреат и се вртат солзи, тогаш кај неа во градите нешто се прекрши, ја фати грч и ѝ се присака гласно, на сет глас да заплаче, да залелека, да заофка и коса да си корне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И стана да си кинисува наполно решен да купи чифлиг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој си дојде во Стамбол и почна да си го реди личниот живот – пиењето и харемот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Проценив дека немам никаква шанса да појдам со него.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мажите и жените престанаа да си играат во креветите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ти добро си знаеш дека мене не ме личи некој да ме види со тебе седната тука под дивјачката, сама девојка тоа не го прави, да си го пушти беќарот да седне до неа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Вистина може да е само тоа дека во моментот кога сум ја видел Јана сум помислил дека би можел да остварам контакт со неа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Исчезнатиот облик, изгубениот човек умот ти го надлетува се вртиш занесено и неутешно а сенката твоја се одразува толку блиску што ти недостига растојание да си пријдеш крилјата да си ги собереш!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
— Арно сега, токо колку ќе ми платите, до кога, да си знајме и вие и јас? — праша Стале иако беше согласен на секакви услови. — Колку? Колку е мунасип.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Брат ми последен пат ми плаќа кирија. штом толку поради тоа се дере.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Со здравје да си оди, жив и здрав да ни се врати.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И прелетите на дивите гуски морав самиот да си ги замислувам бидејќи тие, и кога ја прелетувале планината, избирале подолни патишта, веројатно над пониските падини.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога проблемот ќе биде разрешен може да си го каже името и дека токму тој навреме објавил - Загадена вода истекува од депонијата?!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Сталинка ги правеше првите срамежливи чекори, а ние, кога го видовме прчот, сакавме да си ја вратиме дома. Но беше доцна.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Наводно, климата каде што живееја не им беше поволна, па не можеле да се размножуваат, да работат и да си постојат како што беше случајот со нас, обичните луѓе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Билјана го зеде динарот, но не стрча да си купи сладолед.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Оттука е јасно оти Бугарите ја голтнаа пилулата и доцна е да си ја исправат грешката.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кому сега да му го подарам паричникот што му го купив да си ги става парите внатре, наместо да ги крие под душекот?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никако да разбере дека џепарлакот треба да ми го зголеми, зашто не само што веќе не можам ништо да си заштедам, како порано, туку го трошам целиот до половина на месецот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И со тоа беше во сојуз со Бога за кој, како во рефрен, велеше дека тој ја испратил да си ги спасува чеда­та. И тоа ја правеше уште похрабра, правеше сѐ друго во светот да го смета за помалку значајно од една детска солза, какви било револуции, дури и татковини...
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Корисниците на компјутери учат како да си создадат приватни стварности, но најчесто тоа е осамен потфат. Седат сами и се ѕверат во „Сајберијата“.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Таа ги фрли тие „ѓупските" (како ги викаше Илко градските алишта,) уште првата вечер кога се венча со Илка и си запука да си ги носи новите кошули од првата жена на Илка.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Е, баш ќе станам крадец, и лажго и вагабонт! Ќе одам во Елдорадо, како оној од филмот, и ќе собирам златни камчиња од реките, нема да учам и нема да завршам факултет, за инает на тато, - продолжував да си зборувам самиот со себе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Само кога би можел некако да им јави дома да не се грижат, да им јави дека сѐ ќе издржи, сѐ ќе поднесе, а тие да си седат спокојно дома и да си ја гледаат работата, полесно ќе му беше.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Се гледаа долго како да имаа меѓу себе нешто да си кажат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Значи ова медиумиве, не е ни транзистор да пуштиш, подобро да поседиш во мракот, и да си поќутиш.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
И самиот паднав на коленици зад кошот и се мачев со мачењето на тој грч од црно и бело тесто на месо и на ткаен лен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не можам да сфатам како можи некој да си дава за право да ти го оспорува идентитето, обичаите, начино на живот, културата, да ти го оспорува правото на живејш и работиш таму каде шо си роден, да те брка од дома, да те смета за помалку важен од себе.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Кога доцна попладнето се подготвуваа да си заминат еколозите одеа од група до група и советуваа - сиот отпад да се прибере и во ќеси да се однесе дома, зошто на теренот немаше ниту канта, ниту контејнер.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
„Е тоа едно „којзнае”, тоа беше гласот надеж која не ги остава луѓето да стивнат и да се помират, да си го олеснат невозможното...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Винстон никогаш не направи ни најмал обид за да си ја потврди претпоставката - всушност, немаше начин да го стори тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сѐ гледаме занемени, замаени, уплашени. Не знаеме како да си помогнеме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Твојата обврска е на друго место.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сестра ми почна да си игра со мравките и не сакаше да копа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Млекарката излезе од платното и претрча до најблискиот киоск да си купи влажни марамчиња, да ѝ се најдат, ако, не дај боже, ѝ засолзат очите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Мора да престанеш да си замислуваш, Винстоне, дека идните генерации ќе те одмаздат.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
„А тилот може да си го види само пресечена глава.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сите имаа по девет години, и ако еднаш, еден ден пред седум години, сонцето изгреало за еден час и му го покажало своето лице на изненадениот свет, тие за тоа не можеа да си припомнат.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Само да си пуштам солзи, само да се давам во нив.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам да си играм со нив и да се борам со нив и да ги плукам и да ги тегнам девојчињата за прцлињата и да се ракувам со учителот и скришум да си ги бришам рацете од капутите во гардеробата и сакам да пораснам и да патувам и да се ракувам со сите луѓе од сиот свет и да се оженам и да имам многу деца и да одам во библиотеки и да земам книги и — сето тоа би го правел”, рече момчето гледајќи во септемвриското утро.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
И уште ми рече тогаш дека е подобро да не доаѓам во Сараево и да си го вардам градот во спомените без лузни онака како што се варди убавината на мајските утра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Продолживме да си играме кога по кусо време, еве ти го попот и некој човек со него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Џабе им е дипломата на брат ми и штедната книшка на татко ми и на мајка ми кога и тој и тие можат газ да си бришат со нив, оти скоро ни тоалетна хартија нема да има.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Откога се извишиле до облаци, беа му се пуштиле за кон кај нас да си идат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Мама: Да, со домашни задолженија времето брзо си врви, ама не е само времето да си врви... проблемот е двоен: професионален ангажман и финансиски ефект отсуствува, мислам, со една плата сме... а долгови, позајмици... селење...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
IV. Нему не му одговори, иако се обиде дури и да си ја подигне раката и да му намавне на тоа старче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И бев со впечаток дека осмислувањето на деновите таа го разбираше покрај другото и како потрага по нови изненади.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се врати внатре да си ги земе очилата, зашто веќе беше стар и без очила слабо гледаше, па излезе надвор на светлост и ја прочита пораката.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Јон го допива паурчето со ракија и слегува в пондила, да си ја тепа главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Постојана шега помеѓу мене и Бригид беше да се јавиме еден на друг и да си кажеме: „Здраво, почекај момент“, и тогаш ги вклучувавме касетофоните и трачаревме по неколку часа.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, се стемнуваше, а на Малчо му се пријаде и реши да си оди дома.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И да ти речам: Запри се во моќта, Гавриле и да ти го земам крикот, и да си го палам одот, како да сум рекла – Услишено си, во тајната, пиле се разбираме, во бегството среќен ни е родот.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А она нејзино триумфално влегување во ослободеното градче, качена на бел коњ, на чело на партизанската единица, селаните го прокоментирале со поругата: Слушнавте, носот ѝ паднал, ама не слегла од коњот да си го земе?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не е фер перачките на дамки да си ги изгубат работните места.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
„Ништо не им можете“, им велеше слепиот Тимон слушајќи кај што луѓето трупкаат со нозете по нив: „Оставете ги на мира; кога ќе им дојде времето, сами да си заминат...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Така, тие ќе расудуваат: ако една Канада може да ѝ се лути на Англија затоа што последнава, за да си биде во добри односи со Сев- Американските Соединети Држави, им ги пожртвувала ним интересите на Канада и последнава сега сака да се ослободи од Англија и сама да си ги брани своите државни интереси, зашто подобро си ги разбирала, – тогаш зошто Македонија да не ѝ се лути на Бугарија затоа што таа не може да ги брани македонските интереси, ами само ги експлоатира нив, и зошто Македонија да не рече: Јас пролевав крв од мои синови, нека ги бранат моите интереси тие самите, а не твои Начович, Цоков, Станчев итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Не можете да си ја претставите, може само да се има - сета е мека и топла, ќе се закопа во тебе и само те топи, растопува и те пие, пие.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Едно во крпче да си го ставите:ништо не значи тоа што стражарите се тргнаа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Додека мавташе механички напред назад со рацете, со израз на сериозно задоволство на лицето, што се сметаше соодветен за време на физичкото размрдување, тој се бореше во мислите да си го пробие патот назадечки во магловитиот период на раното детство.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веќе почнува да пелтечи, да си ги поткасува зборовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Обожувам да си ја уништувам среќата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Во себе девојката лефтерно одби да си замисли каква била орнаментиката на влезот на некогашната женска гимназија.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
- А ти како да си се исплашил дедо? - некако пецна Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
НАЦА: Поарно да си погледаш во ноктот, отколку во саатот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кучето го смени своето поведение однесувајќи се како да применува своевиден ритуал наменет на минутите во кои стариот професор се готвеше да си легне.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Човек треба кога ќе се роди да си напише писмо, вели Јон, а кога ќе умре да го добие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Реката бучи долу Папањ и ги напива ливадите со студена планинска вода, додека овчарите ги прибрале своите стада еден крај друг поблизу, да можат да си помогнат и ги фатат дојниците да намолзат млеко, та и тие да го прават Велигден в планина.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дали сме доволно очајни, луди, изопачени зависно од точката на гледање кога ќе не надвладее потребата дали од безделничење или од чиста пакост, злоба и алчност да имаме храброст да ја реконструираме вистината, за секој од нас да си има по една вистина.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Откако ме прегрна, продолжи да си ја гледа емисијата, велејќи: – Глеј, сине, пусти ние, што ни се случува во родната земја. Кијамет.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Но, овојпат ич не ми беше тешко да си го носам - се чувствував лесен како пердув.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На овчарите и воловарите им се имаше случувано мечката да им влезе во булукот, да си попасе со овците и да си замине.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Возачот на камионот стана да си оди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се знае дека првиот вистински чекор за успех во иднината е самодовербата на нас луѓето, во себе си, како нација, како Македонци, да се цениме себе си, да си ги познаваме корените, да си ги почитуваме предците!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Па нешто конкретно да се случи и потоа од Карпош па до Аеродром да си пишува колку сака, ако има за раскажување, па сите да видат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ете зошто тој се согласи уште пред три четири години да ја земе Сивевата посестрима Велика за жена, та да си остане доживотен момок кај Сивета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Долго време Месечината ги шеташе своите гости по небото, им ги покажуваше на Земјата морињата, планините, големите градови а малите патници од Земјата не можеа да си земат здив од силно чудење.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Кога ќе се сетам на времето од пред две – три години и на мојата најголема и најтажна опсесија – дека годините ми минуваат, сите некаде одат во странство, а јас преку граница не сум мрднала, и дека којзнае кога и дали воопшто некогаш ќе ми се случи, ми доаѓа самата себе да си се изнасмеам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И, еднаш, Мајка реши да си ја земе со себе кафената бунда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па, си земам за слобода да речам дека е најдобро да си ја тркалаш железната пара на бош и да се дружиш на пријателска база со двајцата, додека не му здодееш на младиот, кој секако има помалку трпение од возрасниот, кој, пак, знае да чека до бесконечност затоа што е каваљер, а ти си неодолива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А ако сакате, - рече, - можеме да си играме заедно. - Можеме, - рекоа децата. И си заиграа заедно.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Била есен, едно дождливо време, тој одел секоја утрина да си ја нагледа стапицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не умеејќи да си објасни што се случува, тој ревносно следеше сѐ, обидувајќи се некаде да го најде одговорот на прашањето што го измачуваше – зошто?
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Големиот македонски поет,Тодоровски, песната во која ја оплакува загубата на најголемиот заљубеник во Македонија, Гоце Делчев, ја почнува со стихот: „Така му било пишано: гробот да си го сони!“
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сепак, треба да си претпазлив, не е сѐ за преку телефон.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Како трето: ќе можам да си набавам куче кое ќе спие на тераса, и така конечно ќе можам да ја направам единствената здрава работа носејќи го кучето во парк, наместо да решавам загатки од стари списанија, посакувајќи го најновиот број.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
- Животот е мачен додека умреш, рече Дуко Вендија и стана да си оди. По него стана и Роден Мегленоски.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Благодарение на врската со Сврделот, јас имав можност да влезам во неговата куќа и да си ја одржувам надежта да ѝ се приближам на Гала, на сестра му, која веќе беше точка на дневен редна еден од состаноците на Комитетот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Знаат да извикуваат пароли, да јадат, патем да лежат под сенка и да си ги одржуваат чисти војничките униформи. Во Прењес сите се плашат од падавичарите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со пресна вода требало да си го измијам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Подоцна Махмуд Дарвиш во Охрид ќе ми открие најмногу кој беше Јасер Арафат, но сепак мистеријата продолжуваше...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не, не можам дури ни да си претпоставам дека заборавил на каде се има упатено.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не мораме да бидеме риби за да ги сфатиме оние кои немаат мера ни намера потеклото да си го проверат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не можеше никој да си има своја тајна, најмалечка тајна.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ја напади мислата од својата глава со друга мисла Зар малкумина од луѓето личат еден на друг? и продолжи да си работи слушајќи како и внатре, во бараката, се работи.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Сега ли да си одам, Гита, до Бога! ‘Да си одиме оттука’, е фраза која е лесно да се каже, а тешко да се оствари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А, Параскево, парчиња да се сториш! (По мала пауза.) Ај да си прилегнам малце да си ги одморам коските. (Легнува на миндер.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Седни... седнати да си поприкажеме... Збор да сновиме...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Нема кај да си одам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ни сега не можам да си објаснам како се најдоа во кабинетот сите оние натрапници кои пред малку беа на улицата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ај, не станувам дури да се развидели - и домаќинката, до мене заспана уште малку да си поспие... си вели Петре - со здив притаен а очи оџарени ја скорива возбудата на она далечно време, кога Ѕвезда, домаќинката негова во големи пости пред Рождество Христово му кажала дека е несама...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да продолжиме да патуваме низ животот, да го исчистиме минатото од нечистотијата односно да го разбереме, да си простиме себе си и на другите за недостатоците, мааните, несовршеностите, да си створиме мир, конкордија, согласност, урамнотеженост и да дозволиме да бидеме водени од страна на големата сила што се наоѓа во нас, поголема од секоја надворешност, поголема од нас самите.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Ете ве, сега кажете си шо имате да си кажете. Од мене да не ве стра. На никого не кажуам.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Четата се построи, Толевите другари се одделија и застанаа на страна со Толета, a Петре ја зеде пушката откаде што ја остави Толе и отиде кај него.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Стрела! Што бара таа тука? - прошепна, правејќи обид да си ги среди мислите.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Реши гостинот да го прифати и да го пушти самиот да си го бара своето место во неговиот дом.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сега, кога зборувам јас за истерувањето на пропагандите од Македонија, за примирувањето и обединувањето на македонската интелигенција и народностите, може некој да си помисли оти тоа обединување ќе ни помогне да се постигне едно општо востание што ќе има поголем успех.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Сите владетели во сите времиња се обидувале да им наметнат лажна слика за светот на своите следбеници, но не можеле да си дозволат да охрабруваат каква било илузија која би можела да ја загрози воената делотворност.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Ракијава ме загреа. Ќе побарам поток и ќе се измијам. А можам и кошулава да си ја исперам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Така, уште првиот ден од нејзиното враќање, испече од своите специјални колачи и заѕвони на нејзината врата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во трлата почнаа да блеат малите јагненца, а старите да им одговараат со мајчин одѕив од пашата и да и го напуштаат булукот за да си ги подојат своите рожби.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
КОТЕ: А, ах, хах!... Сиктер манџа! Убаво рече Депа да си одиме додека не нѐ истерале.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А и селанките ми даваат некаква пресна маст да си го мачкам лицето, да ми омекне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа стануваше црвено, развлечено, заруменето, вистински празничен ручек, прстите да си ги лижеш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Еднаш начу таков муабет во ходникот и толку се вознемири што беше безобразен со професорот по физика, свежо-оженетото прчле со голема брада, кое доаѓаше за време на одморот за да дискутираат за секции, задачи и часови, а патем и да си ги јадат заедно сендвичите со марула или туна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
ФРОСА: Вистина, вистина, останало од старите - адет кога излегува некој од куќи за на печалба да се стави софра. Велат за пак да си се врати на софрата — дома.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Може ли да се претскаже каква ќе биде судбината на Македонија под Австро-Унгарија: Босна и Херцеговина јасно ни покажуваат оти не ќе поминат ни 10 години од австриската окупација кога ќе зафатат Македонците, без разлика на вера и народност да си ги оставуваат своите катови и да се иселуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се погледнаа како да си ја признаваат грешката.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Татко ми ќе си зборува, јас ќе кимам со главата, потоа ќе оди да си легне по ручекот, а јас веднаш ќе го вклучам телевизорот. Многу просто.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
АРСО: Да си ја допееме песната! (Пее, сите го придружуваат.) Стојан се подразбуди, на невеста говори: „Стојанице, ти млада невесто, што ми лади лицето, дали ситна роса поросува или силни дождови?...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
„Нема да се мачи како што јас се мачев додека растев“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со истиот член од ЗИДЗРО од септември 2010 година дополнително беше предвидено дека работодавачот не смее да го условува склучувањето на договорот за вработување со потпишување на спогодба за престанок на работен однос (т.н. „бланко отказ“), со што конечно се укина оваа можноста за примена на оваа малициозна практика од страна на работодавачите секогаш кога работникот ќе се „дрзне“ да си ги штити своите права.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
А сонот не му ја мисли многу; зошто да си го арчи времето во објаснувања и додворување; му накалемил на валјакот сајли што ќе му го забрзат одењето, му додал некои нови каиши што ќе го раздвижат, горивото го дотерал така што пламен да фрла наместо чад, а потоа го пушти да ме казни заради необмисленоста на наредбата што ја издадов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Јас и ти премногу добро си ги знаеме опачините за да си бидеме интересни.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Го закачи во ходникот сакото што го носеше наметнато преку рака а во собата додека седнуваше на столчето со скусени ногарки не престана да си ја брише потта од челото.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Би сакал“, побарав, „другарката Басотова и лично да го потврди надрасканото во нејзината изјава.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сакам да си одам...
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Полека му се приближував, а еднаш го повикав да си играат нашите сенки.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
А селаните знаеја дека Толе никогаш не се шегува, та не му тежи умот да го направи ова што го зборува, толку повеќе кога утре ќе ги нема агите да го бркаат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И виното трпко, во секој зглоб ти легнува. И после Левтерија ни потура замлачена вода да си ги замиеме рацете. 147
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А наредниот ден, уште со темница, ќе се растрчаа по ридиштата низ шумата, во полето низ житјата, ливадите и бафчите, и ти цел ден има да си слушаш пукотници, ловџиски рогови, лавеж на `ртки и загари, а преквечер, пред зајдисонце, со полни ранци убиени диви животни и птици, преку рид се спуштаа кон старата железничка станица и оттука со воз си заминуваа, јали во Прилеп јали во Битола.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А имаше толку многу земја околу нив низ која можеа да си ги шират корењата и да црпат животни сокови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Решавањето е толку едноставно, на пример, како да си поминал еден единствен мост. - Еден мост!...
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Можеше да се случи, доцна во ноќта, при силен дожд, невреме, категорично да побара да си оди дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Зад нас, полицијата штракаше фотографии, блицовите грмеа како молњи, самите светкавици беа сѐ уште далечни но полека се приближуваа, грмотевиците гласно тропотеа терајќи езерски ветер пред себе така што облаци од песок зуеја врз металните страни на амбулантната кола. жмиркајќи одевме кон осветлените прозорци на Златниот Брег додека сенките на љубопитници привлечени од ротационите светла итаа кон брегот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
— Што, да не ми тежат ако измисли многу? — место одговор му постави Шаќир прашање.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мусли бег наеднаш остина. Иако не сакаше така да си помислат христијаните сам чувствуваше дека така зборува, како да ја пади од себе, од Арслан бег и од Турците во Потковицата несреќата: Оти високо летаат и грабаат па си мислат ќе ги смилостиват ако не ги убиваат, или оти ги мислат за божји птици па веруваат дека ќе ги стигне несреќа ако ги убиваат, праша.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Женичката пак ми дава знаци да си ставам стипса, што се вели, суста на уста. Катанец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го испивте чајот? Да ги вратите шолјите, да платиме и да си продолжиме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И потем рече: „Јас само сакам да лежиш малку мирна и да ми дозволиш да си ја исполнам својата последна цивилна желба“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога веќе еднаш ќе се врати?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако не е така барем да се вежам, да си донесам нарамник дрва за кладата на која да догорам... Зошто ми префрлаш дека сум стар, о, смрти, o, sancta simplicitas, о, едноставности света... ***
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
„А вие што мислите – што е лудилото? Нешто монструозно?
