Тој го гледаше само искосо старшијата. - Само да тепате... Ха... в участок... Отепајте ме... Можете...
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
- И ти да ми го извадиш ластикот од гаќичките и од него да си настегнеш праќа, па да ме заборавиш мене и да тепаш врапчиња? - О, никако!
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Тој реши да одмаздува за