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На сите им беше заедничка амбицијата како да си ја задржат власта над луѓето во езерската земја, почнувајќи од функционерите од локално, па сѐ до републичко и федерално ниво.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Зар праведно е Глигор да си ја закопа младоста во оваа зандана? Што сторил тој? Ништо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На краот на земјата да знам со него ќе ода, туѓа аргатка по полињата ќе стана и од него не се дела. Само да си дојде ошче еднаш!“ ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Нашите се двечки, малечки, оти да си и даваме! — Се опули во Митра и си рече: „Та м'сна м'ња, песјачко една!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Братучедите, седнати на грмот под големиот орев туку што решаваа да станат да си ги измијат порциите од ручекот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Од појасот му ѕиркаше змиулест сор, алатец силен и за гранки и за човечки жили. И на неговите шепи им тежеше крвта.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се решив да си го земам детето, да го извадам од болницата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По некое време излезе на паркингот за да види дали надвор излегле да си играат други деца.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
До гледање. Дојди кај мене да си играме, ама со чисти раце.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Токо, ете, вака, кога грашок, кога леќичка, тиквичка, пиперчички, расолец — дури да си го заколиме гуцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Имаше и еден друг кој тврдеше дека во неговите постапки со подароците имало нешто анѓелско. Такви знаци иделе озгора.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Ама, попе, настојуваше баба, ние сакаме да си го ...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ако одите во земја во која нема галерии, нема музеи, ви советуваме да си обезбедите телохранител зашто местото ќе биде прилично диво.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Оф јас сиромав само со умот што се богатеам, оти уште еднаш јас ќе било касмет да си одам, ами види го тоа широко море: до кај јас да се вратам уште еднаш назад, овде коски ќе окапам и друго ништо“.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Трчам од некаде да си ја спасам мршата фрлена на подот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сакам и јас да појдам, ама којзнае дали ќе знам самата нешто да си побарам, да си купам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го утеши и го пушти да си оди дома, да слуша свекор и свекрва и да му жугне, макар по мува, кога ќе си дојде тој арамија.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ние на факултет имаме историја на Англија.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Таму, т.е. на Косово Поле рекол господ да си ја загубиме царштината за казна затоа што не сме ја чувале верата чиста.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И продолжи да си ги гледа како секоја мајка рожбите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Никифор Абазовски, земајќи ме во заштита, почна да си мрмори: — Аман од тоа братство и единство, вели, кога никој не те сака за брат!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ми се зеде сонот, што се вели, и не можам да си го вратам. 70.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Кога се свртив навистина забележав дека седи загледан во хартиите пред себе, фрлајќи на подот понекоја од нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кој не ќе ти даде, само кажи ми го, - му порача Луман на станување кога некаде по полноќ тргна да си оди.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
156. Кои се тие историско-културни услови што нѐ присилуваат: прво, да си создадеме свој литературен јазик и, второ, да си го избереме имено централното наречје? Еве кои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едни си помислија дека некоја нужда го спотерала да дојава до Потковицата, да си го поткова коњот или да купи нешто од дуќаните, други дека е некој бестрашен ајдутин или Турчин зулумџија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дури свет светува, дури сонце грее ќе се слуша песна радост ќе се слива, Републико наша, наша братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Море, седи, ослепаго, како су чинила измет на ваа куќа толку години дури вие да се жените со браче Илка, ќе чина и сега, токо ние сакаме вие да си се удомите, да си имате друшки како шо си имате, а за измет — ќе чина гајрет дури да потпркне Ѓурѓа ошче некоа и друга година, па после и мене ќе ми се поолесне товарот!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Пред тоа малаксал демнејќи колку валцери може да издржи мочниот меур на Сигмунд Фројд пред да си ја дувне од Виена без да се збогува со своите сестри и без точно да се утврди требен ли е толкав масраф за едно обично ракоплескање во ритмот на Радетскиот марш
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
За нив, доволно било да ги пружат рацете, да ги впрегнат прстите и да си ја наполнат шаката со храна од некои од фишеците на соседите.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кутриот Михаил, дури сега немаше со кого да си поприкаже и кому да се пожали.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Има да си ја свршиш онаа твоја задача што си ја започнал и не си ја завршил и поради тоа падна во очај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во овој вид приказнава живееше сѐ до есента во 1871-та; тогаш, зашто не дојде татко ѝ да си ја земе, Драганка како што кажуваа Јанческите, на двајсетгодишна возраст се омажи за Анѓела (крстен на деда си) Атанасов Анѓелов Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Не ти даваат време да си ги кренеш панталоните.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се готвам да си легнам и тогаш болките пак се јавија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Штом некој нема да си го плати данокот, тој ќе го фати и ќе го тепа се додека овој кутриот не му ветел неколку дена работа на неговиот имот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Татко ми, дедо ми, предедо ми, ако се викале поради недоразбирање Бугари, тоа уште не значи оти и јас треба да сум како нив во мрак за мојата народност; ако се викале тие Бугари, тоа не значи оти ние ќе треба да престанеме да им веруваме на Русите за атер на разни Стамболовци и Свирчовци, наместо заедно со нашата пролеана крв ние да си го бараме правото од каде што треба, да допуштиме да ни се бркаат во работите луѓе што и самите не знаат што бараат; ако се викале моите дедовци Бугари, уште не значи дека јас имам право да ги експлоатирам македонските интереси со издавање весници, кои наместо да ги бранат интересите на нашиот народ – ги бранат бугарските и интересите на бугарскиот кнез.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
„Ајде, Рајно“, и велам јас, „изброј до три и сврти се кон мене. Погледни ме.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Дали нешто нагази или нешто го начара, дали некој му наврза нешто, којзнае што му стана за да не може да си легне со невестата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И за вистина, Силјане, клетвата од старецот, што ги колна прадедови ни, ни се исполни и до неколку години сите деца од лошата сипаница изумреа и останале сите како црни кукавици без челад; да му е милост на Бога, зер нејќел да нѐ сотре сите, ами и дошол на старата од стариот на сон за да им каже на дедови ни да појдат кај изворите и во едниот извор да се искапат, та ќе се сторат штркови, и да прелетаат бело море и црно, та да појдат во вашата земја и тамо челад да родат и да ги изгледаат, та пак овде да си дојдат и да се искапат во другиот извор, та да се сторат пак луѓе.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да си ја постелам - ми рече - да јадам па и да се забришам, да не бидам размачкан околу устата.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ќофтиња од кал Тоа утро Дора и Ане се скараа. Додека правеа ќофтиња од кал, Ане го побара лончето и сакаше да си го носи дома.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Убав изговор да си го направиш надевањето измеќар...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Таа го пречека на вратата и веднаш му рече: - Тато, дај ми динар да си купам сладолед.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Да си ја наместиме чергата колку што ни се долги нозете? Чаре? Дали гледаш чесен излез?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Едно затоа што ако направат нашите беља сега кога валијата е тука, тој може да си рече оти тоа е и против него, а второ, уште полошо ќе направат ако бегот ги побара терачите а селото да нема да ги даде.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
За конкретни и познати физиономии од минатото сигурно не размислуваше (иако ѝ беа познати многу од лицата на расфрланите наоколу фотографии) додека бурињата понекои полни со вино, и поредени токму овде, каде што се наоѓа сега софата можеше да си ги замисли.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Вака само умираш, а смртта никаде не можеш да си ја видиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Јас тука, од мојот скромен поетски опит, ќе се обидам само да си ги преповторам себеси толку познатите и толку значајните белези со помош на кои поедноставно сум си ги разрешувал своите бројни дилеми во процесот на создавањето на песната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Некоја гемија дали дојдува покрај земјава ваша за да се качам и да си одам?
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Што ја натера после да си го одземе животот, не знам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа ќе биде како тапан на сред село да си ропнал да ропаш. Боже пази!
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
МИТРЕ: (се испружува убаво). Шуќур каде оставил господ лежење, да може човек да си ја одмори снагата...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Си дојдоа дома, ги распростија алиштата по драговите да се досушат и седнаа да си плетат кај Бојана, оти пак да не си дојде Ристе со маските и да замине за Прилеп!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Таа вечер ни дадоа и добра храна и нѐ пуштија порано да си легнеме. На полноќ аларм!
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Забораваме дека имаме далечински управувач и дека на вториот канал еден македонски романсиер раскажува како се наоѓа среќен крај за својата книга.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Кире ја разбра пораката. Се одвоија. Дедо Ѓорѓи тргна по патот, а Кире остана да си игра покрај овците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Имамот чувал во подрумот разни прехранбени производи, како што велел, за црни дни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Така е подобро другари, така е многу подобро“, додаде таа охрабрувачки додека Винстон, со жесток напор, за првпат во последните неколку години успеа да си ги допре ножните палци не свиткувајќи ги колената.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Не чини, си велам, да е човек и пречестит и прескромен”, и со таа мисла станувам да ја спасам ситуацијата која од пресраменост влегла во ќорсокак, кога гледам - имам што да видам: тие се држат за раце, гувеат и немаат сила да си погледнат ни в очи, а камо ли да се поканат да танцуваат.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Нели, сосема обични зборови а може да се случи да ги запаметам и да ги повторувам многу почесто одошто би можел сега да си претпоставам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но тогаш тој, гробарот, ќе мораше да се пријави како технолошки вишок, и да си ја погребе сопствената идина.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Мајка веќе беше будна, вечно внесена по редот во куќата, по навика појде кон чардакот, да си рече доброутро со Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И реши да го осуди Трајка на смрт за да си ја излее омразата и спрема Анѓа.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
А ние од двете страни во нејзино име јуришаме, паѓаме ничкум, со лице удираме во окрвавената земја, ја гриземе за да си ги олесниме болките, да испуштиме последен крик и здив.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Не тормози, туку веднаш објасни ми, ќе задоцнам, може да си заминат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
– „Ја чекај да си позобам троа црвје, и така ми се јаде,“ си рекол Силјан и си влегол во браздите да си збира црви.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ех, колку, колку убаво би му било на Бојан да си поигра со срната, да ѝ шепоти, да ја гали, да го освојува нејзиното пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Свеќи ќе купам во разни бои, за по дома да ги понесат, пред спиење да ги палат и да си ги чуваат, па да ми ги вратат изгорени и да ми се пофалат што сѐ убаво им се случило, а, ако колата низ брдо тргнала, секогаш можам да им речам дека, ете, сега месецот и ѕвездите ќе делуваат врз нив и дека моите предвидувања ќе почнат како лавина да се случуваат. Ама, од утре!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Станувам и одам во бањата за да си ја измијам засирената крв околу устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
... Погледни ме веднаш сенко моја што така немо си седиш и залудно ме следиш Не заборавај сенко, си втора по судбина, после мене А мора, мора да си наследила барем нешто од она што јас вешто некогаш го правев а ветерот го однесе за навек Побарај ме сега види Во мојот дневник Дали јас некогаш те славев и оставив аманет да продолжиш по мојот пат Заборави засекогаш на моите патила Извини за она што некогаш те мамев Врати ми сега, ако не си ми вратила
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Кога ќе ја добијам првата плата, ќе си купам ламба, една убава од месинг, а кога ќе заштедам доволно, ќе си купам и кревет од месинг и една од тие масички со дезен на шаховска табла, знаеш тие со коцки од различни бои дрво, како и неколку килимчиња, и потоа ќе ги поканам на вечера него и жена му; никогаш не би можел да поканиш некого на вечера во куќата на Мајкл зашто таму никој не ги мие садовите и нема ништо друго освен Боб Марли постери и нечистотија и напади на врескање.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сполај Богу и тебе, мајче... да си жива и здрава...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Од другата страна на Вангела се размрда Родна, ама тоа го правеше така како да си е само со својот Петар во затворена одаја.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Значи, Стале, по планот што го скрои уште првата година кога стапи на работа кај отец Арсенија, треба да биде игумен на овој манастир, а тоа значи веднаш да стане богат човек и да си заживее како што живееше самиот отец Арсенија и редица такви како него „испосници" и „божи угодници".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така: со денови, со ноќи да не можам да си легнам, од раце да го иставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се доизвикува и наврапито се завртува спрема гробот, се прекрстува и откако изговорува Бог да го прости зачекорува да си оди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нема што, прекрасно јагне, рекле. И тргнале да си одат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Мораш така. Сметот е лош. Но можеш да си играш некој вид на игра.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Кај што си оди жив и здрав да си стигне, бериќет да го чека.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Оттогаш, сите користат религиозни слики, Madona, Guns ‘n Roses.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
На нагорно треба да те турка некој, а на надолно треба сопирачки да си врзиш на нозете, си мислам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Си ги наведнав очите и почнав да си ја враќам назад, да си ја прибирам раката. Небаре удрена.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Како да не! Ке ода да и го арча златен барут и сачми на Турците, кога можа со него да си отепам десетина лесици", — си префрли преку Становица, оставајќи го својот десетар Ушка да вика во темницата: „Кај вати, Петкоооо!“
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Можеш и да се исчешлаш и патецот да си го исправиш, да си го поправиш. 179
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Неочекувано бедното човече скокна и пред домаќинот и другите да си дојдат на себе, да го зграпчат или да го соборат со удар, се стрчна и со скок на преплашен јарец ја прерипа искривената ограда од прачки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го тргна за уши, му го даде кавалчето и го пушти да си оди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но време е и кратовскиот рудар да си замине у пензија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Верува дека нема да го пропушти, во тоа неговиот творечки дух насетува прикаска, но тој е автор кој, прво, пишува за свое задоволство и, второ, сака да си постави мамка на која ќе се фати за да може добро да влезе во играта и успешно да исплива од неа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Костадин не се лути, не се развикува како што знаеше да прави, седи така облечен во неговите алишта, климка со главата ама лицето не го врти на кај неа, пак мирно го пушта својот глас, мек, топол и во него топла грижа дека таа навистина треба да си поспие да собере нови сили, а тој ќе бдее врз внучињата нешто да не ги нараси, да не се појави стаорец од некоја дупка и да се полакоми по некое носе или увце.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Туку ај, да си одам, да се преслечам, вели Мисајле, оти и мене студот ми се вовре низ алишта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но новата висока група, за разлика од сите нејзини претходнички, не дејствуваше инстинктивно, туку точно знаеше што е потребно за да си ја заштити позицијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
„Ако си дошол да ми ги пренесуваш озборувањата на маказарчани“, реков, „те молам да станеш и да си одиш. Гнасно ми е веќе“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А Прозорецот остана здрав. Не можев да си поверувам на очите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Се иставам назадгазум и алкам да се фатам за нешто со рацете. Да си помогнам. За да не паднам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Мачно е да си тажен во еден олку убав ден, рече Роден Мегленоски, и ваков ден не е за погреби. 10
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И враќањето за спасениот од смртта, било нова казна, кога тој повеќе не можел да си ја познае ниту родената мајка, љубената, децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Танас се замисли. - Што да ти речам! – присторе. – Ако ме слушаш, татко ти вели да си молчиш.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И така Дуде растеше од Груда до Горда, додека слободата слегуваше од планините до градовите, прво во опинци па во цокули па во чевли, а сирењето што им беше и појадок и ручек и вечера сега го немаше ни за лек, додека се подавија во пипер и патлиџан, барабар во краставици со сите кривини, а девојчињата што ги израснаа крутите селски здолништа немаа со што да си ги покријат пожолтените гаќички па навлекуваа куси панталони од постарите браќа и ги префаќаа нивните кражби по соседските овошки.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овчарите ги оставија бравите и навртоа на пресопта да ги топат опинците во локвите и да си налеат вода.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Србин го поднабра челото и побрза да си го прибере погледот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога го беше зграпчил за врат, тој со повици ги викнал своите двајца другари, на кои им го препуштил да го држат, а самиот само за миг си ја беше пикнал раката в чизма за оттаму да си го извлече кутичето со тутун, и барем малку да си го освежи својот секогаш измрзнат нос; но тутунот, веројатно, бил од таков вид, каков што не можел да поднесе ни самиот мртовец.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Мораше да си докаже дека животот ѝ е повеќе од концепт и некаква книжевна, вештачки конструирана атмосфера.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Козите на Чанга како да си го знаеја редот, па сега ова негово непредвидено истрчување и запирање пред непознатата коза не ги предизвикуваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сакаше да се врати, но се сети дека ќе биде сомнителен и ќе направи уште полошо; затоа смело тргна напред преку мостот и почна да си свирка со устата.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но Бугарија не го направи ни едното ни другото: не го направи првото, зашто Бугарите се сметкаџии и се готови да си ја земат Македонија ако им ја подари некој, а инаку – ако сака нека биде запустена.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Едно е што ми побара илјада денари што му потребале за да си обезбеди уште една доза од белиот прав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Ама јас колку имам слушнато, таму дечкото се маскира, а не женската.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Всушност толку малку го познавам што не би можел да си претставам како се чувствува сега.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
МАРА: Убави пари спечалил, да си ги ќердоса.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А ако сакате, - рече, - можеме да си играме заедно. - Можеме, - рекоа децата. И си заиграа заедно.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
– „Море колку за нив знаеме оти се сторија од брат и сестра две пилиња, му рекле сите, туку тој век друг бил, кога шетал Господ по земи и светците, да слушале луѓето што зборувале, а пак севишниот век повеќе ѓаволот шета по земјава, да од тоа тебе не те веруваме да си бил штрк.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дури и да е осум, во шест треба да си станат ако сакаш да стигнеш да го фатиш авионот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
- Знаеме, бидејќи почуствувавме како ги испушти јажињата од раце, а за нас елените – влечачи тоа значи дека сме слободни, дека можеме да си поиграме.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Тоа само си остануваше да си биде, а со него остануваше да биде и тој.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со народот да си добар, тоа ќе ти остане. Да му појдеш на радост, да ти дојде...
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Ама, мораш некако да се подотераш, да си ги освежиш запоставените образи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓутоа, на лаичката публика што не располагаше со такви сонди за да продре толку длабоко во историјата на уметноста, ѝ остануваше или со бегол па и презрив поглед да помине преку мачканиците на платната или да се препушти на начудувањето пред ѓаволското оро од богатство до експлозија на бои, во кои можеше да си замисли или препознае што сака: расцветан трн, изгниен чинар, скршена играчка, дел од човечки лик со око во уплав.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Чекајте го на патот преку река. Оттаму ќе го пуштам да си оди.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Баба му го облече убаво Зоки Поки, му ја стави топлата капа и го испрати пред зградата за да си игра со децата.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Стиснат така одзади, како токмак во обрачи, Грдан зјапаше во прозорецот што гледаше во кубето небо од осветлениот град и се обидуваше да си ги замисли низ ношницата нејзините гради, нејзините бутови и нејзините колена.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И кога овој надолго и нашироко им ја исприкажа случката, двајцата родители почнаа да си ги корнат косите и да тажат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Да се поздравиме со Огнена Ѓорго и да си одиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А сакам да ви пригода по некој сомун за пат, оти веќе време е да се разделиме и секој да си а гледа работичката, кога веќе му се издутнаме на Бахтијара вчера.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Онаа нервоза што ми ја предизвика жената ми се враќа со уште пожесток налет и си велам самиот себе си: што не си се вратиш да си умираш во постелата туку и умрен не престануваш да правиш глупости.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Тој беше доволен и од тој редок оброк, Велика да биде негова макар и на една — две недели, и да си живее во изобилие, отколку да мизерува и без никаква женичка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Веројатно би ја дозагубил веќе пореметената рамнотежа.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Јас, каков што ме дал Господ, бев готов да се спротивставам во Комитетот против начинот на кој работеше Сврделот, ама не можев да се решам зашто јас бев, да си признавам, помамен по сестра му Гала.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Други ќе расудуваат оти со полното отцепување, од една страна, ќе ликуваат нашите непријатели, коишто ги насочуваат сите свои сили да ги ослабнат балканските Словени за да си подготват почва за разделување на балканските земји помеѓу нив, а од друга страна, оти тоа ќе нѐ натера нас Македонците да се откажеме од нашиот прв долг, да се бориме за политичка слободија, да разрушиме сѐ досега направено и да зафатиме сѐ одново, така да се рече, од азбука.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Борис Калпак го легна дното на пушчениот кундак врз штотуку отворен мравулник и рече дека ќе го избрише од дружината кога ќе му ја остави главата на камен да си играат со неа ноќе лисици и лисци, да ги учат малите лисичиња како се глодаат коски.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Овие денови вежбам. Ти даваат пар дена за вежбање од почетокот и после отприлика третиот ден почнуваш да си разработуваш систем.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тогаш право е да си ги делиме пополу, а, што велите вие?
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Змејко сега се мачеше да погоди што можеше да биде во неговата собичка она, што не би ѝ се допаднало на Мара, сето време просто ја гледаше како таа го изнаоѓа тоа уште со првиот поглед, а кога не успеал во тоа, тој ја пушти таа пуста работа и отиде да си ја сместува храната.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас сум таа, заедно со татко ти, која упорно го поткрепуваше твоето убедување дека човекот мора да си го сочува својот интегритет, да биде способен да ја забрани слободата од детските дни, и надворешните присилби да ги направи што е можно побезопасни.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Секаде може да се шинам, да си ги шинам зглобовите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слабите ноџиња ѝ се склопчија како ноџенца на мало пајаче, а рацете ги држеше пред лицето, обидувајќи се да си го покрие.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дојде да си одите дома, вели, а насмевката не ја испушта од уста.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се лажам да не така побрзо ќе си го најдам детето, да си го приберам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се сеќавам на бројот и квалитетот на комплиментите што ми беа упатени во разни прилики.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Веќе вторпат тој ден немаше да можат да си ја довршат играта.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Дури кога ги подмири поважните работи, реши да си сошие и едно летно палто.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дојдете вие плеќести црни мажи деца и неба и времиња -по коритото на оваа река да потече и вашата судбина на местото на овој мост извишен над вашето небидие да си прочитате: векувајте со мене!
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Далтон ѝ раскажа за една ноќ во средно кога пиел пиво со своите другари.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Држејќи го малото раче, Доста почна да си реди: — „Милата рака на мама, мила.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Вели дека сега ќе биде грд, без својот величествен нос, среде тоа назално се смее, ме подбуцнува, а јас не знам дали да му верувам или не.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да палиш вивка нема потреба, вели Костадин Дамчески, време е да си одиме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сполај ти ногу и да сте живи, вековити, да се ќердосате, господ некој к'смет да ви даде, и од ваше срце да си исчекате и кршчење, и свадби да направите!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Посака и тој да има во својот стан такво легло, но бидејќи беше мрзлив не можеше сам да си изгради.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Само продолжи така; кај Надежда на кафе; со другарка ми Славица одам да прошетам низ населба; со другарка ми Софија бев во „Багдад кафе“; ќе појдам до кај сестра ми... а децата нека прават што сакаат, секое на своја страна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Значи ништо не знаеш за нив, а најмалку знаеш за нивните карактери и за тоа дека тие без зборови а само со нивните женски абери умеат да си го добијат она за кое сметаат дека им го должиш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Му реков: „Само малку повеќе да си бил настојчив, финиот капетан Живкович можел и со ордонанс да те стори.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
„Еве го моето зајаче!“ Сите деца ќе сакаат да си имаат вакво зајаче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Ако се вели - лебами, лебами ти велам, на нејзината уста како да си го гледав животот, целиот свој живот и она што е секогаш до нас, а не можеме да го фатиме...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наследството што ѝ го остави тој не беше големо, и добар дел од него Кети употреби за неговиот богат закоп, но сепак ѝ останаа доволно пари за да му купи камион на еден од своите зетови, за да си започне свој бизнис.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Тој веќе се повратил и се мачи да си ги најде нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Замина потаму, дури откако успеа да си го придуши во себе сиот тој зоврен бес.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По неколку години од возбудливиот настан со сестра Ангелина, почувствував некоја чудна сила која ме тераше да го пронајдам и извадам портретот, повторно да му се навратам, да го поправам, да си го окајам гревот. Големиот грев.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Алах да Ви ја умножи благоста, највисокодостоен, рече Софроние и зашто мислеше дека приемот е веќе завршен, направи движење кое ја потскажа неговата намера - дека е готов да си отиде.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Каков анален простаклак од устен происход е да се каже: „Овие не се мустаќи, ова е сунѓер за газот бришење; ова не е алатот, ова е џезве за кафе да си варат жените; овие не се очи, овие се ламби за да не одат жените на мочање по темница; ова не е глава, ова е шутка, во неа да се мочат и серит домаќинот и домаќинката, сега е зимно време, мрсно се јадит, дрско се серит.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Честопати Цвета доаѓаше за да си играме. Понекогаш не бев толку редовна, но чувствував дека ако одам на гробот – полесно ќе ми биде.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Времето му дозволи да се преиспита и самиот себеси и да си побара одговори на некои загадочни прашања.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Набргу им се придружија и сопругите, на брзина ги кренаа празните чанчиња од мезето и потставија две кафеаво црвеникави тави во кои имаше по две големи половини модар патлиџан, исполнети со богата содржина на јадењето имам бајалди (онесвестениот имам), од кои се ширеше миризбата на печениот зарзават, во покрај модрите патлиџани, се гледаа златесто зеленикавите испечени бамји, ситно сечканиот магдонос, зелените позлатени пиперки, растопените црвени патлиџани, прошарени со испеченото мелено телешко месо.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Перса повеќе како да си зборуваше на себе си, чиниш мислела дека сето тоа не го кажува гласно, туку го мисли во себе, оти одеднаш се сепна, молкна и рече Ништо ништо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Овчарите се размрдаа и рекоа: - Треба да си одиме.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
И после, кога се размислив што можеше да стане, цела ноќ да се превртувам и да си ја тепам главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сето тоа Еразмо го прими со болка која што ни самиот не беше во состојба да си ја олесни.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Кога Турците сопственици на чифлизи почнаа да си заминуваат од сета Пелагонија и од Потковицата и да се населуваат во градовите, тоа стана по бојот помеѓу орлите и штрковите кој во 1901-та започна на Алилово и се пренесе во Беговски Ловаѓе, односно тоа произлезе од страв од она опачно претсказание што го срочија христијаните по победата на штрковите над орлите, дека му е блиска пропаста на царството, жителите на Потковицата од своите бегови купуваа земја во близина на чифлизите или во дворните места на чифлизите и на новооткупената земја подигаа живеалишни куќи и се делеа на клонови.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Во клетиот капитализам, експлоатираниот работник по напорната работа може да си купи softy gun, и ко некој кретен да прави балони.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
- Ај да си допојдам, вели Неделко Сивески и излегува од градината, ми се оддалечува, ми се губи по патот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од предворјето на манастирот, од кое се простираше чудесна глетка кон полнотата на Езерото, се разбира, преку границата, на другиот дел од блискиот брег, си го гледавме, кога беше убаво времето, со голо око, родниот град, а со една стара Таткова дулбија, донесена од Цариград, со која го минавме Езерото, можевме да си ја видиме нашата куќа, крај Езерото, на чие место се крена зградата на Градоначалството.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ни се удираат срцата, сакаат да си ги сменат местата и ќе ни ги скинат предниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашиот ѕвонар прекрасно знаеше да си ја чува карактеристиката.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Не се потргнува да го видам, убаво да си го претставам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оние поединци кои го имаат посетувано училиштето за стравувања и стравотии или пак оние другине кои на панаѓурите навикнале да ги шетаат одаите на ужасите можат да се досетат како се чувствував.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Значи, - се замеша и Коте, - можат да си ја гледаат работата, - рече, зошто сѐ повеќе почнуваше да мисли на мисериштето и на компирите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Почна да си шепоти сам за себе разни неврзани зборови: Најпосле го праша Крстета.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сега знам дека изутрина ќе си дојде, ако може да си дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
ЦОНКА: (По него.) Поцко, синко, не прави такви шеги со господа! Слуша тој и кога шепотиш, знае и што ќе помислиш.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Притоа воопшто не ме обескуражуваше фактот дека не можев да си ги замислам нештата што ги бркаше за да ги достигне; напротив, си го придодавав правото да верувам дека сепак го знам, дека го познавам барем онолку колку што себеси се познавам, а притоа, вистината ви ја велам, дури ни вистинското име не му го узнав на мојов Човек, бидејќи тој ми рече а јас му верував дека така било подобро и за мене и за него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ѝ беше толку мил и драг што не можеше да си го замисли својот живот без него.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Дајте ми да си поткаснам, па откако ќе легнам и ќе отпочинам, тргнуваме кон преминот на проблемот.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Кога ќе пораснеш во друго поимање ајде пак да бидеме истородни болки и ако тоа „пак“ го нема, Нурудине сине да мине докрај сѐ што иде, барем ќе се биде сега дојди петкамен да се играме во бесчас дојди среќите да си ги измислиме без нас.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
— Сега ќе ви пуштиме чоколада, вели, мора да си го повратите месото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Останаа тука без да си речат макар и збор сѐ додека не наиде еден селанец, пристар, кој наврати да се напие вода.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Дедо послушно го спушти ракавот и почна да си реди пасијанс со картите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Откако се заколнавме и рака му бакнавме на владиката кој стоеше пред излезот од црковниот двор, тргнавме да си одиме дома.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
На годината беговите го натерале аргат да им биде, иако тој собрал некоја пара да си купи некое нивче.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кога живеете во сиромашниот Трет свет, а преку оградата е олицетворението на Првиот, со сите свои добра, кои нема да можете да си дозволите со вашата минималната плата?
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Еве што ми остана во паметењето: оној ден додека ја отворав вратата за да си заминам.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ако си навежбан, немаш проблем: бицепси, листови на нозе и подготвеност со насмевка да дочекаш некој наркос, кој, и покрај силното обезбедување и камери успеал да се шмугне и да си направи спална соба на 6. меѓукат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој ги научи во манастирот сите поповски марифети од поп Спира, на кого му помагаше во службата како нему што му помага сега Кушо, и требаше само да го „благослови“ владиката и да си започне со работата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Постарите можеа и да претпостават, но никој не можеше да си замисли дека заминуваме засекогаш.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
АРСО: Море, море! Што е ова, чорбаџи Теодосе, како да си влачел волна — прав, влакна...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ама повеќето веднаш си фатија сенки под врбите и тополите, си ги распослаа веленцата и започнаа да си ги редат јадењата. ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Нервозата со еден збор произлегуваше од општото сознание што лебдеше во свадбено декорираната синагога во Данциг, дека младоженците безостатно треба да си заминат некаде на друго место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Само булукот кажуваше дека може да си го најде чарето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ете зошто час поскоро треба да си ги одделиме нашите интереси од бугарските. Тоа го бара од нас благоразумноста.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие пукаат оздола, а ти не смееш да им вратиш, да си го кажеш местото.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На местото на семкарата карши Градежен сега има фонтани, а порано печени костени и сокчиња од сируп со сода секогаш земавме различни за да си делиме.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Борис Калпак му ја подаде пушката на Чучук-Андреј. „Заповедај, синдраку, да си ги измериме гробовите. Рацеве ми се празни.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Јас сум вдовицата која над челадта свои бдее, па ни коп ме плаши ни болка од кобта, ни пустински ѕвер...та и тој ако ме проголта, жива ќе излезам од него, ке го распарчам одвнатре, децата да си ги спасам...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По ова, Јаневски не можеше да си го наплати своето парично побарување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- И, затоа - прифати Даме Груев, сите треба да се заколнеме дека чесно ќе се бориме сами да се ослободиме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
кога ќе испуштаат душа - кожата им продолжува и понатаму да им поигрува, да се тресе, како под неа да јураат ситни бубачиња со голема брзина; другите ајвани, пак, коњите, магарињата, маските, ждребињата: пред да паднат, да се стропачат на земјата, се тетерават à наваму à натаму како пијани, како бунило или треска да ги зафатило: одат па се повраќаат, тргнуваат кон една страна, кон друга, се завртуваат во круг, и како пред нив да се отвора голема бездна, ги опнуваат нозете во земјата, се потргнуваат газум-газум и паѓаат; кога ќе треснат на земјата, продолжуваат со главата да мавтаат на сите страни како да сакаат да скинат некој невидлив оглав со кој се врзани, и удираат со предните нозе, гребат по земјата и, чиниш, си копаат гроб или кинат нешто што ги сопина; испуштаат душа со подзината уста, со искривена муцка, со пуштен јазик, со очи смигнати или отворени и рогливо извртени; над нив се собираат сите птици, сите кучиња од селото; дрпаат и завиваат; луѓето ги слушаат, се ежават и ги колнат: главата да си ја изедете!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
- Нејзе, кутрата, не ѝ текнува да си оди.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Сакам да речам дека сон е тоа што сакаме свои на свое да сме, значи да си имаме свое име и презиме, да си зборуваме и да пееме на свој јазик и поради тоа да не бидеме тепани, осрамотувани и влечени по судови...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мислев набрзо да се отарасам од неа и да си купам нова кола, инвестирав 0 евра во моторно масло и останати делови.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
А јас стоев здрвена со стегнати вилици, решена веднаш да си дадам отказ.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
- А сега има секакви работи. Дезодоранси, парфеми. Можеш да си ставаш за да не мирисаш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Арно ама, мислата, зародена уште на чардакот на вториот ден на Велигден, дека ќе треба Нешка да си ја оддели од неа, почна секоја ноќ да ја мачи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А можеше и да си го однесе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Како и да е, во ноќта за која зборуваме Ѓошо Савев заспал со прекрасното разбирање за „пепругата - душа“ што претпочита да лета поттикнувајќи ја во размислите претставата за единствениот цвет во природата кој може да си го менува местото и положбата и да се лулее во воздухот без помош на ветерот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Дико тоа чекаше. Се правеше неизмолив и упорно повторуваше дека Бошко ќе треба да си плати за грешката додека најпосле не рече оти тој сака да му помогне, ама еве не може.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Кутнатиот беше тој, и сега требаше да продолжи да оди и да си ја скрие, да си ја засолне таа своја кутнатост во колипката на неговата пилана, и тука повеќе никој и со ништо не можеше да помогне.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И покрај именувањето за социјалистички судија, тој мошне добро ја знаеше тежината на новата позиција, останувајќи крупна ѕверка која талкала по повеќе балкански дивини и на која, еднаш засекогаш, требаше да ѝ се постави вистинската стапица, од која не ќе може да си ја спаси главата!
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Татко продолжи: - Ми фрлија неколку трошки, за да си ја смират совеста.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Партискиот секретар стануваше сѐ позагрижен поради овие барања, дури некој спомна на еден состанок, и оставка, а и тој самиот напати ќе си помислеше да си замине од функцијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Само од вој клечко Крсте Попов“ — и не знаеше да си даде одговор.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Суштината е незадоволеното лажно его – рече старецот. –За да се задоволи егото, својата чинија со лоша храна мора да си ја земат.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Их, како не беше учена ваа моата чума да си земаме две плати!“ — се жалеше Бино, но откаде докаде во Мариово учена жена и даскалица?
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Го нема, но треба да си го замислиш...
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но овде гледам скалите му се потребни за да си ја искаже својата постојана амбиција за искачување, за некој вид победа, за која инаку во секојдневието се чуваше да зборува со сиот порив што го чувствуваше, додека во ракописов, бидејќи фикција, што би рекле критичарите, нема психолошка кочница.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па затоа, ајде да да се покажеме како најлоши во тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Рече да си одите, да не јадите ќотек. – За ќотек сме дојдени ние, агачко, за ќотек.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ѓупци да си ги бришат носовите од раката моја!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Работи речиси два пати побавно од својот ќелав колега.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А постоеја тука и други околности. Работи што не се прескокаат туку така. Нели, тој, дед Павел, беше Белогардеец.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Само да се изјасниме, вие рековте тајно, во тој случај ќе треба јас сабајле да си заминам, а Антица да си се врати при мајка си. Така ли?
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Сите слегуваа долу, во Оровник.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
КОТЕ: (крстејќи се). Ај, кај си намислил да си стаса!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Само да си лежи на одарот. Глигор ќе работи под одарот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сѐ уште бакнувајќи се, му го искинав сплесканиот, исушен омот и тогаш тој ми отскокна низ прстите како федер од часовник и падна во песокта меѓу нашите нозе. Ми се тресеа рацете.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во Чикаго имаше една анкета што се направи меѓу луѓето што сакаа да се женат: им дадоа фотографии на разни жени за да си одберат која би сакале да ја земат за жена.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Всушност, какви закони споменувал пред тоа Доце Срменков, што сакал да им каже на дојденците додека ослепувал од утрено сонце?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Сака, ете, да си ја стави извалканата шепа врз секој негов најнов цртеж, за да изгледа како печат; сака да лизне од секоја чаша млеко што Зоки треба да ја испие – но кој му дава!
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
И ова старче, со она негово пониско рамо, продолжуваше веќе и да си ги валка своите вредни раце со некакви ситни кражбички, и беше сѐ порадосно, мислејќи дека еднаш и тој мораше да дочека среќата да му се насмевне, сфаќајќи ги за своја среќа токму тие свои поеднипати и до смешност бесмислени кражбички.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дури, можам и да си помислам оти на моменти се јавувала во неа желбата да ѝ се јави!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
И дури чорбаџиите, задоволни од победата над сиромасите ги пратија момците да ги дотераат воловите од говедарот, сиромасите почнаа да си кршат прстите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа јас би рекол да не ѓибаме ние вадева, ами да си прејдиме пак преку река, та шо ќе намине крај нас да си свршиме работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
По радио јавија дека пожарот на Вардариште успешно е локализиран“ рече една од трите баби кои излегоа да си поседат пред влезот и да си помуабетат - небаре се седнати пред порти во некој далечен сокак од нивната младост.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Штотуку беше се спремил да си се прибере во своето легло, тој забележа како некаде на самиот најгорен крај на голината прострелка една сосема поинаква црнка, а после, наполно откриено, таа зеде да ја крстосува неа со своите високи скокови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Зар толку не можеш да си ги втасаш рацете, продолжува Рогожаров, зар толку не можеш да си ги фатиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
— Ај да си легнеме, велам, дури не се разбудиле другариве.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Случајно го отварав профилот на татко ми на Facebook, зошто тој ме натера да го поучам како да си го управува и тука ме најде Змејко.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Да си ги ебам мртвите во гробот, ако лажам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
ФРОСА: (крстејќи се). Со здравје да си оди, со лес да си го помине патот. Со лес и со чест да си спечали.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Во семејството на еден скржав имам неговата домаќинка била принудена да меле пченка, кочан и кора од дрвје за да си ги нахрани децата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Второ, парчето лебец почнав да си го заработувам сама.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Однеси ме кај кучето, ми вели, жити мене однеси ме, вели, сакам да го видам, да си поиграм.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Одеднаш видикот ми го разубави една тешка бела мачка, ишарана со жолтопортокалови дамки, која лежерно се прошета по верандата и седна на скалите, вртејќи ми грб и гледајќи го истиот пејзаж како и јас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Кај си досега? - го прекори таа. - Бев кај Коце... со него игравме. Се изморив. Постели ми да си легнам!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Притоа сегашното и поранешното признание нема да си противречат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ништо да не можам да си заповедам: ни рака, ни нога.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, една по една, Зоки почна да си ги става карамелите в уста.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Една вечер му рече на деда си: - Дедо, донеси ми ја онаа ѕвезда. Сакам да си играм со неа.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Непрестајно му се појавуваа слики една од друга почудни: ту го гледаше Петрович и му порачуваше да му направи шинел со некакви си стапици за крадци, коишто постојано му се привидуваа под неговиот кревет, и тој постојано ја викаше газдарицата да го извади крадецот дури и од под јорганот; ту прашуваше зошто пред него виси неговата стара риза, кога тој си има нов шинел; ту му се чинеше дека стои пред генералот сослушувајќи го соодветниот прекор, и дека постојано вели: „Извинете, ваше превосходство!“ – најпосле, дури и пцуеше, изговарајќи најстрашни зборови, така што старата газдарица дури и се крстеше, зашто никогаш не беше слушнала од него ништо слично, дотолку повеќе што овие зборови следуваа непосредно по зборот: „ваше превосходство“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А кога ќе се сети, ти вели: Ми иде, сосе вошки, да си ја изедам главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Исто така, малите држави мислат сега оти Бугарија сака да се ослободи Македонија за да си ја присвои.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Даскалот Бино ја наведна главата. И додека по малку се надеваше да го поканат да си го земе старото место — даскаллакот, една вечер го најдоа во Село Манастир неколцина четници — поправо воени дезертери што ги бркаа со Јована — и го фрлија жив од една стена блиску до селото, во еден длабок процеп, од каде што ни орлите не можеа да го изнесат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ми иде од кожата да си избегам. Ама ете, на.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Треба да причекаме до утре за резултатите. По визитата може да си замине.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Товарот со кој си се нагрбил сам мораш да си го носиш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Можам да си замислам како си ги вадам сеќавањата од зад уво и одеднаш пред моите очи излегува бифокален објектив (што зголемува и што намалува) и во долниот дел ја гледам моменталната виртуална стварност, а во горниот моите електронски спомени од минатото (се работи за виртуален теле-микроскоп и во продолжение ќе зборуваме за виртуалните објекти).
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Мили Сашо, Ја добивме твојата картичка, која многу ме зарадува, а особено да си почнал да работиш во Институтот за славјански литератури.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Сега можеме да се смириме, да си простиме, си рече.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таа секој ден, откако ќе се измиела, откако ќе ги тргнела пердињата од очите, влегувала во Телото Исусово, за да си ја успокои душата, за да се освети и просветли, повторувајќи молитви искрено, чисто, простодушно: Господи, Боже наш, Ти кој си на небото, Создателу на земјата и на сета твар, Ти кој гледаш сѐ и си милостив и си жалостив и си справедлив, спаси ги душите на народецот наш и мојата молба услишија, ангел стори ме, во ангел престори ме; Господи, Оче наш. Алилуја.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
КЕВА: (Влегува и гледа низ прозорецот.) Уште не стасал куќата му онемилела. Дома не му се влегува.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Како можеме да седиме тука и тукутака да си прикажуваме?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
- Време е црвените глодари да си заминат у историјата - гласно говореше комитата шо обожава партизански филмови и Камионџије со Чкаља и Бурде. Така е, си помислив.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Беше немажена, уште неспастрена, што се вели, но дали мораше да блудничи со војниците и така да си ја развалува снагата?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Мамо, дали смрдам? - праша. - Не, - мајката не се мрдна од пред шпоретот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога ќе се смиреше, по испиеното кафе, во утеха ќе си префрлеше дека сепак не е негова работа да си го цепи умот за далечната иднина, за комунизмот, има за тоа поумни глави... ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Зошто ме влечкаш, вели, зошто не ме пушташ да си одам право дома?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ме згази, душата да си ја згазиш, слушаш, оф, мори мајко, што ти направив да ме родиш?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Свесни сме дека е тоа долг и неизвесен процес, но ние сакаме да си го направиме своето, во прилог на идните генерации, за тие да живеат и да работат во слога, разбирање и хармонија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Јас да можа да направа маѓии, ќе си направа за Мицето мое да си го прожена, токо толку да ти помине меракот, дај ми по еден шеј од него и од чупето, ќе му одврата вода, ама пак да не веруаш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Престана да си замислува и само чувствуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој, пред неа, а тоа беше можеби најсилното во нивната љубов, можеше, до дното да си ја испразни душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Вчера за ручек, жената на Јован, Ратка, му потури на Пандила да си измие раце.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А потоа едно зимско утро излегов на балконот и видов дека на столот на мајка паднал снег, го покрил нејзиното испразнето место.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чуствувам дека сакам да се потсетам колку време од сите тие визити поарчив трудејќи се да си одговорам на ова прашање.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Комисијата влезе во училиштето заедно со учителот и кметот кој од вратата им викна на луѓето да не влегуваат во училиштето, да си одат, да ги остават на мира да разговараат со Комисијата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Трпки, трпки надолу, ко да си испил лута ракија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А денеска ќе чисти за сметка на едниот изгорен, се разбира бадијала за да си направи пат до својот ѕид каде ќе дупи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Притоа, ако јас бев како другите девојки ќе го искористев да дознаам што повеќе работи за Стомачето, па истите да си ги употребам како уцена во врската, сѐ со цел јас да бидам во предност.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Нероден Петко, проклет да си ако зад ова стоиш ти!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ај, со здравје да си оди, жив и здрав да си се врати и со повеќе пари!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ти знаеше дека знаеш што е тоа, но не се осмелуваше да си признаеш. Од другата страна на ѕидот имаше стаорци.“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
НАЦА: (Влегува со елекот.) Еве ти го елекот, чорбаџи Томче.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога дошле близу селото Плетвар, кај дервенот, го видел Силјан полето Прилепско; ги видел Маркови Кули; го видел манастирот Трескавец, и од радост веднаш слегол до едни камење, за тамо да се потури со шишето вода, за човек да се стори и оттука пеш да си оди дома.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Нашите интереси треба да си ги изучиме и да си ги заштитуваме сами, а не да ги даваме во туѓи раце за да ги експлоатираат малите балкански државички.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Парите оставете ги на фиљан и фиљан место под тој и тој камен за да си ги земеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
И нас со здравје да ни дојде Анѓеле и да ни донесе, и ние да си имаме. Си работел со ум...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Жабе и натаму џвакаше јатки од млади ореви, гласовито зборуваше дека во светот се вади жива вода на сто метри длабочина, понекогаш и жешка, рацете, вели, да си ги изгориш, а Паско Бачо, како човек кој не чувствува потреба да бара прецизна причина за да каже нешто кое не мора да е во вистинскиот контекст, па уште и со некое спокојство, се сврти кон мене: „И така, Симон“, вели, “во 1956 година, дури се копаше вака каналот за наводнување Камадаречко, беше среда, 21 септември, дванаесет и десет или дванаесет и петнаесет часот, не ме фаќај за зборот...“
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Цел ден шетам и не можам да си ја најдам куќата. Најпосле момчево ми помогна.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Туѓа вера, наш Ѓавол! Кај и да си кај него да си! Анатемисан Натемаго!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Па овде и да сакаш да те убијат, ќе мораш да си ја платиш услугата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
КОТЕ: Со здравје да си одиш, жив и здрав да си се вратиш! Не заборавај што му вети на татка ти!
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Ова, за наликувањето, не го реков со лоша намера туку бидејќи ти заблазнувам“, објасни како да се каеше Огнена и со насмевка на виновност побрза да си ја прибере раката од коленото на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Немаше веќе што да се прави, па престанавме да одиме таму и почнавме да играме фудбал на ливадата со машките или пак да си играме ластик или народна на улица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Даниел го гледаше како го пали кибритот за да си запали цигара.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А чувството за тоа дека рацете им се исти, тоа чувство за близината, се враќаше кај него со секој нов дојден човек, со секој нов чивт набракнати раце, сѐ додека тоа чувство во него не израсна во некакво чудно чувствување како да си е дома, со тие луѓе во сините валкани комбинезони.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Ова што сега го реков мора многу да им се допаѓа на грчките несреќни „левучари“, меѓувремено си рече авторот и продолжи: Ова е миг во кој ве повикувам секој во себе да си признаеме: Секој од нас, секој ден, од девет до пет е на работа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Но, таа знаеше како да си ја фати прекрасната костенлива коса и да ѝ даде убава форма, имаше префинет вкус како да се облече, како да комбинира бои, дезени и штофови и да изгледа беспрекорно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
КОТЕ: Море си го макал со киселина, оти да си го јал со месо...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Тргам и не можам од чадот да си ги видам иследниците.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сепак, најмногу, секогаш кога од град ќе донесеше печено пиле, повторуваше едно нешто што брезничани никогаш не разбраа што може да биде: „Како можев“, велеше, „да заборавам да си ставам во сјуткејсот една воденица што ја велите вие, ама не за наут и уроф, туку за коски.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
А ти трпи дури да си киниса, па после ќе видиме; ќе мислиме нешчо, ако можеме да измислиме.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А јас мислев ќе ги најдам да си играат: Бишка, Кусо петле, Клиска, Долга капина, Пет камен.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Или: Дали наскоро имате намера да си заминете?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Треба да си одиме Цви”, го преколнуваше, „токму сега кога сѐ изгледа средено.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
- Сега морам да си одам, а кога ќе дојдам пак, ќе ми раскажуваш за волците.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Да се потсетиме дека Прометеевата казна се состоеше во тоа да си ја разорува и прождира сопствената утроба („сакав да ја искорнам сопствената утроба зашто беше толку многу гладна”), додека беше закован за карпата.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Пак зема тесла и отсече ми главата, и не могох веќе да си подигнам главата.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Требаше само да ја најдам автобуската станица за да си заминам оттука засекогаш.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На пример, една цака е да не застануваш кога доаѓаш до агол - да не успоруваш или забрзуваш, спокојно да продолжиш со рацете и со стапалото на педалата и без размислување едноставно да го свртиш аголот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Некој млади што ги вратиле, вака дечкофанчиња како Анѓелета, си останале да си работат во Франција.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сукаме, готвиме, пржиме за Бугарчињата, си дојдоа Србјаците и Грчулињата и немаат ниет да си одат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Она што беше испловило отаде го натера наглас да си шепне: - Навистина , кога не би бил вака сам...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Сепак, посоветувај ја девојката дека саможртвата не се исплатува – продолжуваше со советите Грофот без да си ги измие рацете – таквите истапи, како нејзиниот, доведуваат до прераспоредување на вината.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Се обидував да си ја дофатам опашката и да ја гризам, но не можев да ја дофатам зашто, за жал, немав опашка, ми ја скратиле славната еволуција и оние, таканаречени, културни придобивки.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Исплука и понавредливи зборови, дека не е достојна ни баба да се нарекува кога дозволува едно седмогодишно дете да ѝ бега од пред очи и знае ли таа дека Острово не за џабе го викаат Острово оти навистина е остров како оној на кој Доне бил сургун, од едната стран Е гулемта река Вардар, а од другата Во гиризут уд кој црпиме вода за пиперките и думатте, вели чиниш плитка вода, ама ако ти го покрива лицето легната исто како да си паднала во најдлабока и Аш, пркнува животот уд теп!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
САВЕТКА: Јас пак ќе речам: клето и проклето да е тоа девојче кое само тргнува да си бара, со љубов, маж, а не си го зема тој што родителите му го одбрале.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
А сега снегот воопшто не врнеше и Змејко можеше многу добро да си го замислува тој грамаден сам крмак, тоа ѕвере со по два заба, вкопани напред во белината, со една огромна снага, по чии скокови земјата сета татне, како се пробива во мугрите низ неговата долина, споро, плавно и без скршнување.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
МАРА: Кате, дај го ваму леѓенот и ѓумот, потури му на Пандета да си ги измие рацете.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Да си претставиме ние сега оти ја каде Митровден доаѓа меѓународен одред и ја окупира земјата.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние не се ашкаме по кафеани по плажи и на други места Ние си го вардиме сопствениот еукалиптус и ништо повеќе Но и по табиет не сме дрдорливи и претпочитаме да си молчиме
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Ако ѝ се роди женско — туѓа челад е, што се вели, нека крни глава, нека го ќердоса Митра; ама ако ѝ се роди машко, ќе и се обиде ако може да ѝ го дрпне, та така нејзиното што ѝ паѓа од Илка да ѝ се најде за Нешка, да си ја удоми на куќи, а Трајковото да си го остави на синчето што ќе дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ете што правиме ние. Баш ѝ завидувам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Можам да си ги доловам фустаните што жените ги носеа на моите забави и звуците што мажите ги испуштаа додека водевме љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Момче убаво да ѝ навее; свекор и свекрва умни, разумни и живот со неј да си помине. Татко и мајка да слуша.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
АНТИЦА: (ѝ бакнува рака на Василка и по тоа ѝ дава шамија). Со здравје да си ја носиш.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
- Ај ти направи чај, а јас ќе направам ориз, - предложи Ане. - Важи, - рече Дора.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Беше април месец. Излезе да купува со жената.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Боже, белки ќе го свртиш надесно, да се прибере, да си и изгледаме дечињата како сете еснафки" си помисли таа и си зашетка дома да си види ред домашни работи, за кои немаше никако време, та дури ни кркмите немаше време да си ги потсече; беа ѝ паднале до очи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Малчо реши да излезе надвор, во градината и да си скине некоја праска, зашто не можеше да си легне гладен.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но Зоки почна нестрпливо да ја врти карамелата во рацете, да се вртка, да гледа во мајка си, па сепак не можеше да си спомне која бројка доаѓа по пет.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Четивово е, всушност, „Разработен проект во неколку чекори за тоа како да си најдеш маж“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Не ѝ бевме достојни на таа последна фаза од нејзиното жртвување за нас, да си го дочека крајот на животот во осаменост.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кажи, по француски, како се вели:Пушти нѐ, господине, до Брезница колку децата да си ги видиме.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Да си појдат дома, да вечераат и да си легнат, заедно со кокошките, со добитокот...
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Арно ама, таман се готвеа и двете страни за радост, положбата на Бугарковци се измени и тие го напуштија Добро Поле, ги кренаа пушките да си одат дома.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ова навидум банално минување на десетина километри воден пат, од едниот до другиот брег на Езерото, за Татко значеше да си ја остави мајка си на другиот брег, со измачената душа, да си ги остави братот и сестрите, како некогаш, поради заминувањето во Цариград.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Сепак да си одиме, - свика поголемото зајаче, кога се сети на страшната лисица што ги бркаше.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
И шопа вино во бокалот, шуми, ко млеко во кобличе. А ние, не знаеме да си ги одлепиме устите. Стоиме така, си го менуваме здивот, дишењето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го собира гласот во устата, ко вода во дулец го собира и нѐ прска, мораш да си го покриваш лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој долго молчи. Потоа се врти кон неа: „Многу инвестирав во ова место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А Миша донесе шише вотка. Воопшто, Миша сака да си пивне.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Во последно време никој не може сосема да е на јасно Која посока ја фатиле Македонците и во која ѕвезда зјапаат Секој има право да си зјапа кајшто сака И безбели ќе биде најдобро да се остават Македонците Ем да се изназјапаат ем да си ја надат посоката Ем да им пукаат гласните жици од патриотски песни
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- Не ѝ припаѓаше Таша на твојата сорта. Не знаеше да праќа онакви абери.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ме чуди дека си испуштил една таква убава прилика.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
КЕВА: Теодосе...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Ја проба тамбурата дали е нагласена, ги понаплука бургиите што ги стегаа теловите, засвири и викна да пее: Отруј се, отруј, Мишо, мори, Зошто да си жива!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Чучук-Андреј запелтечи дека и Онисифор Мечкојад е избришан од дружината.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Си ги прошетал нивјето негови, си ја прошетал куќата, и најпосле летнал и отишол дури на манастир на Богородица на Трескавец, та застанал на кубето од црквата и многу ѝ се молил на Богородица, за да му поможе да појде на штрков вилает и пак да си дојде и човек да се стори, та три години ќе служел на манастирот.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во 1898-1902 год. се води долготрајна „Бурска војна” помеѓу Бурите и Англичаните во Јужна Африка, бидејќи последниве сакале да си ги прошират владенијата заради експлоатација на трансвалските златни рудници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Размисли, размисли добро, пред да си подадеме рака. Зашто, еден ден, тајната би можела да почне да ти тежи.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
За час се измешаа и, место предвидуваните пречканици, овие „диви луѓе" сред пустата гора почнаа да се прегрнуваат, бакнуваат, удираат по плеќи, да си стискаат рацете како вистински браќа, што и беа заправо.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„ Да“, рече тој. „Им се допаѓаше да си ја допреш шапката пред нив. Тоа беше знак на почитување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Зоки сега веќе мораше да си подголтнува.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Работните услови во Медицинскиот центар беа добри и немаше проблеми – сѐ до доаѓањето на новиот директор, пролетта 1994.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Гледајќи ја таа негова беспомошност, живеејќи постојано во болка и напнатост, често ѝ се случуваше да сонува како и таа ослепела и се будеше исплашена и испаничена: одеше на огледалото да се види и да си ги измие очите.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Се исплаши дека можеби си отишла засекогаш, па беше пресреќен кога се врати.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Татко и Камилски, во ритам на балкански џентлмени, на кои им се добро познати обичаите на ритерството на маса, ги допиваа чашките ракија и мастика без да си дотураат додека не ги испијат до дно и со мезето се служеа со усул.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како да си пливал против струјата која те враќала назад, независно од тоа колку силно да си се борел и потоа како да си свртел и си се препуштил на струјата, наместо да ѝ се противставуваш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Извишена сама крај езерото, чиниш, цапната во него; над првиот кат е кренат уште еден кат, но поголем и поширок од него, наддаден од сите четири страни како да си ставил поголема коцка врз помала; покривот четириводен собран во една точка, во еден врв на кој има дрвено дирече останато уште откога е градена куќата за врзување макара и за кревање материјал за покривот; на диречето е вкрстена штичка, но недоволно е прикована, така што, при посилен ветер, се исправа и со диречето на кое стои - прави крст; кога запира ветерот, штичката пак се спушта надолу.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
За нив се однесува познатата народна изрека во Германија: „Работи, работи и гледај куќа да си направиш“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Именуваната Цвета Басотова всушност сметаше дека мојата интервенција е единствениот начин да си го поврати овој домашен раритет.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А и да нема со кого убаво ми е да седам и да си ги пасам мислите...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ме виде и почна да си ги забришува очите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Овој доктор Миха не излегуваше повеќе од својот кабинет - ни по театарските бифиња ни по писателските или новинарските клубови ни по маалските кафулиња, па дури престана кога доаѓаше на работа на едно место да си зема четврт бурек а во друга бурекџилница уште четвртинка со чашка јогурт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Во ретките мигови кога сум печена свинска глава што го гризе забранетото јаболко, посакувам да сум покрај езеро, да си ги шлапкам нозете во водата, да се појавиш ти штотуку изгонета од Рајот и да влезеш во езерото, а јас да се радувам гледајќи те како го покачуваш нивото на водата со твоето дебело тело.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Пусти Силјан тогај дури се сетил оти штрк е и може син му да го удави и умре, ако не беше му свикала мајка му на Велка да го пушти од раце, и умирачка ќе си го најдеше, чунки можеше да го врзе Велко со еден сиџим за нога и да си игра со него, како што си играат деца кога да врзуваат врапчиња и чавки.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Од изворите натаму се следеше една стара патека која наместа се губеше и машината мораше да си прави наново терен за копање.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Беше и една пеколна тиштина, зад која што од сите страни продолжуваше да си постои онаа раздвиженост; тој сега го носеше и тоа како уште поморничаво бреме по угорницата, го сеќаваше како го дебне од зад секое дрво, но продолжуваше нагоре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да си претставиме оти тоа ново течење е незначително.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Доцна е, ајде да си одиш! - рече зракот. - Јас ќе ти го осветлувам патот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Не ме остава да си ги валкам рацете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А тоа ќе рече, дека кога помагаме, кога даруваме, не даваме од човечки побуди, од добрина, туку со сметка и интерес. Да си признаеме, тоа е себичност.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Најпосле се согласија да одаат кај старио да го молат да му кажи.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Затоа секој десетар да си и собере луѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ах, шо убо: ем да правиш нешто шо и онака го сакаш, а плус и парички да си заработиш!“ Томето досега немаше работено.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Веќе е топло, пролет е, па можам да си го наметнам мантило, или само новиов жакет да го носам.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Онисифор Мечкојад никогаш не се смеел, никогаш гласно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Поинтересно е да си седиш дома и да си читаш стрипови, одошто да излегуваш надвор, да ја влечеш торбата по фурните и да бараш мек леб.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
За Силјана и напре немало работа и сега немало, при сѐ што сега му се смилила работата и куќата; арно ама требало да си ја трга џезата што го колнале татко му и мајка му.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И на крајот од погоре изнесеното, да заклучиме: ако немаме публика или имаме, ама само замислена, сѐ што ќе сакаме да си кажеме полемизирајќи си, карајќи се да си го кажеме тивко, со шепот за да не ни се чудат оние што пред објавените кавги или полемики не знаеле дека постоиме.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Сѐ мораше да си тече спонтано. Безброј пати си префрлав што не ги запишував Мајкините кажувања, немајќи тогаш ниту свест ниту мисла дека, еден ден, ќе пишувам книга за Мајка. Книга за Ервехе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И чекам да се стемни, со душа чекам да се стемни, да си одат сватовите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеби ја посоветува да си го прибере болното место со мек облак. Ајде, умна птицо, малку да си позборуваме, му реков на утот во себе.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„Ајде“, реков, „оставете ја таа работа. Овде сме да се видиме како стари пријатели, да видиме кој со што можеме да си помогнеме...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Проектите за реформи и усилбата да се воведат тие не се, како што мислат мнозина, само игра да помине време и да си остане сѐ како што си било.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Понекогаш се случува да се посомневам во неговата искреност и да помислам, разгледувајќи си ги нозете, дека и не ми се баш толку никакви туку, напротив, дека одлично ми стојат куси фустанчиња и костими за капење, но тамам во тоа ќе се уверам, ете ти го огледалото, сѐ ќе стори да ме разубеди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Блазе си му, - си помислив, - колку е подобро да си постар. Девојчињата повеќе ги сакаат постарите.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Вечерта Бошко го чекаше Лумана да дојде да си ги земе парите, но тој не дојде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
— Си дојду, Бино, си дојду, но не по твоа желба, ами по моа, — му одговори Јован на даскалот Бина, сега претседател на Јовановата општина, и почна да си шета, слободно, во својот стар војводски реон.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дури помислив, кога веќе сфатив што се случи, дека можеби, сиромавиот сакал да си го исмее гревот, само за да може да ја пренесе гламјата со огнот во мојата печка. Она што не се случи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Без зборови се сврте и тргна да си оди.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
А не смее ни лист да ти се скине, ни прст да си пресечеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа треба да си ги зачува своите интереси таму, па и ако тоа зачувување не ќе биде по вкусот на „самостојната” и „национална” политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таа само се сврте, ме погледна со своите коси очи и рече: „Ти мора да си целосна будала“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Барем во еден миг да си помислил на милионите гладни, на милионите страдни, на милионите во крв што се дават, на твоите несреќни браќа, не ќе си имал совест, мило момче, толку мирно да седиш на таа карпа, да си тераш луд ќеиф.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И така, ја одбив љубезната промоција на готвени јадења, супи, чорби и месено... зашто, ако некој треба да си оди од дома и да ме напушти, последните зборови сигурно нема да му бидат: „Да си ибеш векот, стварно убаво готвиш“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Добро што не бил тука татко ти, немало убаво да си помине.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Потоа едно утро мајка ми ме прати да купам леб.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
— Како да не! И не само еден. Ти аги тепај колку ти душа сака, но ќе гледаш да не биде лошо и за селаните каде ќе и тепаш агите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си купи и една ока круши од некои мелничани што ги носеа своите производи да си ги продаваат на овие доброволни маченици во Ал-Шари.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тука среде смилот - седнаа да си починат, загледани наудолу накај коријата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Кога стигнавме до огромната дрвена порта од куќата на мојот дедо тој направи неколку чекори за да си оди но одеднаш како да се предомисли па ми довикна - Еј Софи причекај...
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На Цане му дадоа еден динар. И му рекоа да си купи со него што сака.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Кон осум девет саатот црквата се наполни, Тие што имаа „пресни мртовци“ донесоа пченица и поскури да ги препее дедот поп и да им раздадат за душа, некоја невеста дошла да си прави молитва со малечкото на шест недели; други ќе крштаваат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Од друга страна, има големи предности да си стар човек. Ги немам повеќе истите грижи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тешка сум со Родена, ко кош сум, не можам скутината да си ја препашам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Впрочем, тој се трудеше да си ја засили значајноста со голем број други средства, имено: го воведе правилото пониските чиновници да го пресретнуваат уште на скалите, кога тој доаѓа на работа; никој да не смее директно да влегува кај него, туку сѐ да тече според најстрог ред: колешскиот регистратор би му реферирал на губернискиот секретар, губернискиот секретар – на титуларниот или, пак, како ќе му дојдеше, на некој друг и, веќе на овој начин, работата да стигне до него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Свикнав веќе, и сѐ ми е едно... И затоа не мачи се, докторе... Решен сум да си одам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Најпосле она си остануваше да си биде нивна работа. Тогаш, пушти ги нека си ја вршат.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И кога ќе биде целиот народ готов да загине за своата слобода, кога ќе биде добро наоружан, ќе му дадат, пак они, знак и во еден час ќе се дигне и ќе и истера Турците од нашата земја, да си одат во Анадол откаде шо дошле пред петстотини години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Има и ќе се најдат мнозина интелигентни Македонци што се готови да си го дадат животот за интересите на својата татковина и својот народ, коишто ќе се запрашаат: што е поважно за нас Македонците – општобугарските, општосрпските, општогрчките или македонските интереси?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Порешително од кога и да е, цврсто да застанеме на земја, да ги сублимираме животните вредности и да пронајдеме хармонија во душата и рамнотежа во просторот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
И уште повеќе се ражалостило зашто разбрало дека не ќе има со што да си ја брише устата и мустаките. И жално, прежално заплакало.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Силјан дошол на амварче и си го отнал црпчето, да си се потурил и ете ти го човек како што си бил дома у себеси при татко и мајка, при жена и дете.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Втренчено гледав и не можев ни плувачката да си ја проголтам, а камоли нешто да сторам, да изустам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А! Уште еднаш со ум ќе фаќаме работата, еќим ефендија! — одговори Суло за сите тројца и тргнаа да си идат за Ерековци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„За една недела ќе ти го сплетам пуловерот“, вели мама.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ако го сретнеме, мислеше, ако биде среќа да го сретнеме, ќе можеме да ја преживееме тука и целава зима, едноставно да си останеме овде сѐ додека еднаш не разјужи, а пак ако разјужи побргу, тогаш ќе можеме да си однесеме и дома, заедно со една добра свињска кожа, уште неколку килограми свињско месо, пресно и замрзнато. Ајде, си рече сега, добро, ќе видиме.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Заправо, секаде каде што Турците сакаа Јован гледаше за себе да си направи разонода и да земе по некоја и друга бела меџудија; „за да ѝ купи на „посестримата“ локум, чешел, огледало, та дури негде такцуам и в'нени шамии".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Аферим, бре, кум Поцко! Бре, дарба имаат Циганите за пеење и веселба!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Не нѐ оставија да си ја видиме староста, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ниту сенарот успеал да спечали четири гроша повеќе ниту јагленарот успеал да си го наплати долгот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Често, тие неколку лажички така се зафрлуваа што тој немаше со што да си направи кафе, и,во таквите случаи беше готов да направи скандал со што, всушност, си го оттргнуваше вниманието од она на што требаше да го сосредоточи.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
(Имаше и такви крикови: ти се чини дека ја расцепуваат темнината и придонесуваат да си замислиш некоја чудна звучна светлина).
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Го праша тогаш Мехмед паша, гледајќи го под око ибн Пајкота: „Ако мислиш да си купиш дете од пазарот за робје, дете да ти слугува и да ти мете низ дуќан, јас дозвола давам. Ти си аза, чело на рисјаните. Само речи.“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Човекот со рапавото лице седеше отспроти и упорно го стрелкаше со поглед Глигора кој се готвеше да си легне.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Доколку се предомислите и не можете да си го одземете животот, викнете некој од затворските службеници или озлогласените цимери да ви помогнат и да ви ја држат главата во вода неколку минути и самоубиството ќе биде благовремено извршено.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Можеби ме грабнала од некое босанско село, од двор, од улица на некој град и дошла овдека да си го ебава животот во шупата во која поминавме шеснаесет години.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Го побарав и Кочо Рацин. Цинично ми рече дека е исклучен од Партијата и ми порача да си ебам мајката.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Татко живееше со илузиите на заминувањето влечејќи ги со себе и Мајка и семејството, но сега како да беше дојдено времето таа самата да си ја провери илузијата на враќањето.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гавранот нѐ остави да си ги измериме силите.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Го следеше со некоја обична насмевка за која и не размислуваше сѐ додека Томислав не дојде да ѝ рече дека тој и Божинов ја замолуваат да си ја тргне од лицето иронијата бидејќи на една културна домаќинка не ѝ личи таквото однесување. Ете и тоа се случи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Со купаќи околу зглобовите, претавме како пливачи за да си ги ослободиме нозете, скоро како да очекувавме плимата да не облие исто како Берт Ланкастер и Дебора Кар во нивната славна љубовна сцена на плажата во филмот „Од овде до вечноста“ - сцена која е толку славна што иако ниту еден од нас го немаше видено филмот, нашите тела ја заземаа истата положба како филмските ѕвезди на песокта и ти нежно ми шепотеше, „Се плашам да не останам трудна,“ а јас тивко ти одговарав, „Не грижи се, имам заштита,“ и продолжувајќи да те бакнувам, ги напипав соблечените кратки пантолони и паричникот во кој со месеци го носев Вулканот како да беше амајлија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
По некое време дотрчале однадвор децата и фатиле да си играат со мачето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Законите под тоа небо биле туѓи и туѓински а тие биле должни да се тргнат од згрбавеноста на ропството и да си ги покажат срцата. Минато, сегашност, иднина, нели? Сеедно.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Човек е во искушение ова дело да си го претстави како катедрала од хартија и мастило, меѓутоа со оглед на тоа дека авторот потекнува од една повеќенационална средина, замислената претстава, споменатата градба, би требало да се поврзе колку за католички и за православни култни места, толку и за џамијата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Им ги чувам и спомените и сеќавањата на друзите, на кои кога некојпат ќе дојдат, ќе им ги давам, за да си вратат дел од животот што тука го оставиле.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Трча главниот лик во романот на Грум, трча постојано, потсетувајќи ги читателите дека ич не е убаво да си идиот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Се гледаме, а не можеме да се досегнеме, што се вели, да си помогнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Станкоските и сите други кои живеат во Дупка, ако не сакаат да заобиколуваат толку многу, ќе мораат да си разгазат нов пат - овдека, над училишниот и општинскиот ѕид и накосо по падините на цел Станкоски Рид.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само што не бев доволно умна за да си замислам како се чувствувавте додека ја минувавте полјанката со коприви!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Сакаше, најпосле, да си продолжи да си биде тој, та токму затоа и правеше сѐ друго, за тоа беше излезен и оваа утрина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
До година, здравје, мораш друго да си сошиеш.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Ослободените „братушки” сега не сакаат да си ги признаат своите грешки; ете зошто изјавуваат дека тие се сите русофили, и дека го милуваат рускиот народ, но не ја милуваат руската влада, која не ги изразувала народните чувства кон Македонците и негативно се однесувала кон секоја искажана од народот симпатија кон нив.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ајде сега, одврзи окопците, павтите, решмето и синџирот! Сопаши го прегачот! Така. Сега можиш да си легниш.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навалуваше сѐ повеќе и повеќе, и на крајот дури ми го отвори фрижидерот за да ме праша да не сакам да си изберам нешто друго што повеќе би ми се допаднало.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Македонија ја признаваат за бугарска во етнографски однос, но мислат дека е излишно да си ги трошат силите за да научат нешто за таа земја, затоа ништо не знаат за неа ни од историјата ни од географијата и етнографијата нејзина, освен дека има таму чети и востание, на коешто треба да му се помогне само со лотарии и не со самите себе.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја плати ми ти мене венчавката и владичкото, та тамо да си свршиме работа, да ве провенчам, нека е аирлиа, да се напиеме, да си повечераме шо дал господ, а да не нѐ гледа векот како на пазар да се пазариме и да се плаќаме.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
„А сега, да видиме кој од нас може да си ги допре прстите на нозете!“ рече таа бодро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
ДИМО: Благодарам… И ти да си жива!
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
„Тоа беше шо беше!“ — си рече Митра — „ами да гледам сега да се омира со Доста, та да поседиме ошче некоа подина заедно дури да ми потпркнат дечињата, па кога ќе втасаат веќе за работа, да си се оддела и да си а гледам работичката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Некој помина покрај нив и рече шепотејќи: - Ајде, да не не чекаат. Побрзо, додека не се разбудиле луѓето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со таквите крпчиња ни рацете нема да можеш да си ги избришеш.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По што ѝ се обрати на газдарицата и ѝ рече: „А вие, мајчице, немојте да си го губите времето попусто, веднаш порачајте му сандак од чам, зашто од даб за него ќе биде прескап“.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па и за смеење е. Затоа не ѝ се лутам. Иако тоа сепак ме навредува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Татко имаше обичај, кога ќе се вратеше од работа, или кога ќе му дојдеа пријателите, на партија табла или покер, да си пивне мастика, со мезе, а тоа нејчесто беше таратур.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Само треба на врата, кога трга на излет, да му се подаде тефтер и пенкало, зошто бајаги е излапен, па да си запишува што му се случува и да си ги скицира тоа позите, за да ги испробувате по дома кога ќе се врати.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тој предавнички се повлекол со еден чекор - да ја земе, а жена му со трите гулапчиња в скут?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Остана уште неколку секунди да стои пред нејзината врата, несвесен за тоа што се случило.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само со едно око можеше да се гледаш во џамчето и само едно око можеш да си видиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Досмрзна кога виде како тој, повисокиот, се подзагледа и како да си подвикна нешто од изненадување. Го препозна.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Пред прозорецот на јужната страна од мојот стан се наоѓа едно мистериозно дрво.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Сега многу добро можам да го сфатам оној младич, што не можел да стори ништо друго, освен да си го врзе чкрапецот од својата пушка за палецот од ногата и да повлече, сигурно бил во многу борби, тој младич, а сигурно многу сонувал за животот, сигурно многу повеќе од мене, кога можел да постапи така, но сите тие борби, од кои што испливал жив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не заборавајте да си ги исчистите чевлите, да си ги исечете ноктите, да си ги исчеткате алиштата.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Од бебешки денови создаваат робот и никако не можеш да се ослободиш од: миј заби, миј лице, триј раце со сапун, облекувај чисти гаќи, и чиста маица, и чисти чорапи - секој ден! - секој ден! - и чешлај се, и пиј млеко, и јади леб со мармалад... секој ден - сѐ според еден калап...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
И кога тие се свртиле да си одат и кога стигнале до вратата, повторно ги викнал да се вратат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така јас станав миловидна лажга која почна да си верува на сопствените лаги.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Вујна Клементина ќе почувствува дека ѝ беше дојден редот да си го каже своето: „Мојата внука Ервехе ја загуби мајка си на раѓање.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И со тој здив сум викала: гробари, свињи, сѐ што ќе ми дојде да викам, а да си мислам дека некој друг го прави тоа зад мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го остава шишето. Тргнува да си оди.
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Да се чекори и да не знае да си ги собере нозете, колената.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не може јазикот да си го собере. Ја разлигавил муцката, уплашен е од стравот наш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога мајка ми дозна, не се израдува толку што ме викнале на конференција, туку што конечно ќе можам да отидам на гости кај тетка ми Олга и да си го запознаам сојот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Оној што ме бркаше пролетва се јави претпладне - тврдеше Јана - одвај успеав да си го скријам лицето.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ја турна на кај огништето и уште малку за големо чудо ќе ја фрлеше во оганот; ја бапна во пепелта и се загна да си го милува Толето, кое веќе врескаше до зајдување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да не можам до уста да си го однесам залакот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од соседното село, каде влегле два или три дена порано, дојдоа и рекоа дека Италијанците нѐ бранат да се зборува македонски и дека секој може да си зборува како што сака.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас треба да си најдам куче, помислуваше тогаш Дончо, големо и лошо, па да видиме тогаш!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Нешто го тераше да брза и тој тргна да си оди дома...
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Писма и пари да ни праќа и ние да си се сториме луѓе домаќини...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Туку, наместо да расправаме такви глупости, јас имам поумен предлог: предлагам да си останам на моево стражарско место, а ти да си отидеш кај Госпоѓа Христова.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Јас, првин трчам да си ја видам крушата во дворот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ако се согласувате со планов, вели повторно исправајќи се во столчето, да ви кажам уште и тоа дека за начелник на општината го предвидуваме Костадина Дамчески, за учител Јосифа наш Акиноски, а за свештеник, за некое време и а да се полакомат Грчиштата, Хаџи Ташку, па да го потпишеме писмото и да си отидеме по дома.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сакаше да вика, да плаче кога застана да си отпочине и кога виде колку простор совладал.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека тие ги кренале лактите да се избришат, од мртовецот не останала ни трага, така што тие дури и не знаеле дали тој навистина бил во нивните раце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Загорка умееше на неочекуван начин да си го искаже задоволството.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Нели, млад пријателе, можеш да си замислиш што произведува ваквата фалинка во браната?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сме заборавиле да си ги отпетламе рацете, да си ги пуштиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да си седиме мирно. Да сме си блиску до домата наша...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Колку ти се каснува толку, ама треба на софрава да седнеш, за гурбетчијата се ставува за да си се врати пак во домот и да си седне на софрата со татко и мајка, сестра...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Но тој лежеше со раширени раце како да си го мери гробот. Снегулките што му го покриваа не се топеа.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
А сега, оставете ме да си го носам својот крст. Бидете благословени!“
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Можеби ти беше во право, кога еднаш за него ми рече дека не копа бесплатно оти е добар и хуман, туку бидејќи е лаком и бидејќи заради тоа има страв од казна, та копа гробови бесплатно за да си ја смири совеста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Нивното бојно поле - денот се подаваше во еден замав на нивна крвава пресметка, земајќи ја бојата на секој од тие ветрови, а како своја залога препуштајќи им ги ним токму своите облаци, секогаш и секому само онолку, колку што можеа да си одземат, да си извојуваат еден од друг овие двајца лути противници.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Не разбирам - реков. - Мислам на тоа колку сме млади и што сѐ може да си понуди младоста трагајќи по задоволства.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Девојчето ја гледаше десетдинарката со којшто тргнало да си купи бонбони, размислуваше, но најсетне ја подаде: „Дај ми ја, чичко, црвената!“ - рече.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Сите егејски мајки преку мене си ги бараат децата, а јас своето не можам да си го викнам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слободен си и уште сега, веднаш, можеш да си одиш дома. Ете ти пропусница...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На пример, никогаш не можеше да си прости што, за сметка на неколку таткови книги, го остави рачниот апарат за брзо правење јуфки купен при нејзиното единствено патување во животот, патувањето во Италија.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вујошевиќ испраќа апел до сите [не]вработени дека најпрво тие самите мора да си ги знаат и да си ги бараат своите права, а потоа и синдикално да се организираат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш тој, везден трчаше за да го фати, да си го врати, Вејкрпа, ветрогон. А трчаше како да носи радосна вест.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
За момент помислив дека се обидува да ги разлабави јазлите на заедливоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
5 Но, тука симптоматично е тоа што тогашниот претседател на 149 велешкиот суд (Ш.Адеми) го усвои приговорот на тужениот дека миксетата, како дел од опремата, е суштински потребна за извршување на неговата работа т.е. „за понатамошно одржување на работниот минимум“, иако радиото воопшто не работеше, а немаше ни изгледи дека ќе се рестартира – па ја издвои од пописниот имот кој беше предмет за принудно извршување, иако токму оваа скапа миксета најмногу ќе му помогнеше на тужителот за неговата идна професија [всушност, тој отвори своја приватна маркетинг агенција].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- О, драги соседе! - викна ластовичката. - Отвори ни да си влеземе во гнездото!
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Германските нацисти и руските комунисти стигнаа многу блиску до нас во нивните методи, но тие никогаш немаа храброст да си ги признаат сопствените мотиви.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Туа – мешајќи го костурскиот говор со македонскиот литературен јазик - од купчето оддели неколку исечоци од весници – пиши како ние тој ден дадовме заклетва дека нема да си го зборуваме нашиот јазик.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ване немаше друго, освен да си помисли: кусур по кусур - учкур, учкур по учкур - ќурк, ќурк по ќурк - куќа: така се станува домаќин во сите времиња, така се станува домаќин и во сите невремиња.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Оф, ова е нешто што не сум можела ни да си го замислам! - се радуваше куклата гледајќи удолу кон Земјата.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Циркусот замина по три дена; три дена Луција и Земанек доаѓаа, со брат ми, на портата; јас одбивав да ги видам, оти бев понижен до срж; им порачував да си одат, оти не сакам да ги видам; велеа дека сето тоа било обична игра, дека ќе почнеме одново, дека сѐ било една невкусна шега, заблуда, еден вид лудило; велеа дека ќе сторат сѐ да се вратам; велеа дека Фисот е под истрага, дека самата Партија го суспендирала и го осудила за сослушувањето, дека и весниците направиле афера од тоа, дека моето свидетелство ме чека на масата (никогаш не го подигнав, оти веќе не ми требаше); јас им порачував да ме остават на мир.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Некоја температура, си велам, некоја компликација, сенешто може да се случи. Вода не ќе може да си поземе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Гледај го Гелета; расти го да порасне, јунак да се стори; земја и вера да брани, за дедо и татко да си одмазди...
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Не, никогаш и никому не му се обраќаме на ваков начин!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А каде не е досадно и каде не е пусто? Треба човек сам да умее да си ги најде радостите на својот живот.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ми кажуваше дека има Господ и дека тој нè гледа, а и мајка ми дека ме гледа, но дека ние не можеме да ги видиме. Оттогаш почнав да си фантазирам.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Секретарот, барајќи да си го поврати авторитетот разнишан од овој козар, пред своите потчинети, сега поприбрано и одмерено му се обрати гласно на Чанга за да слушнат и другите главни козари: – Ние градиме социјализам на патот кон комунизмот, кон бескласното општество.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Некој му носи понада не од почит кон него, ами кон смртта што го чека и него; му носи што е најубаво за јадење за да му ја одоброволи смртта и да му ја направи помила, зашто животот си оди и како да си го проживеал: добро или лошо, среќно или несреќно; сиот живот е само еден миг: мигот на умирањето: во него сѐ е збрано.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајките го споредуваа со Бога, ние со Сталина, се разбира скришум, мислејќи дека по неговото исчезнување од сликите со Тито, ќе мораме да си имаме друг Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А кога е осамен, а не сака сам да биде, ќе почне да си зборува со себеси: се борев, прашува, се бореше, сам си одвраќа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Праша:- Ами чаре? - И чарето ќе ти кажам, па да знаеш оти си кај пријател. - рече и се сврте кон братучедите:- Кога мислите да си бегате?
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Но Милке, учителката рекла секој сам да си го нацрта мачето.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ако уништиш некој џеб, стави си го во чантата - ако е многу лош.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Колку што можам да си спомнам, ништо не реков за некаква љубов - се обидувам да ги отстранам впечатоците од некое мое однесување за кое навистина не знам како пристигнало до Борко!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Иако за него се грижеше Митра, баба му, откако се преселија во една од долгите бараки, инаку штали порано, Дончо уште првите денови заталка низ Острово, откри дека ако се оди на онаа страна каде што изгрева сонцето се стигнува до една огромна огромна вода што изгледа како сиво платно на кое не му се гледа ни почеток ни крај ама некој од кај сонцето како да го влечи влечи и се потсетува дека од Митра е предупреден да не се приближува до каналот оти и во плитка вода човек можел да се удави, башка што змија може да ти се замота околу нозете или крастава зелена жаба да ти скокне в уста, ама за оваа огромна вода никој ништо не му рекол и по долгото клечење крај неа заклучи дека ова не треба никому да го кажува, да си ја чува како тајна само негова и тргна по патчето крај неа совладувајќи некои грмушки, некои корења, надолу надолу дури до онде каде што таа голема вода се сретнуваше со една малечка рекичка покриена со врби и кој ти знае уште со какви дрвја, водата од малата рекичка бистра па се гледаше сѐ под неа и сакајќи да помине преку неа за да го следи брегот на големата вода откри дека почна да му се качува до кај колената и се сети на предупредувањето од Митра дека можеби ова е каналот и дека во плитка вода човек може лесно да се удави па се подврати, е, кога веќе го нема човекот што го трга сивото платно, поарно е да го фати ова патче што оди нагоре покрај малата рекичка следен од крекање на жаби и чрчорења на секакви птици горе во дрвјата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Зборуваш, зборуваш, а друг ни беше зборот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Благодарејќи ним, во најново време се откажавме да си избереме едно од нашите наречја за наш општ литературен јазик, а наместо тоа зедовме да се учиме и да пишуваме на туѓите соседни јазици, најповеќе на бугарскиот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Таму, врз дланките огнени да си ги исплачеш солзите кап - кап - кап - капат студени капки - и солзи, и магла во капки престорена, и студен дождец...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ако не ја спраштеше да си оди дома.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Хм, да си ебам векот, си велам, ама продолжувам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
А сега, пријателке драга, ви се брза или би можеле малку, ете така едноставно да си поседиме и поприкажеме?
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Не ни текнува друго да си речеме. А и немаш време, не ти даваат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ова ти е да си пукнеш од мака! Ивана го шета светот и била дури во Дизниленд, а ние овде од дома до Млечен, од Млечен на „Плава”, од „Плава” на скали пред влез.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се замисли длабоко, па како да се присети нешто, плусна со рацете.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Таа природа пак нежно, без напор и принуда од нас ја извлекува скриената дарба, дозволувајќи ни сами да си го размотаме јазолот, во кој поради незнаење сме се уплеткале...за потоа да ни прости, тој учител, на кого целта му била да не прочисти, па дури потоа сфаќаме: дека затоа тој воопшто и не се појавил во нас!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Перса блесна во лицето од една внатрешна светлина и со таа светлина си легна, додека Пелагија откако му кажа на Мурџо да си замине во својата куќичка, заедно Пела појдоа во бањата со намера да го запали огнот под казанчето, ама мајка Перса го беше веќе запалила.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Станав од подот и си заминав. Одново не отидов до крајот на улицата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некој војвода има речено: за да станеш предавник, доволно е да си Македонец.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Додека Вера, одново ја прелистуваше книгата раскази на еден голем европски автор (за кого сите теоретичари и литературни критичари сметаат дека е вистински гениј), трудејќи се да си ги долови сите пропусти направени при првото читање, да ги одгатне сите потенцијални значења и нормално да се коригира во проценката што ја имаше за него, нервозно си ја корнеше горната усна и незадоволно мрмореше како може токму него да го сметаат за гениј, а историјата на книжевноста да му изгради споменик за вечни времиња.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Во сите средби кои ги имав со Јасер Арафат, по разговорите кои се однесуваа на меѓудржавните односи (најчесто на југословенската политичка поддршка на Палестина во светот на неврзаните, во меѓународните организации, во прв ред во ООН, каде што Југославија, сѐ уште играше значајна улога, каде што имаше вешти дипломати како и помошта која ја добиваа Палестинците), настојував да си ја дополнам претставата за оваа комплексна личност, кој во крајна линија беше еден вид Ахасфер, во вечна потрага по својата татковина!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веќе месец дена така лежиме, наживуваме. Некои веќе можеме да одиме понадвор, сами да си вршиме измет.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Чекај, да си ја допеам песната, сум велела и сум го удирала.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На време да си најдат добра стреа.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И не ти треба диплома за бизнис менаџер за да си направиш план за инвестицијата, плус-минус бројот на свадби во годината, еднакво на профит.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Сѐ му дал гостод, ако е к'смет да доживејме и да му а дада со сѐ срце ... A после, на Толето ќе ми останат обата мала да има на шо поарно да си живее".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А, и оној од Сараево, иако заработува, со месеци ми нема пратено ни цркавица за кибрит да си купам.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Погледнав молбено во Земанек и реков: „Те молам, ако си ми пријател, остани со мене. Пушти ги да си одат“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Да си одам, велам, денот е кус, а времето кучешко, заникадно.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да си земам едно рокфорче. Така. И? – Па, не знам. Нагасаки? – Грешка. Невада, Хорацио, Невада.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Негде длабоко во Сашка како да се истркала нешто, што нејасно ја задржуваше, да си ја изживее својата радост до крај, слободно, целосно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Сигурно некои од нив страдале што биле приморани да си го убијат првороденото дете.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Со тоа само се објаснуваат и желбите и усилбите на покорителите да ги направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го научат нивниот; исто така со тоа се објаснува упорството на покорените народи да си го зачуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- А сега? - И венче да си сплетам? И коси да си расплетам? И танец да заиграм? - За кого?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
– „Ах, проклет да е тој саат, си велел сам со себе Силјан, кога им грешив на мајка и на татка, да ме втаса ваква клетва, бев човек сега и да си ги пречекав сватовите, и јас да се веселам како сите што се на свадбава.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Да се надживее зимата, да се излезе на сонце да се покажат ливадите понајвеќе гороцвеќиња, исусови венчиња, црнокалугерчиња, да навјаса потоа папрад, да се прават од него сеници за на свадба, да се здогледа „свекрвинското“, „зетовското“, „тешкото“, да се види онаа бела дарпна на свекрвата, она од сонцето озарено црвено јаболко забодено во врвот на свадбарскиот бајрак па одново потоа да дојде ноќ, ѕвезди на небото, кои само да потскокнеш – да ги дофатиш, и во заедничка постела, исправени ти, мајка ти, сестричката и братчето да си ја испеете пред благиот сон „Оче наш“...
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
А и устата ми се усвитила: можеш слободно да си свариш од чајот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Интелигенцијата на тие народности треба да си подаде една на друга рака и секоја од нив да земе да ја популаризира идејата во својот народ.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
При што никому од тукашните главатари не му текнува Да поведе сметка и за нас коалите Па на секој новодојденец да му наложи при цапнувањето во Австралија Да засади макар по еден еукалиптус За ние да можеме безгрижно да сонуваме И да си ја исполнуваме својата мислителска мисија А не да ни ги скусуваат соновите и од нашиот еукалиптус Уште да прават и некакви бонбони за шмукање Божем нема со што друго да го лечат народот од грлоболка Ние коалите не сме злопамтила Ама вие сега видете каков тоа човек создала работата И дали е баш вистински човек оној кој на коалите им зема дел од еукалиптусот Таквите во Македонија ги викаат човеци Некои од нив доаѓаат од стар крај со навики да крадат дрва за огрев Ама и кога крадат барем крадат дабови и борови а не еукалиптус
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Почнал да пуши и тој а ма пари да си купи тутун – нема, а до посака од татка си – тоа било срамота.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Историјата му помага на секој народ да си ги види грешките што ги има правено и да се чува да не се повторуваат.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И зеле децата да си играат војници, оти кога е војна и децата играат војници.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
- Ќе те чекам со чеканот на маж ми што го исклоцаа за да се собираат во кундале над мојава глава, се разгневила.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Пак немаше со кого да си поразговарам, да си далдисам, да си олеснам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Ѝ напишав: Можам да си замислам, Аксја, како се чувствува еден ситен мал човек седнат на стол во самиот центар на земјата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Е, ај, сега да си одиме, ѝ велам на Уља, на јатрва ми. Во умот пак ми е Јон: да не се врати, да не ме најде дома.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можев да си поверувам на очите.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Ги шири рацете, како крстот господов и не може да си ги собере.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Животот на Зоки Поки му се стори многу тежок. Посака дури да си оди и дома.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Можеш ли да си замислиш колку многу боли кога родното место го напуштат под принуда?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Ама подобро е да си ја познаваш несреќата, вели, отколку во непознато да си ја бараш среќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кога чуја старците тој збор од старио, многу мака му паднало.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
А и деталот со распорениот стомак, каква е поуката, дека и да си човекојадец не е страшно бидејќи со прост, аматерски хируршки зафат, со нестерилизиран касапски нож, може да ти го извадат човекот од утробата, целосно неповреден; бабата со нејзините наочари и пантофли, а Црвенкапа со нејзината бела тантелена престилка и качулката, без ниедна трага од желудечните сокови?
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Уште сака сам да си ја пресече главата и сам да си ја носи под мишка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мирно да си спиеме без страв дека некој клечи под прозорецот или наслушкува со увото залепено за порта.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајката напиша на едно ливче: „Утрово му викнав на Димчета да си ги врзе чевлите, само што го изговорив тоа ми се врза јазикот.“
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Господе, ништо полошо немало кога не знаеш јазик, кога цел ден молчиш како нем, како вол и чукаш со чеканот; одвај чекавме навечер со Анастаса да се видиме, да си поразговараме, маките да си ги кажеме.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Знаеше дека можеш да си сигурен во некого дека е кукавица, но дека е многу незгодно набргу со свои очи да го видиш; а и тој да е свесен за тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
— Сега, ќе ни дадете визи да си одиме?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И првнува смев, небаре јато врапчиња да си кренал, да си избркал.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Знаеш дека со овие пари ќе можам да си го пораснам синот“ се радуваше таа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тогаш погледна во мене. Може, ако сакаш, овој да го земеш кај тебе, да си гледаш што сакаш и кога сакаш. Во боја, вели.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Токо, речи што е мунасип да ти собереме селцки, та и ти да си а гледаш работичката и ние.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ако мртвиот не дошол и самиот да си касне за душа, некој друг нѐ демне и ни ги мери чекорите кон неврат. Кој - не знаев.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ако таа пропаганда се восползува со сплеткарења против нејзините непријатели, тогаш интелигенцијата треба да му го објасни на народот недостојниот образ на работењето на таа пропаганда и да го повика самиот да си ги брани животните свои интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И кога ќе најдат такво место, прашање на добро воспитување на секој што знае за тоа е да си го задржи знаењето за себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ај да ве оставам малце насамо, да си ги искажете маките, ама само малце, и чесно!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Тука, на оваа земја, не само наши иселени од Маказар, туку и други, посебно од Егејцко, бидејќи е блиску границата, да си градат куќи, вили, и кога како ќе се може, ако се пушти демократијата во Грцко, да одат во посета на своите огништа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Што вреди што ми велат дека имам убави, долги и вити нозе како создадени за носење мини здолништа, кога моето огледало јасно и гласно кажува: „Бреза, твоите нозе се криви и немој случајно да си помислила да ги покажуваш”.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Иако беа во две куќи, разделени, тие настојуваа да си ја одржат семејната заедница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
„Ако беше помала, како што велиш, ќе се најдеше некој умен да ја откорне од земјата за да си ја одведе дома”, рече таа, но јас оваа нејзина досетка не ја протолкував како шега иако поштарот се смееше и кога го напушти тремот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Цврсто сум решен, есенва, да си купам велосипед. На старо, од оние на „Рог“.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Мајката напиша на едно ливче: „Утрово му викнав на Димчета да си ги врзе чевлите, само што го изговорив тоа ми се врза јазикот.“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Јас продолжувам да си сечам. Сечам и редам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Оставајќи на времето, тоа да го даде одговорот, велеа Ако се врати некогаш да си ја земе Драганка, значи е трговец, но ако не се врати по неа, то ест ако ја остави, зашто не е крвна рода Јанческа, да се омажи за некого од нивните, значи дека бил ајдутин и дека ги оставил коските некаде по планињето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А знаеш јас што ќе правам? Бесрамно ќе те гледам. Сакам да си допуштиме...“
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
„Клара не е луда,“ му реков. „На Клара само ѝ треба време да си дојде на себе.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ела да си поплачеме Јас и ти јас сонуван.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
„Да бегаме, да си гледаме работа“, рече трета и тргна да си оди.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Науми да си направи погреб на живоќе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Јас не би сакал да сум без моите ниви, без овците и козите, воловите и кравата, Не! Подобро ми е да си останам селанец...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Низ лисјето лизнаа и првите капки дожд. Луѓето почнаа да си одат.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Но до каде се ѝ лутале мислите во тие моменти, можев само да си замислувам; притоа не престанував да верувам дека секогаш бев близу до вистината.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но за тоа подоцна, оти времето не е стигнато, о возљубени; а јас сум познат по тоа дека уживам да сочинувам слова секакви и да си измислувам свои истории што воопшто и не се случиле, ама да изгледаат така како пред очи да ви се; и знам сказанија да преподавам така, со прекини; по малку да ви давам да вкусувате од собитието, од слаткиот мед на историите, како на изжеднет вода што се дава во пустина, капка по капка, за да не го усмрти заситувањето на жедта, на потребата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Овде е опасно да се престојува! - пак се јави колебање кај инженер Александар. - Треба да си одиме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Подготвувањето на едно востание се продолжува 5-10 години и после сите замешани во него или умираат или пак, ако останат живи, треба да останат без ништо и да си изберат некоја друга работа што ќе треба да ја зафатат одново и за која можеби и не се сосем подготвени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И самите можете да си замислите како изгледал кога му дошол до ушите ваков глас.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
- А ќе сака ли да си оди? - Ќе видиме.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
КАТА: Со... со... со... здравје, ба... ба... бате, да... да... да си о... одиш... Да не нѐ за... за... заборавиш... (Го загрлува и го бацува).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
„Нека си седи Митра овде со Неда и Јована, на есен пак ќе си дојда“ — заклучи тој и продолжи да си живее во изобилие, бидејќи паричките што ги донесе беа достаточни за да не осети некаков недостиг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Малинка остана сама да си ја смири лутината и да размисли зошто девојчињата не сакаат да си играат со неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Леле, внуко, Ѕвездо моја, како да те крепам, мило? да ми станеш, мила Ѕвездо - ти да станеш - јас да легнам - зашто мене ми е редот - јас да умрам и куртулам - од пустава старост мачна подгрбена, снемоштена, без домаќин - без чедото - сосечено од душмани - стани, мила моја Ѕвездо - мене стара да ме легнеш! - зашто змија ме каснала - отровница, проклетница - леле, злоба озлобена ме раскина, ме парчоса - да си појдам во темната - во темната безденија - мене таму ми е редот...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се прикажуваше една шега дека еднаш ѝ напишал мајке си да му прати пари да си дојде додома од градот, до каде што стасуваше железницата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јагленарот инсистирал да си го наплати долгот. Постојано го потсеќал сенарот на долгот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
4. СЕКОЈ ДА СИ МЕТЕ ПРЕД СВОЈАТА ПОРТА - но ѓубре да не расфрла по сиот град така како да е нов претставник на старата сорта општествено битие: правам сѐ што сакам...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Лесно се влегуваше кај него, а тешко се излегуваше; кога ќе почнеа луѓето да си стануваат, ќе речеше „Чекајте уште една чаша за последната молитва...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Милка не може да си дојде на себе, се крши во себе и во снагата, си ги плетка рацете и не знае кому да упати друг вресок.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Треба да најдеме време да го обоиме сонот и животот, не црно бел, туку со сите колоритни бои и нијанси, Да си направиме свое интимно светилиште и да не дозволиме да ни биде украден сонот и животот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Сега со една дланка си го покриваш лицето, вели, после со двете не ќе можеш да си го измиеш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Слегол од амбарче Силјан долу и тргнал за дома да си влезе, чунки рано било и малку времето расипано со дожд и лапавица, била уште баба Марта, та домашните си седеле крај огон и си се грееле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Дора со комплетот си играше жена-мајка и му готвеше на мажот кога тој ќе се вратеше од работа, ако Ники дојдеше на гости за да си играат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
„Ќе ми бидеш убав. Нели? Сакаш да си убав?
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Митра го истави грнето од огништето, го зеде ѓумот со вода и леанот па им тури да си ги измијат рацете.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ние, што се вели, не можеме и сенката да си ја носиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само зимно време молчеа безлисни и заспани. Немаа лисја за да можат да си шепотат.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Сѐ нешто ја задржува. Срам. Да не ѝ се смеат соседите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во јули и август заедно ќе работат во Грција, на плантажа, за да спечалат нешто, да си купат наесен облека и книги.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
(Можеме да си ја замислиме зачуденоста во неговата насмевка додека ги запишувал овие редови).
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тодор ја познаваше кулата многу убаво. И тој, и другите селани, често идеа кај чорбаџи Сивета по разни причини: На стриг сите идеа да му пострижат на неговите две илјади и триста овци, за да му го платат мамелето за позајмените педесет сто гроша кога дошол авалеџијата, да не ги тера врзани во Витолишта; за Божиќ или Велигден — да си купат чевли или опинчиња за децата; некој позајмил пари да си купи добитче; и се знае ли на сиромав зошто не му притребале пари?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
сите почнавме први, вели Силе Плевнеш и едната рака си ја потклава под главата, си прави визглавје, сака да спие, и така ќе се умира, вели, барем наспијан да умрам, далечен е патот до небото, треба одморена да ја пуштиш душата, а јас ништо не сакам, вели Стеван Докуз, само да се најадам, до гуша да се наѕидам и пак почнува да цимолка и да си ги голта солзите, искрен е Стеван Докуз и во плачењето и во јадењето, никогаш не му било доста јадењето, ламја е Стеван Докуз, машина, чапја, коза пропрсната, е што да правам кога мислата само на тоа ме тера, вели, ќе се сетам на шумата наша и пред секое заспивање си мислам колку би било добро и шумата да се јаде, да можеш ко коза да ѝ влезеш, од Зајгазица, или од Чучка, или од уште подолу, од Задмартинец и да фатиш да си кубиш, да си брстиш, со ред, стрижи, кастри, наполни го мевот, напиј се вода и легни си под некоја најширока бука што ќе те павка и ќе те брани од мувите и од сонцето, а кога ќе огладнеш пак стани, и пак брсти, стрижи, мели ко гасеница, 120
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Јас не можам да го допуштам последново и го сметам навредливо за мене, ете зошто и не се откажувам на прво место да си изработам свој самостоен поглед врз прашањето за мојата народност и врз онаа на моите сонародници.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во неа да си го гледаш валканото лице, во неа да си ја гледаш муцката валкана, сурлата да си ја гледаш во неа, разбра или не разбра, а?!
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Туку, побрзај со адетите… Стори што е редно, та младите да си легнат.
„Духот на слободата“ од Војдан Чернодрински (1909)
Ај ми со здравје и носи му здраво живо на мудурот да си и бере парталите, оти ошче еднаш ако ми падне в раце нема да му a остава кожата здрава.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Им препорачував каква крема да си купат, кој сапун ќе им ја излечи егземата на кожата или кој шампон ќе им го спречи опаѓањето на косата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
НЕДА: Можам ли да си одам?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
ПОЦКО: (По него, крстејќи се со широки гротескни движење.) Господе боже, кога овој будалест син не ме остави сам да си поможам, поможи ми ти, господе, дај ми кум каков си сакам, па ќе ти запалам в црква свеќа како греда!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Левтерија носи ѓум и леѓен и му потура вода да си го замие лицето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И оште: Ние се обврзјавме самоволно да ги подржаваме и поткрепјавме со слово, сос дело, сос помоштна рака и заплата речените ни Костадин Блаже Дамчев, претседателја на општината, Јосиф Оносим Акинов, учител ни, Хаџи Ташку, свештеник ни, за това и за сичко горереченото потврждавме като се потписавме сос своја рака.“
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И двете на екс ги испија „сокчината“ и продолжија да си разговараат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Јас го вртам јазикот, осолен од крвта, и не знам да си ја најдам вратата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Речи му тука со здравје да си одиш, повеќе пари да спечалиш и побрзо да си се вратиш...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Не е доволно да си изгнаник и да бидеш „Далеку!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Но мора да си ги подсобере, оти ќе ги скастриме...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Таткото убиен од заскитан куршум, мајката меѓи бегалците на Кипар, братот си игра смртоносна криенка со бејрутските урнатини, тој, без пари, кај некои зловолни роднини кои отворено му велат дека е паразит – што му преостанува, освен да си оди?
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
На железничката станица долго ме гушкаше и ме советуваше: „Умен да си, бабин. Да не скиташ. Да не се тепаш. Да не правиш некаква беља.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Речиси излетав низ вратата од таксито и со трчаница влегов во куќата за што побргу да си легнам.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Произлезени од некоја замислена комбинација (макар и генетска), скусени за сексуален и наследен алтеритет, удрени од наследена бесплодност, тие се осудени само да си изградат одново алтеритет отстранувајќи ги сите Други (Франкенштајн - но тоа е и проблемот на расизмот).
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
На многу слики на кои беше сликан, ги кинеше, ги ништеше, не сакајќи да си го гледа ликот на фотографијата; веруваше дека тоа коби смрт.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие се патот на птиците за кон поилото жедта да си ја згаснат Но тие се и софра со лесен појадок по полноќно славје!
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Јас имам навик пред јадење да си пивнам чашка - две.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Велика сака да си легне. - Каде, велам, нема легнување.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Елена беше изненадена од некои свои дотогаш непознати размислувања и чувства, па од страв да не ги заборави, да не ги изгуби почна да си ги запишува во својот дневник.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Му го кренав фустанчето, му фрлив прав в очи, а тоа не запира, туку трча да си купи бонбони.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Ќе можам да си дозволам себеси да бидам само јас и нема да ми биде потребна никаква етикета.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
— Легни бре, ќерата и симни шалварите да не замавам по очи, по глава! — беа зборовите на гавазот и заптиите кога требаше „да си поминат на редот“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Навистина, тој беше доста далеку од многу сртови, навистина -можеше да биде малку погоре, во една од погорните шпели, но барем успеа да си ја зачува затскриеноста, а тоа секому би требало да му биде доста.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да си одиме, му вели гласно на Лазора Перуноски кој е старешина на сојовите кои живеат и работат на Имотот и негов доверлив човек.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Те оставив да си поспиеш повеќе, - му рече Глигор. - Не требаше да ме оставиш. - Лош сон?
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Хлапец, проклет би и посеј малечка татковина на дланките со неа да си ноќеваш со неа да се будиш и на распјат со неа ќе те одведат со еден брут ќе ве заковат, хлапец, вековите крај вас на поклон ќе доаѓаат и волчиците своите малечка ќе ги доведуваат на љубов да ги учат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Да си ја измијам снагата полна со потсирки, со поткрвени набиеници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Да не можам да си ги исушам очите, што се вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Од двете страни на местото по кое се поминува за да се оди кон свеќниците, пред олтарот, имаше по пет, едни како столови, ама не да седнеш туку со држачи да си ги поставиш рацете и со една штичка да си го потпреш задникот кога ќе ти дотекне да стоиш.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Кутриот Давид, не стигна ни урдата да си ја дојаде.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Па си велам: Будалче, не размислувај... денот ќе си го расипеш... есенската прошетка во Сарај.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Судијката (В.Србинова), во јуни 1996, донесе Пресуда со која делумно го усвои тужбеното барање и ги задолжи тужените да ги исплатат неисплатените плати и придонеси за седум месеци, во вкупен износ од 29.266 МКД (480 ЕУР) – зголемени за затезната камата, како и да го впише овој временски период во работната книшка на Јаневски.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
– „Ако се раздени, ќе ти кажам јас тебе клетва ќе добијам и друзи маслаати што ми ги кањараш ти мене, си велел сам со себе Силјан, дури да си појдам в град, да ќе ме видиш ти овде да ме тераш ти на жниење на оваа силна горештина, бидејќи има в град ладни меани, да седам и ќеф да терам со граѓаните.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
- Трајче, - му се обрати командирот - можеш да си одиш, а за чичко Анѓелета в село ни збор.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Са пуле ки са стоплиме мауце! Ејми и ред беше сонцето да си а покаже муцката! Ки гу забрават виа дичијнта!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Авни не знаеше да си одговори на ова прашање.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
СПИРО: Море, јас нему ќе му дадам еден ум како да си ја земе.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Поможи ми, мори мајче! И на вој век и на тој мајка ќе те знам. Земи, земи, одврати му ти вода, јас ќе му пеа љубовна песна, белки ќе го нападиме натемато од него, да се прибере, да си го земиме воа сиромашчето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Оттука е јасно оти добро разбраните интереси на Турците и на Македонците им диктираат не да си ги трошат нивните сили во меѓусебна борба во полза на заедничките нивни непријатели, ами да си подадат еден на друг рака и да ги отстранат сите фактори што им пречат во нивните пријателски односи и заеднички интереси.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Одвреме-навреме ќе си разменеа по некоја доверлива мисла што не можеле да си ја кажат на друго место, дури и пред најблиски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Имено, Судот од Стразбур, со пресудата Креуз vs Полска 28249/95 од 29.V.2001, веќе го санкционираше прекршувањето на човековото неприкосновено „право на суд“ за сметка на правото државата да си ги наплати судските такси.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Ајде да си честитаме!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И додека не успеваше ни да си поверува во таа своја мисла, неговото тело наеднаш се најде опсукано и цврсто стегнато во змискиот допир на онаа незаборавна слика кога забот просвире за влакно веднаш над неговото колено, и сиот се изви.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И сѐ живее толку долго Само реката знае, само реката знае. А кога ќе посакаш да си заминеш кон полето ќе носиш на глуждовите белезици од пена.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И ништо да си речеш, да проговориш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ајде аирлиа, нека се живи, вековити, да се ќердосаат, некој к'смет господ да му даде“, и си продолжи да си ги брбори другите молитви, па дојде и до: „Исаије ликуј, Свјати мученици и Слава тебе Христе боже апостолом похвала".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И така, преку толку преносници, ни преостанува само обидот одново да си го возвратиме грабнатото или тој институт што можел, што требал да се случи повеќе од еднаш.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Утре на една софра ќе седнеме, пак... лично би било да си поделиме. Вака де, својски да си се погодиме.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да си паднам во твој дворој, Во твој дворој, во ѓул башти, Да изникнам ѓултрендафил.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
А неколку прегради понатаму, една мека, безопасна, заспана креатура по име Емплфорт, со мошне влакнести уши и со изненадувачки талент да си игра со рими и со стихови, произведуваше искривени верзии - или дефинитивни текстови, како што ги нарекуваа - песните кои беа идеолошки опасни, но кои од една или од друга причина, требаше да бидат задржани во антологиите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Првин, таа се откорнуваше од своето семејство, од родното гратче Лесковик, на самата грчко-албанска граница, востановена по падот на Отоманската Империја, за да си го продолжи животот во Татковото патријархално семејство во Поградец, во периодот на монархиска Албанија, на брегот од Охридското Езеро, за потоа да ја следи егзилската судбина на Татко напуштајќи го засекогаш родното огниште и завршувајќи го животот, првин, во сталинистичка, па во Титова Југославија, во Скопје, главниот град на Народна Република Македонија.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Некој касмет поголем да ти наврти таму да си спечалиш, пак да си дојдеш да те жениме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Беше воин. За жал не доживеа синот да си го полула, да го подржи в раце.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Да си платиме кај што сме се зајмиле, да ни е бел образов...
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Доста му намигна на Илка да се согласи и овој рече два-три збора: — Море, ами нека ти е жива, брату, лели си кандисал да си земаш беља на глава.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наталија ме поттурнува со лактите и вели: — Некој мора да си го собере јазикот оти крв ќе падне.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со Михајло се договоривме од главните линии до куќите, секое семејство да си копа само.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Со овие книги, Мајка си ја збогатуваше и својата стратегија која ѝ била доверена од Бога дарејќи ѝ го животот за да си ги спасува своите чеда.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Па си зеде мечот в раце се истрча во поле да си шета лутината збрана в гради да ја отфрли сакаше сета.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
А нему му е потребно сега да си влезе во магазинот без да го забележи тој тамо. И тоа е сега негова грижа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тогаш стана од местото со изговор да си ги побара цигарите.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Лена пак не можела да смогне веднаш да замине, туку уште некое време останала во Долнец, обидувајќи се да си ги собере мислите и да си го зачува животот цел.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
СПИРО: Тоа ти е сеедно: да не си го заборавил елекот, би го зел и саатот, а да си се сетил да го земеш саатот, би го зел и елекот.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И можеби дедо Бошко ќе одбиеше, и Луман, како што имаше обичај, ќе ги изнатепаше сите по дома, некого ќе убиеше или дури и куќата ќе му ја запалеше за да си ја покаже силата, но сега тоа не се случи.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Да си вратат дел од минатото што им го украдоа – продолжи Мајка. – Ние сме, мила, осудени на неврат.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Готови, везени, ткаени, плетени, кистени, од живи од умрени, лели Боца си има да си навре, шо ѝ е гајле? — велеше Тушевата невеста, покажувајќи со прст ,на Бојана.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Се обиде, со малку повеќе успех отколку претходно, да си ја долови сликата на О'Брајан.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Кога зборувавме за онаа твоја идеја за другото време што не знам од која причина ја спомна и како моја , ги спомна и тие други нешта.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога пред заминувањето, полковниците влегоа во одајата каде што спиеја да си ги земат торбите, се вчудоневидоа: во одајата наредени беа едночудо крстови: по масата, по прозорците, по ѕидовите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Полуглува и суетна, не сакаше да си стави апаратче за уши, велејќи дека сите си вообразуваат дека е глува поради тоа што е стара.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Луман го искористи тоа за да си ја сврши работата по која беше дојден кај Бошка Манев.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И додека Татко и Камилски се договараа за последните работи околу конечното составување на листата на заемките на чардакот, влезе Мајка со госпоѓата Камилска да ги поканат работливите сопрузи на подготвениот ручек во бавчата со ориентални јадења во бавчата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Полицајците ни ги растураат врзопчињата, ни ги превртуваат џебовите, а една жена си зборува: сакам да си одам, сакам да си одам!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сестрата на мајка ми, нашата тетка, остана со нас неколку дена, но, мораше да си оди, бидејќи живееше во друг град.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Може ли само дете да си игра? Може, се разбира.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Тој да си остане насамо со Ленка.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Катиното живеење на кулата Толе не можеше да си го објасни инаку освен дека се потурчила.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Вака, секој може да си го мери времето како што ќе му текне, односно, како што ќе му текне на неговиот часовник, зашто не постои еден, како да речам, повисок мерач на времето според кој жителите би ги уточнувале и своите приватни часовници.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Спорот настанува кога новопоставениот директор на Центарот – по доаѓањето на својата функција, а сакајќи да си задоволи некои лични хирови – почнува селективно да ги укинува патните трошоци на неколкумина вработени, меѓу кои и Р.М.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Првин, жителите на Потковицата си мислеа дека се свампирил пустиникот Акиноски и дека таков, повампирен, бара да си ја врати крвнината, макар и од погрешен човек, макар од кого ѝ да е, па престрашени ја избегнуваа гората, (дури и овчарите уште од зајдисонце се прибираа дома) а тој, Арслан бег, со пушката в скут, на коњ, со дружината по себе, акаше низ полето, но само од изутрина до навечер; и не одбираше ни од изорано ни од посеано, ни од ендек ни од дол, божем за да се сретне со него, со отворот што го галатеше, а всушност ги вијаше и ги поткупуваше воловарчињата и аргатите да извардат и да му кажат кој се крие зад гласот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се сеќавам на шарите на тепихот во неколку прекрасни куќи коишто со години ги посетувавме.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Да си седеше во водата уште ќе беше жива.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Колете, велам, заколете ме! И јас молам бога побргу да си појдам кај децата, велам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еднаш на баба ми ѝ се јавил некој слаткар по телефон и ја прашал дали кај нив живее некој си Борис кој влегол во слаткарницата и замолил да се јават на неговиот број и да кажат дека не може да си го најде патот до дома.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Дај ми ракија, да си ја соберам снагата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Бидејќи по пат на “преговори“ егзархиската “страна“ не можела да си ја наложи волјата и да ја постигне поставената цел, тргнала по друг пат: започнала да употребува други средства.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Последните зраци што успеале да си најдат проѕирки низ големата крошна на брестот што стражари пред фабриката Мичурин, се имаа раздробено во безброј златни зрнца по нивните коси и алишта.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Мајка му носи преслека и му топли вода да си ја измие главата, снагата...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Што сакаш, косата да си ја кубам? Детево треба да го изранам, да го кренам на нозе, да ми го продолжи сојот оти инаку ќе нѐ истребат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
По ова, Кукулев – од инвентарот кој остана во просториите на Радиото – успеа да си наплати само 90.000 МКД (1.500 ЕУР), што горе-долу е само ½ од вкупниот досуден долг!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не знам точно да си одговорам, но барем имам право да поставувам прашања.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А кога дојдоа нашите, се примири некаде, како под женски скут, и додека сиот град излезе на улици тој не се појави во чаршијата барем да си ја обие својата бутка, сѐ додека не го дочека синот во партизанска униформа.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тогаш Том шантајќи се на своите рамни стапала отиде до масата каде што љубовниот пар беше станат да си оди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Него, Цви Корец, главниот рабин на Солун, нејзиниот амбициозен, нееластичен, тврдокорен маж кој горчливата вест за неговото неименување на уште една функција, за духовен предводник на сите Сефарди, нејзе ѝ ја соопшти со нескриено разочаруваење.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кутриот, дури ни не узна дека синот му е на пат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И на годините со децата, се сеќавам како нивните гласови звучеа во ноќта, се сеќавам на мирисот на нивната кожа лете, на многуте игри што маж ми ги смислуваше за нив, на распоредот на влакна на неговите гради, на неговиот стомак и нозе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
А ти, како да си ги испуштил дизгините од рацете, ми зборуваше.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ни ја остави, се разбира, и азбуката на доброто и злото а ќе ја паметиме и нејзината граматика на нестивнатиот копнеж по најмалиот син далеку, во туѓина. (Како да ѝ остана подотворено едното око - белки ќе го види пред гробарите да си ја завршат својата работа)
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Како да ја создадам, или тој да си ја создаде, претставата за мојата судбина.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Затоа, откако ќе го отпратев на спиење, одвај чекав да се видам со нив и да си поприкажеме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
— Ете и ние предоме ваки; по некое добитче, ако најдиме; сакаат виа браќа да си купат, та ме зедоа со ниј дружина — потврди и Трајко она што го рече Толе, бидејќи го слушаше Толевиот разговор со Тодора.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да си ги измиеме рацете и ќе почнеме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Јас ќе копам до три метра сам“, вели Јован, „сам ќе ја фрлам земјата горе, а потоа ќе ми треба човек за влечење кофа со земја. Да си кажеме однапред“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тоа е малку подолготраен процес, што значеше дека во меѓувреме требаше да си најдам паметна занимација.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Па, свате, затрепка тој. Да си поговориме, а?
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така доктор Миха сам се затвори и си ги тргаше маките, колку си ги чувствуваше и како што умееше да си ги лекува.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Не можеш да си сркаш ако преку Батинечкиот поток индустрискиот отпад од Кожарата и од Алкалоид се влева во Маркова река.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
И можете да си претставите каков впечаток направи мојата реч, дури и на моноклесијата, која намерно стана по пауза од еден ден, што бев ја направил предодениот ден, кога настојував собранието да се претвори во моноклесија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Секој домаќин си остава наследник на куќата, та и ти така треба да направиш, да си одредиш наследник на твоето место.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Поарно самар на грбот да си ставам. Таа да ми влезе во куќава!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Валијата му го препрати писмото од мудурот со извесна напомена дека ја истргал војската без да сврти работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
„Секако,“ рече Клара. „Затоа реков: ниту една судбина не наликува на ниту една друга.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Мајка вели дека требало да си го измијам лицето за да не фаќа сонот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На Калешка му се придружи еден ортак и тој доби кураж да си го каже своето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но сега, кога тој и рече дека ќе гледа да ја омажи, да ја теслими на „некого од вашите" наполно се смири од тој страв и почна да си ги реди во умот сите ергенчиња од селото.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакаш – не сакаш и по тамина ќе зборуваш, зашто малку од она што го кажувам е по видено а повеќе по чуено, по начуено и по тоа како што може човек да си мисли...
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Седни, сега Пелагија ќе донесе слатко и ладна вода, седни да си поприкажиме јас и ти за да можат и тие две сестри да си кажат нешто насамо!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Ашлаку неизмиен, рекла. - Кој тебе ќе те пушти да брцаш во мед за да си ги излижеш прстите?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Јазикот да си го каснеш!” ѝ велеше тој, и секое утро, уште пред да се разбуди таа, Полин излегуваше од дома и шеташе по сите околни места и собираше разни лековити тревки и билки: матарка, лопушка, кофил, калуѓерче, русе, златарка, прешлика, штрково цвеќе, напрсточе, млечарка, кострика, лишарка, кадифче, коњски босилок, чочорка, цволика, кикара, вратика, жалфија, калофер, добричица, царево око, иванчица, вртолумче, лобода, пчелинок, кукавичица, курвиче и др.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Протегна рака и од босчето исече едно подебело парче, па си зафати да си делка црцало.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Методија неволно зеде да си оди. А беше спремен да остане и да си поседи со нас.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Молчи. И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи, над својата малечкост питома заспи и мисли лош сон си сонил, лош глас си чул, ти не си тој што може друг да си и да не се плаши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Пелагија се стаписа на местото, се стаписа од благиот глас на жената и полека, полека, со така да се рече надчовечки напори ја заврте главата и жената влезе во нејзините очи веднаш тука зад вратничката, а со неа и целата градина и куќичката со последното сонце плиснато по белината на ѕидовите, и вратничката се отвора на внатре, насмеаната жена ја влече натаму, ѝ прави пат за да влезат во градината Дојдете, златни, да си поседиме пред мојава врата, со денови, мори златна, да не речам со години, те гледам поминуваш од тука со момичево во рацете и со некоја голема болка во лицето, одамна сакав да те поканам да ми влезиш макар во градината ако не во куќата! и Пелагија нема сили да се спротивстави, таа дозволува мекиот допир на жената да ја води по патчето сѐ до поплочената ширинка пред вратата на куќарката каде што има малечка масичка и неколку столчиња без потпирачки наместени околу масичката и веќе седи на еден од нив, а на другиот до неа малечката Пела, и уште, уловува дека тетката седнува до неа без да престане да зборува Ако си калеша и со црно во срцето, ти си убава, и не знам дали има поубава од тебе, и по лицето ти се познава дека си и добра, твојата појава зрачи добрина! и во исто време претрчува внатре низ отворената врата и мислиш дека оди натаму а таа се враќа со подавалник на кои има чинивчиња со слатко и пресна вода во стаклени чаши Добро ми дојде, златна, во куќава, ајде, касни од слатково, јас самата го имам правено, онде од зад куќи, имам две дуњи, погледни, како сонцето што свети така и тоа свети, како твојата невидлива светлина, златна, како твојата невидлива добрина, златна, а тоа што свети во исто време и боли, мила, твојата невидлива болка, касни, заблажи се, ти ја знам болката, со денови, со недели, со месеци сноваш по уличкиве и бараш брлог оти онаа коруба сега е зграда, ене ја, ги надвишува сите куќи и вие морате да се иставите од таму, е, златна на тетка, не знам зошто, ама моето срце те одбра тебе, така да знаеш, те одбра тебе и оваа топка радост и оваа жолта заштита, вие да ми бидете радост на старост!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Овој гледа некое време и го слушам, вели: - Селото гори, баба се чешла! – вели првиот и додава, му се обраќа на својот противник: - Што велиш, да ги спастриме прво нив па после јас и ти да си го видиме алот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Полнодневното царство на потрошувачите, каде што и најнеснаодливите имаат добра шанса да си најдат полица по желба.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Беше есен, а јас му реков: „Нашите сенки можат да се допираат дури и ако ние не се допреме.“ И нашите сенки си играа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
- Да даде господ, вели Уља, да даде господ, тие што го бркаат сами да си прават куќа!.., И за животот и за смртта своја да си прават сами куќа, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа ги сплеткаа корењата и почнаа да си ги отимаат едно на друго хранителните сокови.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И така сега да ја направиме сметката и ти мене да ме исплатиш и со здравје пак да си поможиме, нели?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
А фатило една горештина нема каде да си ја собереш душата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Оние што беа мнозина, се чудеа како да си легнат кај жената. Најтешко беше зимно време. Оти сите се во иста соба, покрај ист оган.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Ти бев благодарен за тоа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Кога беше намислил да служи литургија, не вареше кафе, оти пред литургија не дозволуваат каноните ништо в уста да се кладе, та дури и тутунец не смееше да си го наполни луленцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Сполај му на Господ, лицето на денот го држеше расмеано, ниедно облаче не застана меѓу нив и сонцето, што беше недосушено се исуши па така сите стигнаа да си свијат брлог за преку ноќ.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Одеше многу бавно и секогаш застанувајќи за да си ја смири заздишаноста, внимаваше на секое шушкање.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Зер немаш челад што да ти поможат за ти на стари дни да си починиш?
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Влатко, застанат во близина, ѝ завидуваше на Нина дека така спонтано излезе да си ја прегрне другарката.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Но за жал бев свесен дека не располагам со многу податоци што бездруго ќе ја збогатеа таа вистинитост.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Камилски му велеше на Татко дека секој јазик се стреми да си ја сочува зачува својата мистерија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- А зошто? - Не сакаат да си играат со мене. - вели Малинка.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Пред да си легнам, ѕирнав во собата на мајка ми.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И да се прекрстам, и вака да си ја покријам главата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И тогаш, кога Пандо ја отворил продавницата, тој тогаш внатре ја нашол таа Митана обесена на една греда крај ѕидот и под неа ставена една гума од некој камион за да си речат луѓето дека таа самата се обесила.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Настаните што се развија досега ни покажаа јасно колку ние самите можеме да си напакостиме, мислејќи оти постапуваме правилно.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во секој случај, секоја од трите супер-држави е толку пространа што може да си обезбеди и доволно материјали што ѝ се потребни во сопствените граници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Сега да се избањам, и коса да си измијам, и да си легнам, и да се напијам!“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Поправо, тие сакаа да си седат дома покрај жените, децата и стоката, како што си седеа старите петстотини години дури повелаше Турчинот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Знаеш, ти си ми многу чуден. Ти си еден од ретките планинари кои природата најмногу ја користи за да ги тамани цигарите, а не да си ги исплакне дробовите со чист воздух.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да си замислиш еден прозорец И на прозорецот да си ја видиш сестричката Пладнето што те довикува за ручек, Да седнеш на трпеза покрај татко ти, Тој да го крши лебот и да го бакнува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Како да ги мразат каурите, да колат повеќе нечисти за да си осигураат поубаво место во рајот кога ќе отидат кај Големиот пророк Мухамеда, и да ја спечалат довербата на својот падишах, па и тука на земјата да проживеат беговски.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Србија се замеша во Македонија откако изгуби надеж да си ја присоедини Босна и Херцеговина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Тие, гоедските суви лепешки, развиваат таков оган, тивок, постојан и јак, и кој не бара стално да си врзан за него, зашто не постои опасност изненадеж да пламне или сам од себе да изгасне.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ако попуштат веќе отпаѓа надежта да си го видат селото.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Ќе и учиш селаните да стапуваат во организациата, да си прибираат оружје, да и пазат луѓето шо ќе идат кај ниј, да не жалаат оти ќе дадат парче леб на такви луѓе и; шо е најглавно, да се спремаат за големиот ден кога ќе му се каже да се дигнат сете како еден во оружана борба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од сите страни непрестајно стигнуваа жалби дека грбовите и рамената не само, да речеме на титуларните, туку дури и на најтајните советници, им биле изложени на сигурна настинка поради ноќното одземање на шинелите.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
- Не сум сигурен што дивеч бркате - реков додека се поткревав на лактовите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И наеднаш им стана чудно: како тоа сѐ досега тие да не ја имаат сетено убавината на таа малечка собичка среде снегот, на тоа седело, што луѓето го имаа оделено од белата долина наоколу само за себе и на леглото, и на развалената печка, и на прозорецот, пред кој снежинките како цветови продолжуваа да си ја играат својата волшебна игра, понесени од бавниот игрив виор на врнежот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да си го зачува некој својот народен јазик и да го брани како светиња, значи да му остане тој верен на духот на своите предедовци и да почитува сѐ што имаат тие направено за своето потомство.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но кожарот Аврам Сујак ги маваше со стап или со клоци и им помагаше на војниците во дерењето за да си ја земе кожата а и за да внимава да не се оштети.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
На кинисување ѝ рече на Митра убаво да го гледа светијованот Толета, да не се поплаче кога ќе си дојде, оти „џуап не му дава“. Co тоа Трајково одобрение Толе веќе безгрижно остана да си живее со руса Миша под еден покривач, та дури и во една постела.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или ако сака може да си го земе. Му го продавам како половен.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не се замеша во кавгата, но затоа ги викна брата и и Јована да ја остават кавгата и да си влезат во училиштето, бидејќи ѕвончето удри.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Ајде, доста, собувај се и јас да се соблеча, та да си легниме!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Да не дојдам во ситуација да не можам да станам, да си ги вршам основните потреби, да станам од човек - ајван.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Винстон можеше да си ја чуе крвта како му пишти во ушите.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Боже, кога би се замислил тој и кога би сторил ниет да сфати колкаво зло сам да си причини може!!...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Потем се соземам несвесно се враќам со временската машина во виртуелната стварност и продолжувам да си играм да се занесувам оти како инаку ќе преживеам Мамо - не знам!“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Одот на тоа национално разбудување, како и резултатите до кои доведе тоа, се претставуваат приближно во овој вид: Србите и Бугарите фатија да си ги оспоруваат еден на друг правата врз Македонија: и едните и другите велат оти цела Македонија била нивна.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во еден момент мислам дека преовладеа сознанието дека не постои некоја и премногу значајна посебност кај Роман Гигов што би нѐ упатила кон прекарот Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не верувам дека човек на безден, на безгодина може да остари, да си ја мени свеќата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа арно си прави лели и стига рака, токо ние, еве, ни машките не можеме да си и подучиме, ќе ни останат слепи при две очи.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Едниот, дека не е намќор и накренат и дека е подготвен на милост; другиот никогаш да не заборави од каде произлегол и така да си ја најде мерата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Мораш со отворени очи да спиеш: и сонот и јавето да си ги гледаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но, колку да не и ја одобруваа модата, многу во себе си поставија задача и тие да си исткаат по едно вакво покровче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За задојница таа ја бендиса Бојана Жиовката, која пред година и пол роди машко дете. Co неа се спријатели на чешмата, почнаа да си одат — да си идат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Зарем Нечестивиот не е присутен секогаш и секаде а, притоа, ни ора ни копа! Му реков на Стефан да оди да си игра.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дека ние сме заслужните за нејзиното воведување па затоа и нам треба да ни припаднат привилегиите што доаѓаат со нејзиното постоење.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Како и да е, се спреми, го наметна мантилот, ја зеде ташната и појде накај дома, минувајќи низ последните гости кои веќе ги земаа палтата од гардеробата спремајќи се да си одат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
- Добро, тогаш, ѝ реков... нека заврши прегледот, па ќе дојдам, ќе ти донесам нешто убаво да си каснеш, ќе си помуабетиме, па ќе видиме што понатаму.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
ИЛИЈА: Така, бабо Анчо. И јас веќе како права мајка ќе те сметам. А сега веќе време е да си одам.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Да ми тури некаква помија со којашто можеш и образ да си измиеш?!
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Брои. Збрка. А и што има да се брои.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Сполај му- рече Петре и го зеде пагурчето, а мене ми рече: - Ајде, помогни му на Килета и да си одите. Муабет нешто имаме.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И никој не ќе го забележи новиот живот на едно умирање.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Тогаш да си ги соберете пандурите и да ве нема од нашето село...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Се сеќавам дека со учителката многу игравме, а кога се изморивме и седнавме да си јадеме, кога ја одвиткав крпата - моето јадење го видов сето здробено: јајцата, и домат, и лебот - Леле, си извикав и се расплакав...
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Стратегијата да си ја повториме - ја разработувавме со месеци, две недели потрошивме само на тоа како се држат џојстици.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Ѝ се радував и плачев што ќе биде поблиску до мене и што ќе можам навечер пред да заспијам да си ја погледнам.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во паника грабав по песокта, го најдов Вулканот, се обидов да го исчистам па да го навлечам без да ја нарушам атмосферата (Берт Ланкастер немаше ваков проблем) и ги почувствував зрнцата песок во него, па удар на молња, и Големото Езеро во позадината се претвори во Тихиот Океан; кожата ти имаше вкус на сол и на настојчивото прашање на моите колкови твоето тело одговори “да”, твоите бутини се отворија како крила од мојата половина додека задишани испливувавме од бакнежот по кој ти молеше Ох, боже, да. . ; да, звучеше остро како крик од болка така што за миг си помислив дека ние веќе го правевме она и дека некако сум го пропуштил моментот кога сум навлегол во тебе, кога сум навлегол на бескрвниот начин на којшто еден млад маж ја отфрла својата невиност, сум навлегол како да поминувам низ портата што води кон остатокот на мојот живот онаков каков што јас сакав тој да се живее, да, но; О, тогаш увидов дека сѐ уште неповрзани претавме во калта и дека имаше песок во Вулканот додека се судиравме сѐ уште посегнувајќи кон совршениот склоп, сѐ уште Овде грабајќи по Вечноста која што ни беше оддалечена само за мало нагодување, само еден милиметар на лево или делче од инча на југ, иако со сето тоа нагодување песокливиот Вулкан се лизгаше и испадна, но ти повторуваше да иако главата ти климаше не-не-сосем-речиси и срцата ни чукаа како луди и ти рече да ДА чекај ... Margina #32-33 [1996] | okno.mk 179
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
- Добро е тоа, но има еден проблем, ти старецу можеш да си одиш, ама момчево ќе остане со нас да ни ги спаси овците.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
И со тоа Доста го премести својот план на друга страна: да го брише еднаш за секогаш Крчето попово од умот и да и остави полна слобода на ќерка си, таа сама да си одбере друшка по нејзиниот ќев и волја.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ги гледам обајцата и се трештам: како да си помогнам, кој да ме научи нешто?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но со оглед на тоа дека вие знаевте оти животот не го раководи некоја си судбинска предодреденост, а можевте и да си претпоставите дека на таа предодреденост најмалку влијаат нашите спомени, од каде кај вас тоа решение да постапите според сугестиите на сеќавањето и притоа свесно да ја прескокнете државната волја, изразувајќи отворено сомневање кон постапките на овластените државни органи?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Задолжителната и работа ет в три нешта. 1-во: да устроит црква, во која си сакаме да си слушаме молитвите и словото божие на јазикот ни като сичките ни брајќа Бугари по царштината. 2-ро: да устроит училиште в кое сакаме да ет мајчиниот ни јазик и право на него да се воспитуваат челадата ни наша, сетне на турцки и најсетне, ако имат време и на други. 3-то: затова и основјавме народната ни црковнообштествена општина, да се устроит, а која колку за управлението има да си устрои устав и правилник, кое нешто да бидит основа на дејствијата и, сообразно со приличните за то правителствени закони и да го претставјава народот пред секое званично место, за кое нешто ќе држит редовни преписи на дејствијата си по наша за това запечатена кондика, а решенијата и ќе идат приети од нас като општо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никако не му идеше в глава толкава упорност и пожртвуваност, тврдоглавост, како што си велеше самиот во себе. Не можеше да си го објасни фанатизмот на овие луѓе што ги жртвуваа животите заради своите души; заради верата и слободата што ги бранеа по цената на животите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Сакаше да си ја зачува сета убавина на исчекувањето и остана мирен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Гледај колку многу се радуваат што ги нашле, а за сопствениците не ни размислуваат.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Друже Србине зачудено гледа во Танаско, а овој веќе ја наведнува својата страна, од кај нозете на старецот и ако веќе не Почне да ја наведнува и Друже Србине може да се случи дедо Костадин да си застане на нозете.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од таквите портрети би се исплашила и родената им мајка и домашната литература која во последно време ја изгуби навиката да си ги јаде сопствените чеда.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
ГАЛЕНИЧЕ ПОЗНАВАМ ЕДНО ДЕВОЈЧЕ, една мала Тања, една убава Тања, а со таа Тања децата не сакаат да си играат!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ќе го замолам да ми помогне да си го внесам мебелот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
И којзнае по колку пати се будам да си ја побарам ногата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се раздаде барутот и се расподели народот по планот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Остави ги ѓаволите, му велам, да си ја вршат нивната работа, а ти гледај си ја својата.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Едно утро излезе од дома со цел да се заљуби и да си го осмисли животот.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Доста рече тој, ајде да си одиме.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Сети како по лицето му се прелеа една насмевка, која што не беше во состојба да си ја исчисти ни во своите очи од таа притаеност, кога го здогледа своето срнче, исправено на оние свои ноженца до самото негово зглавје, сигурно веќе одамна очекувајќи го неговото будење.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Разногласието на нивните изјави му ја матеше свеста и тој упорно се обидуваше да си ја расчисти со разумни интерпретации.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Често имам помислувано дека во нејзината куќа, во планината можеле да наминат волци; можеле и разбојници да се втурнат; но во времето на војната можел да намине само понекој херој за да си ја згрее смрзнатата снага.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се чинеше занесена, зачудена: дали сакаше насмевката да си ја престигне, или песната разбудена на птиците!?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Имајќи ја предвид таа критика за потребата и целесообразноста на нашево овдешно друштво, ние сме должни да си дадеме точен отчет за причините што го предизвикаа неговото образување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Не бев гладен, рано беше за јадење, па ме мрзеше да се симнувам од коњот за да си го земам лепчето.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
- јас реков, не можејќи да го скријам нетрпението што побрзо да си тргнеме кон дома.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А децата, велеа, аскерот ќе ги собери и ќе ги прати по острови, како на сургун и таму ќе ги учат мајките и татковците и браќата да си ги кодошат и дека од нив ќе направат најлоши зулумџии и кољачи кои од крв мајчина ќе се ситат и сестрите ќе си ги поганат, велеа...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Немаше сила што можеше да ја запре. Мораше да си оди!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ова, проклетство било да си жена, женско.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Ајде, ајде, - со смирен глас рече Јован и ѝ даде знак на болничарката да си оди. – Јас ќе ти помогнам.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Кој ќе ми прати мене писмо, велам , зар децата !ми порачуваат да си појдам кај нив.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тргнував по тие познати а лажовни виденија. Чекорев како слепец воден од ременот на нивниот пес.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
До двајцата од дружината дојде суроглаво и жмиркаво старче со чекор на претпазливо петле и чучна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Напати и сега ми се причинува дека се движам помеѓу шепотењата на збунетоста.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Тој не можеше да си позволи себеси да биде токму оној дел од сета таа спалавена и разврзана работа, што ќе попушти, што не ќе додржи до крајот, што ќе откаже.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Мора токму така да си врви, како што се движи стрелката на часовникот - одлево надесно.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Секој да си спомни по една стихотворба што ја учевме од учителот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
А за 100 може да си купиш ако се од умрени. Можеби оваа недела умрела некоја шмизла баба!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
XLVI Кога започнаа да трагаат по опасните турцизми во балканските јазици кои во толковните и другите речници носеа најчесто ознаки дека се зборови историзми, кои главно си го завршиле своето значење, Татко и Климент Камилски не можеа воопшто да си претпостават, по нивните сестрани потраги, колку продолжуваше мистериозното присуство на овие поими, со незавршено, изменето и разгрането значење во балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога поручаа, Горда стана да си оди, но железничарот ја предупреди дека го испратил последниот патнички воз за дента, а жената ја кандисуваше да преспие кај нив, додека најпосле не изнајдоа дека токму сега поминува шинобус за кој треба да се доплати, па Горда набрзина се испрати со нив, го бакна детето во сон и истрча да го стаса писокот што наидуваше од блискиот свиок.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Последнава беше заеднички нивен непријател и двата народа145решија да удрат на неа и секој да си земе што ќе може да откачи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Па и првиот човек, пред да запали оган, морало да си ги изгори прстите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И само да се пресегам со рацете и рацете пак празни да си ги враќам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ѕин, ѕин, да можат да си ги најдат своите исфрлени коски, сигурно и со нив ќе ми ѕвечат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А овие промени станувале понекогаш толку бргу, што победените немале време ни голиот живот да си го спасат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Планинава дава, само ако знаеш да си земеш. - А ти што чекаш? - рече Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Наближува Чист понеделник, вели Глигор и ајде да си простиме, за да ни прости и господ.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Кај Сукаловци животот почна да си тече нормално. Мажите одамна ја привршија сеидбата; жените ги уредија каците и легнаа на женските работи околу разбоите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Иако работниците од неговата тајфа измачени од силната работа по дождови, припек и ветрови, недојадени и недонаспани - сакаа во тие часови да се повеселат и да си попеат - Аргир на средина им ја прекинуваше песната: - Таткови дворја ли дигнавте, бре ашлаци, та што сте се разгаштиле?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Прв повик по половина живот, а сега уште криенка да си играме.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Можеш и раска да си видиш во очите на кондурите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И почнав да се вртам, да си ја барам сенката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
АНЃЕЛЕ: Да си жива и здрава, стрино. Вам Димче да ви дојде со здравје.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Сега брои на прсти - колку години не спрострела на сонце дреи и да си избели.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Јован ги фрли казмата и лопатата во дупката и излезе горе да си ја облече кошулата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Зајачињата и лисичињата поиграа уште малку и тогаш поголемото зајаче рече: - И ние се уморивме, да си легнеме.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
А срцето не ми дава да си одам. И дремам на врата, слушам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
— Името е машко, вели, но сопственикот е жена, вели, накај осумдесет носи на душа, вели, кое судии, вели, кое управници на логори, вели, кое по некое ѓубре како тебе, вели, но нашите убиства не ја загрозуваат државата, вели, вие со една парола ќе го кренете народот, вели, не може да си ја затвори устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Гласот му се здебели во грлото и тој стана да си оди.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Гледав како понекогаш ветерот минува преку него со исушен лист, или како некоја птица – врапче, гавран или гулаб - застанува на него, да се одмори, да си го наостри клунот од металните држачи, или да го исфрли од себе изметот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Што му би? Беше курдисан.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Народот не ќе може да си ја врши својата работа, а, од друга страна, ќе треба да ги рани гладната турска војска и четите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Свиркајќи отиде да си ги врши секојдневните работи.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А такво согласување немаше, зашто Бугарија мислеше да си ја присоедини кон себе цела Македонија сама, без помош на другите соседни и на големите држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
- Подобро ќе беше да си останам во тој кошмар, отколку во реалниов - помисли таа.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Да си подадеш рака па да се истргаш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Срната внимателно и плашливо го подаде муцето кои сенцето што ѝ го подаваше бате Јоле, го подушка, малку се поремисли, подразгледа наоколу и фати да си јаде исто како што од рака ни јадеа јарињата и јагнињата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Овие наши чести патувања можевме да си ги дозволиме, зашто јас ги земав авионските карти за симболични цени, привилегија што ја имав како вработена во авиокомпанија.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Најдо се израдува што така бргу ќе му се исполни желбата да си одмазди за нивата и маките во јамата од стрика му. — Јас — рече — ќе ода напред.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да му се исуши раката и така да си ја носи!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Седам маѓепсан. „Ајде Џонс, излези оттаму. Ајде, побрзо. Мораме да си одиме!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Што се однесува до таткото, не можев дури ни да си претпоставам кој бил среќникот на кого му ја подарила својата љубов Ги спомнав и имињата на раководителите на бригадата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
По неколку денови, откако допатувал во Њујорк, и практично станал непознат писател, Набоков во малиот филозофски есеј „Определби“ ја нарекол Франција бескрајно шармантна земја, каде на рускиот човек му е најлесно да си ја спомнува својата изгубена татковина...
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Винстон ги дојаде лебот и сирењето. Потоа се сврте малку настрана во столот за да си го испие кафето.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со изградувањето на куќата, се стесни патот и низ него не можеше да се помине со кола; луѓето ги запираа колите пред неговата куќа и оттука понатаму товарот мораа да го префрлуваат на добици или на раце; тоа им дојде до нос на луѓето и бараа сокакот да го рашират, односно Бандо да си ја потсобере куќата, да ја зделне до некаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Татко предложи конечно заемките за шербет-слатките (како баклавата, раванијата, кадаифот и другите), да си останат, сѐ додека луѓето се насладувале од нив.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Да вечераме, па да си одам долу“, вели преку сила Шабтај и ја погледнува снаата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Макар што Татко и Климент Камилски многу брзо се зближија најмногу благодарејќи на различните книги од нивните библиотеки, остануваше најпрвин да си ја кажат вистината за нивните дотогашни животи во духот на заедничката доверба која се зголемуваше од ден на ден.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Состави поуверлива приказна. Пријатно. Те оставам да си ги средиш мислите.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сигурно некој му пишал, или му кажал дека е болна и му порачал да си дојде.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што ти згрешив толку, да си ебеш мамата?
„Буре барут“ од Дејан Дуковски (1994)
Кој каде се наоѓаше бараше камења да се нафрли на бунтовниците и со тоа да си го излее јадот над овие непокорни ѓаури.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Многу повеќе сакав да нѐ намердаше жената и да нѐ пуштеше да си одиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А, контрола немаш никаква. Ти само продолжи да си ги пиеш своите кафиња, да си пушиш цигари и да си пишуваш текстови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Јас тргнувам да си одам, Дуковица ме пристасува, ме запира.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Наместо тоа, одеднаш се присетува за една случка која Далтон ѝ ја раскажа пред неколку години, пред да отидат на турнеја, кога за прв пат еден на друг си ги изрецитираа своите тајни, својата збирка на срам, од каде всушност доаѓаат, што им се случило, сѐ што е неповратно.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас ќе си одам, вели, морам да си одам дома.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се исправи, ги извади очилата, ги забриша со шамивчето и почна да ги префрла нервозно од рака в рака, па почна сам да си зборува: — Бак, бак, бак, пис милет, бреј! Не сетит да гледат работата да живејит, туку матит вода во аван.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Им подаваше, бргу, ракофатно, од зад својот тезгав, ставаше на тие дланки од храната, ги нахрануваше и ги испраќаше да си одат од кај него, сити.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Богами помислив: тоа планината тргнала да истече заедно со водите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Така сега Крле прескочи уште првата година во II одделение и со својата бистрина и надареност просто го зачудуваше како даскалот така и сите ученици, а најмногу од сите се чудеше и со особено задоволство се насладуваше Нешка, која сега немаше потреба на часот скришум да го погледнува, ами на секој одмор сѐ го дочекуваше заедно да излезе со него и брата ѝ Стојана и тројцата да си ги повторат задачите или да си играат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Мислам дека е време да си одиме.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Инаку, едно вакво ѕвере од човек... - Сигурно не му се вдало да си удри нешто.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Наспроти неговата настојчивост, ни таа не се предаде.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не е ни важно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Шеретски ме погледна дедо, се потсмевна под мустак и продолжи: - Така де, во книгата не пишува така, ама со умот треба да си кажуваш.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тоа е моја работа. – Ај да си одиме заедно – со молбен глас рече малиот.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
СПИРО: Така е, легач. Градината сама се вади; тешката бунарска кофа има крила, сама лета нагоре; дрвата сами се цепат; ѓубрето само се исфрла на буниште...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
А за сето тоа проклетството ќе падне на нас.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овој миг тоа најарно ѝ го кажа. Ѝ помогна да го стори она, што не еднаш го чувствуваше, но кое не сакаше никогаш до сега да си го признае...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
„Или ќе престанеш еднаш да крадеш“, му рече еден ден на оној еден од нив, а можеби тоа му го рече тој самиот, но тоа беше безразлично, „или ќе си ја поскусиш раката со тоа твое левосување, или ќе му кажеме на Башмајсторон, да си знаеш“, додека се враќаа во приквечерината кон своите бараки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
На нив да си ја излее сета омраза и со тоа да му олесни на душата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Златната она, црната она, што ти е мори чедо што не можеш солзите да си секниш?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Целта на друштвото беше неговите членови да се запознаат и да си изработат една програма што ќе ја реализираат во Македонија тајно од српската пропаганда.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Самата таа не можеше да си објасни зошто и навреа тие солзи на очите. Се заврте пак.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
- Ќе ти наберам од темјанушките - венче да си сплетеш. А јас коси ќе ти расплетам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Да пееш, значело да си нанесуваш болка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
По неколку дни му се смилило на Силјана да појде кај трлото да си ги види јагнињата, чунки тогај се јагнеле.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Потоа попусто ќе настојуваш да се сетиш на сите поединости што си ги видел бидејќи нема да успееш да си објасниш што се се случувало во тој момент и што се си успеал да различиш и да издвоиш од сината светлина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Неколку моменти останав во креветот мртов ладен, се правев и зачуден, а потоа се обидов да си поиграм недоветен.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во овие часови обично излегувам за да си ги протегнам нозете. Ништо друго.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Почнавме и пресна вода да си фрламе по петици.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
...некаде меѓу третиот и четвртиот милениум ме зајдува неизбричената брада чешајќи чувствувам промена на сопствениот облик не можам да си ги напипам очите а гледам толку добро каде ли ми е носот доловувам најситна мирисна нијанса влакната низ кои минувам со мојата некогашна рака се невозможно меки речиси течни речиси протечни речиси нестварни... мiroir du mervelleux или за особината компензаторски прогласена за видовитост – да се сочувствуваат нештата пред да се случат
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Направи остар нож и пред да си легне го стави под перница. Сонуваше како некому се заканува.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Откако го обележа местото каде што ќе му биде гробот и приготви камења да си направи споменик, почесто навраќаше во гробиштата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога чу Велко зборот од мајка си, фрли со стапчето по него и го удри по глава, та го ошумоглави и не можел Силјан веднаш да си летне.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
И, само што ќе тргнеш да си ја земеше, ќе те застрелаат како при обид за бегство.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се стаписуваат од таквите слики на стутулени мочковци и серковци И не можат да се изначудат како тоа може да се случи и во Пентагон Во кој како што е познато има двојно повеќе нужници Бидејќи кога го граделе законот барал одвоени нужници за црнци и за белци Ама не била работата во нужниците туку во бешиките и дебелите црева При што не се исклучува однапред и можноста од некаква субверзија Оти баш кога пентагонци користеле по еден од двата нужника Еден хакер од Лондон им беше влегол во компјутерскиот систем Сакал човекот да си ја провери опседнатоста со вонземјаните
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
- ... Нема! – го прекина таа. – И речи ѝ прво здраво на Бреза, па после отворај фрижидер.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега вечерите се студени и треба да си носиш за навечер нешто потопло.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
А пражани знаат да си консумираат доста пиво и да „светнат“ во лицето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Треба да се бара чаре! — и почна да си реди во умот: „Жена пометнуа од тешко кревање; пометнуа ако јадиш нешчо да не ѝ дадиш — од стрвоо, шо се вели; пометнуа, да се уплаши од нешчо, пометнуа да а повреди нешчо по меот; пометнуа, пометнуа, пометнуа од . .. маѓиа !.. .
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- За добро треба да си подготвен, вели Лазор Ночески, ама и за лошо треба да си подготвен, вели, слегувајќи од воловската кола што ја носеше рубата од Велика.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слегнав за да се исповедам и да си го олеснам страдањето од неправдите на кои сме осудени да бидеме сведоци, да гледаме, да пластиме, без можност ниту офка да изустиме. Да си олесниме.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Живот со многу, многу случувања, а сите потсетуваат на утринскиот воз што го истура она селско шаренило кое уште пред да бувне од станицата веќе знае дека треба да се вгнезди и век да векува овде, во градов!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Доста пак, сака да си го покаже граѓанштилакот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ме фаќаше тага. Понекогаш одев со ѓумчето и му потурував вода во грстот за да си фрли на лицето.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Свештеник си имаме, вели Лазор Перуноски. Треба уште учител да си најдеме.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И вториот: Веќе два пати за мене животот има завршено: еднаш, во 1945 година кога татко ми повеќе не можеше да ми овозможи да продолжам да учам така што морав да ѝ се вратам на земјоделската работа којашто не успеав ни да ја засакам ниту пак на неа да се навикнам и, вториот пат, кога почина жена ми оставајќи ме како чкор в планина по кого што никој жив не ќе се наведне да го земе за макар каква употреба ама јас и сам си го имам кабаетот зашто немав пари да му го платам лекот за да си ја излечам женат на Војаната, душманиот на мојот татко заедно со оној Трајка Казиовски од Ливаѓе и сега и мои душмани.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Права е баба кога вели дека многу работи треба да се запокријат.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Во црквата има фрески: Рождество на Богородица, Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим, Успетие на Богородица, но од времето и незаштитеност фреските се многу оштетени“- заврши Теми, видно возбудена, со движење како да си ја трга бујната коса, а што ѝ беше прибрана на тилот и прицврстена со широк стегач.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
- Ќе го дочекам разденувањето, кај тебе. - Дојди да си легнеш.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Некои ќе се расплачат и немаат време да си ги избришат солзите, што се вели, зркнале во мене и гледаат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И да посакам ни чекорите не би можел да си ги скријам. Низ куќата шетаме по налами.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Бабо, - вика одеднаш тој – дај ми го Сламеното Мече да си поиграм.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Само ,господе златен, господе златен" ми иде да си велам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Без збор се одвоивме од групата, исто така несвесно како што им се бевме придружиле и одшетавме преку песокта, само за кратко застанувајќи на местото каде што претходно лежевме во љубовна прегратка, за да си го собереме остатокот од работите во торбата за плажа, да си ги прибереме чевлите, да си го најдам паричникот и да го запретам во песокта мизерниот, наизглед издишан кондом што ти се преправаше дека не го забележуваш. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 181
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури, во еден момент ме праша колку пари ѝ даваме и, кога размислил и направил економски елаборат, ми рече:„А да си ја земеме ние Маџиде!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ако милуате сете четворица, јас су решил да си а посина Нешка и дури су жив да ми биде моа и да ме испрати кај татка, мајка и кај моа Велика.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Само така можев да си ја повратам таа нејзина близина, да го обновам детството во себе кое, поради неа, никогаш не ме напушташе, но чиј интензитет се смалуваше со текот на годините.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога не можеше повеќе да остане притаен на својата само за една педа недофатлива височина за нивните скокови, во која неретко, само за еден кус миг, успеваа и да си ги впијат своите муцки секоја од тие отскокнати и спалавени дивинки; кога немаше повеќе сили да остане ни со затворени очи над тој ужас, тој пукна во самата средина на тоа клопче пред себе и сега веќе не успеа ни да ја додржи пушката.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Дај уште по едно кафе за сиктер, па да си одиме. –рече Марија.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Колкупати во студот сум си рекла да слезиме долу кај пашитата. Да си дишеме заедно со добитокот. Едни со други да се топлиме. Како што правеа мнозина.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сашо: Тогаш ајде да си играме лекари. Ќе му ставаме инјекции на моето гумено мече.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Господе златен, и во своја земја да не можеш да си го видиш детето што умира!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И покрај машинската прецизност, операцијата имаше извесна доза на неформалност: речиси никој не носеше капа, полковници и мајори застануваа да си помуабетат со санитарците.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Прислужникот стоеше и се смешкаше на прагот како да не му се сакаше да си појде. Арсо за првпат го гледа ваков.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
На Зоки му е многу тажно без Лидија. Тој не знае како да си игра кога таа не е со него.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
А овде ги применуваме најдобрите начини за пациентите да си дојдат на себеси.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Чекај го синко! - рече баба му, го лупна по обравчињата и го испрати в бавча да си игра.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Те слушнав, безгласно му одговори утот. Како ќе зборуваме – немтуречки?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Замина, којзнае каде, се изгуби, којзнае во што, го остави оној, со неговата гоена жена на прагот, го остави да си биде, да си претседателствува и понатаму, да краде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Доста со душа го чекаше. Велигден да си дојде Илко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе легнам и уште недозаспана слушам: Велико, Велико, излези мори во гумното, да си ја земеш вечерата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Презимето Мурџови беше доволно да ги потсети луѓето на една крупна старичка по име Петра која ги предупредила да не обрнуваат внимание на болвите што ќе ги сполазат оти не биле толку опасни како вошките па мораа да признаат дека побегнале на врат на нос без да си ја завршат работата.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Сте оделе како пеливани, еден зад друг по оние шини којзнае зошто кренати на високите прагови; веројатно ги кренале за да си ги кршат децата нозете, така мислев тогаш.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Над нив голи гранки што благиот ветер ги нишка со надеж дека ќе се наведнат толку многу што ќе можат да го досегнат расфрланото злато и да си го врати пак на себе. Не! Не се досегнува!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Како да си ја изорал „Илинденска“ со рало или како да си расчистил шут од една срушена зграда што никнала, а не добила дозвола од власта на време (Ова дека ем ораш, ем плачеш, не за друго).
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Слободата сама не паѓа од небото. Ние треба сами да си ја извојуваме.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Сега не можам да си простам што тогаш не ѝ кажав колку убаво се чувствував заради неа.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потаму друг ги расчекорил нозете и нема сили да си ги собере.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе срипаше од постелата, ќе свикаше не баре му дошло крајот, а со крикот ги будеше и соседите кои знаеја дека Сане се одлепил од земјата, го изгубил здивот и оти ќе му треба долго време на земјичката да си се врати.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Не го остава да си почини.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сполај му на господ, белки му дојде умот да се прибере да си а гледа тајфата".
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тие и ја сознаа опасноста за дележ на Македонија помеѓу тие две држави – ако Македонците самите не се вооружат за да си извојуваат сами, со свои сопствени сили и средства слобода и со тоа да го предупредат дележот на Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
И така, една ноќ спроти Вртолум, кога ја испија со Лоте, и со ветеринарот Скрез и последната чаша за длабок сон, и кога излегоа надвор да си одат, Бандо чу како некој со копач му удира на ѕидот од куќата; на Бандо му мина гром низ телото, му удри крвта в глава и повторно му се врати оној некогашен страв во него; срипа како ѕверка; ја грабна пушката и излета во мракот надвор; свика кон сенките што се тетеравеа крај куќата и пукна; некој офна и падна; стрчна жена му од Бандо, стрчнаа соседите и ги поткасаа бузите: го видоа Лото струполен крај ѕидот; го кренаа и побрзаа да му ја запрат крвта.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И така, Србија со своето замешување во македонското прашање направи огромен успех и треба да си признаеме дека тој не е толку во нејзина колку во наша полза.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Но, поарно е сето тоа да го заборави сега и да си ја сврши работата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
157. Ние гледаме сега оти три национални и религиозни пропаганди во нашата татковина се борат една против друга и сите заедно се борат против нас и нашите интереси, сакајќи да им нанесат смртен удар и да си ги потчинат под себе, земајќи го со таа цел религиозното и училишното работење кај нас во свои раце преку црквата и училиштето за да ѝ нанесат смртен удар на нашата народност, ни го налагаат нам нивниот наместо нашиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бароните не се наклонети кон читање на вакви бесмислици, а работниците немаат време, па затоа знам дека ти мора да си трубадур и дека ќе можеш да го разбереш Сем Галовеј.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Во секој случај, да си дозволиш несоодветен израз на лицето ( да изгледаш како да не веруваш кога се објавува некоја победа, на пример ) беше само по себе прекршок што се казнува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
На Пелагија исто така ѝ потекуваат солзи, ама таа не сака да си ги забрише како некои од толпата, туку дозволува слободно да се разлеваат по лицето и да капаат врз убавиот фустан.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Што??? Па ти не знајш шо збораш, чупе! Ти не знајш со кого збораш! Вакви теории има да си ги избиеш од главата во моментов!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
МАРА: Земи ја ризата, стави му ја и речи му со здравје да си оди. (Ката ја зема ризата и му ја става околу вратот и ја спушта главата на неговото рамо, плаче).
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Најпосле Доста прва ја прекина тишината: — Ајде, Илко, да си легниме, — прошепна таа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наши војници који остали верни отаџбини, ќут кад ја говорим, вели, морају да си останат на зборот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Хе-хе-хе-хе ... онака ситно-ситно како што умеел тој и пак си продолжил да си јаде, а Митре да пукне од смеење.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Едната ѝ рече на другата: - Ах, колку сакам да си купам книга.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ама сега не во улицата туку во населбата каде што приквечер се собираат луѓето да си поприкажат.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Јас го гледам и ми иде да си ги пресечам рацете.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Не можам да си ги релаксирам Гениталиите во дланката поради таа трошка.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Да си ги голтам и да си ги плукам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Трајче рече: „Грацио!“. „Боно бамбино!“ - го пофали војникот со брадичката, го помилува и му даде знак да си оди.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Ване си мисли дека го заборавила веќе и нема да му додева со ништо. Ќе може на раат да си го чита стрипот.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Стоеше колебливо еден миг, правејќи несигурни движења со рацете, а јас во тој краток момент, со онолку прибраност колку што беше можно, успеав повторно да го навлечам фустанот на себе и да си ја вратам сигурноста.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Одат така по клавишите, како да си ја втасуваат среќата своја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мајка ми, без мисли како татковите одговори: – Бог да ти поможе! – Бог ги помага сите што умеат да си помогнат себе­си!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ни еден српски воспитаник, особено ако тој има живеано во Србија, не само што не им верува на Србите дека тој е Србин, туку и ги мрази за нивниот шовинизам и ги лаже за да си ја достигне само целта, да добие образование.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Реалности, правила и изненадувања Обидот да се дефинираш себе си е налик на обидот да си ги гризнеш забите. - Алан Ватс Медиумот е порака.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Ќе дојде потоа од својата седалка ветар да си поигра.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Мајка, во својата тивка и ненаметлива набожност, си веруваше дека и овој пат Бог ѝ помогнал испраќајќи ги козите да си ги спаси чедата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Кога снегот се стопи од зацрвенетите раце, Бојан зграпчи нов и со него почна да си го трие лицето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ина покажуваше кон нас, и аѓутантот, постар господин во црн костум со бордо пеперутка и со бела коса, дојде и на лош српски јазик нѐ замоли да си одиме.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Нѐ напикаа во една соба: да нема место да се протегнеш, ногата да си ја исправиш.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А дедото додаде: „И волкот сит и овците на број“, што на него му значеше дека ќерка му раат ќе си лежи на патологија, а мажиштево од зет, ете, со нивниот благослов и пари ќе може да си ја задоволи страста.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Од бујниот Вардар до Соча и Драва во секое срце денес радост плива, - Републико наша, мила братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива.
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
За тоа време, скриена од светот Горда го родила детето и го оставила да го чуваат јабанџии, ветувајќи им дека наскоро ќе се врати да си го земе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не си кадарна ниту рожбата да си ја раснеш - ме кори - а молченката си ја преапувам долната усна, до крвта да потече си ја преапнувам.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се враќаме дома, а нема каде да се измиеш, вода да си префрлиш. Јазот е замрзнат, коритото е преполнето со соспи снег, израмнето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Можеш да си валкан, нечист, неиспран, значи да имаш нечиста кошула, нечисти чорапи, нозете да ти смрдат, од мишките реа да испарува, лицето да ти е валкано, цел да си валкан, на буниште да личиш, ама пушката, е, пушката, братко, задолжително секогаш мора да е чиста.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
ТРЕТА ПОЈАВА ТОМЧЕ И СТОЈАНКА
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
И што правев при таквите случаи? Можете ли да си претпоставите?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Влага таа во години, се сети еден ден и полека, како да си го продолжува животот, појде кон куќата на Андона.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
„Сега би можеле да си кажеме збогум“, рече таа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ај сега сестро, да си ми жива и здрава и да славиме многу пуримски славја”, ја кревам чашата со лимонада.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А во ова време од зимата со иста рамноправност, можеше да се случи и едното и другото и пак сѐ да си биде на место.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ве молам бидете внимателни и сериозни. Не заборавајте да си ги исчистите чевлите!
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Всушност и сега можам да потврдам дека однапред не постоела одредена цел бидејќи не постоел план.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Оставија да стане востанието, мислејќи дека ако не „самостојната” политика, тогаш крвта на Македонците ќе ја натера „великата ослободителка” да си ги остави своите работи и да дојде да војува за нас, за да ја повикаат после во Берлин и да ја загуби Манџурија и влијанието во Персија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Велосипедите и онака нема да успееме да си ги земеме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Штиковите им светкаат во темницата. - Заколете ја, бре, вели војводата. Заколете ја, кога не се разбира. - Заколете ме, велам, побргу да си појдам кај децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Заминуваат од своите домови, заминуваат засекогаш - си ги прибрале најнужните нешта во една или две торби, и заминуваат за да си го спасат животот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И секогаш кога ќе грејне посилно сонцето, се токми таа да си побели во дворот на тревата, но не се решава.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Одеднаш нагазив на сопирачката. Видов како на мојта глава пролета Високиот.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Се симнува да си купи тага од улицата За да ја успокои својата утроба И расплаканата кукла на столчето.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Бојка замина кон ходникот кај влезот, го подотвори вратичето на креденецот, го запали светлото, и, загледана во огледалото што е вградено во вратата, почна да си ја средува косата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Кој товар бил тоа ако не можел пред никого, дури ни пред жена си, да си ја отвори душата за тие други аспекти?
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Токму сиромасите му овозможуваа да си поседи кај посестримките, да им се понагледа и понасладува, правдајќи се, и пред себе и пред своите старешини, дека се задржал по царска работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Лично има воспоставено и коректна соработка со некои трудови инспектори за нивно ангажирање на терен во заштитата на работничките права и спроведување на законските одредби. ***
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Третата — зелена: да си го ќердоса зелениот венец што ќе го носи како невеста".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А куќата навистина долго време беше осамена бидејки војникот на бел коњ, на кого многу нешта не му чинеа, пред време фати пат којзнае на која страна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И двајцата добро знаеме на која жена мислиме само јас отскокнувам кај неа љубопитен и на вишини навикнат не можев да си замислам толку еднолично и неразонодено суштество рамна снага рамен говор несовршенството ме предизвика потсвесно, како што обично се вели правев трикови за забава на народот покажував нови мустри шарпи шешири шпилови стапчиња топчиња кутивчиња бели гулаби за бела магија создавав драмски штимунг го извлекував резервниот маж последниот џокер од мојот долг од што е дупнат џеб, немав време за колебање носев кружна насмевка - рингишпил на лицето каде јас, таму таа!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
А чупалето, и тоа навистина беше небаре царско, небаре вистинско цариче, сето облечено во коприна и бело на лице, го остави кај нив, за ако не се врател да си го земе татко ѝ, тие да го пораснат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Од друга страна пак – немаше кому да му се поплаче, ни кому да му се налути. Му остануваше самиот да си мисли на себе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Тетка ми ме праша дали е во ред тука да јадеме наместо на трпезариската маса, затоа што тој ден ја чистела со некое средство што морало да отстои минимум еден ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Потоа се договорија за таа ноќ, поприкажуваа и едно време дедо Ангеле стана да си оди.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
„Немој да си замислуваш, Винстоне, дека ќе се спасиш, сѐ едно колку целосно ќе ни се предадеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Не можам да објаснам како тоа се случува, ама дека сум жива – беда, знам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога некој некому ќе му гибне во крстот и во зборот негов со кој тој на Бога му се моли и мили, тогаш удира камбаната и народот го крева знамето со крстот на помош да си го брани и чува своето и на својот брат.“
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Можеби им рече на Самарија и на Арнаутче и тие да чучнат, да си поразговараат малку со составени глави, и можеби првиот веднаш почна да раскажува во што згрешил господ кога го создавал и кога го средувал светов (ќе се обесам ако на светов нема премногу иловица и камен!), но јас не се потпрев со дланки на прозорското дно за да зјапам во безделничењето на луѓето и да ги гледам како три згрбавени врани со сити црева.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Помислуваше: да си ги прегризе вените на рацете. Тоа би било добро.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
кога се враќав од кјото во токио баш под гордата бела чалма на фуџи одгатнав зошто возот шинкансен нозоми се лепи на магнет и не прави тик-така тики-така како што прават нашите возови удирајќи по шините, тоа мора да е затоа што на дечињата им треба тишина за кога ќе ги виткаат книжните жерави да ја слушнат поубаво песната на славеите од крошните на вечно расцутените цреши и за да можат во тишината во себе да си посакаат да пораснат што повеќе да пораснат ако не бива баш колку фуџи тогаш барем колку долгоногите жерави (ова со долгоногоста, разбирливо, особено им беше важно на девојчињата) тогаш сосе дечињата кои виткаа книжни жерави одгатнав и дека тишината е скришно место на раат да си позбориш сам со себе - ја да се помолиш за троа среќа и праведност, да се помолиш и за мир во овие времиња на секакви предизвици, ја да се заколниш на верност, чистота и побожност, ја да посакаш убавина и љубов, убавина и љубов, љубов, ја да истуриш некоја клетва за ѓоа новиот економски поредок што носи само нови поскапувања на хартијата од која се прават жерави, а може и некоја задоцнета клетва за наставничката по хемија која се насладуваше кога ни ги теглеше ушите и чијшто поглед жежеше како солна киселина. кога се враќав од кјото во токио цело време возот шинкансен нозоми ни го надлетуваа книжни жерави - ем не вардеа од многу замор, ем ни даруваа долговечност, долговечност тадури и бесмртност оригами, оригами на сите страни некои жерави пролетале, некои се струполиле а тебе ако ти чини, прави се дека не знаеш колку заблуди на овој свет и век се стокмени од хартија.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Помисли, исто така, да побрза до Општинскиот центар и да остане таму до затворањето и така да си обезбеди барем делумно алиби за таа вечер. Но и тоа беше невозможно.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се разбира, нема да се откаже ни од бонбончето, зашто уште поубаво е да слушаш приказна и да си лишкаш бонбонче.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Мораш да си го видиш и лицето, може да е алипен човекот, треба сѐ да знаеш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А од загорено млеко не бидува добра бела боја, велат сликарите.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И после, секој ден моето лелекање да си го слушам од далеку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
„Ќе се обеси кога ќе си го видиш тилот“, мудро се сети Никола Влашки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се разбира, можев да си претпоставам за некои од причините на Таша, а можев да си го замислам и одговорот на Иван, и тоа пред да го поставам ова прашање.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Цел живот после не ќе можеш да си ги собереш нозете.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со својата солидна плата можеше да си дозволи и поголемо финансиско опуштање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
МАРА: Ајде да си легнеме.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Општењето со проститутки беше забрането, се разбира, но тоа беше едно од оние правила што човек може повремено да си дозволи да ги прекрши.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А таа и сестра ѝ гледаа во земја и чекаа татко им да им каже дека можат да си одат.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Може да си го поткасаш јазикот и ништо да не излезе. 54.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ние и не очекуваме тие да си ги загубат акцентите, нивните мајчини јазици, тоа е невозможно.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
- Ајде, побрзај, те молам! Ѝ рече продолжувајќи да си ја мрмори својата румба.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Тоа Германците го имаат измислено за да ни земаат повеќе пари (Петрович сакаше да ги боцне Германците во секој згоден случај); а што се однесува до шинелот, изгледа, ќе мора да си направите нов.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го кревам огледалото за да си ја соберам косата, да ја запетлам и се вртам кон онаа страна од кај што ме огрева.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)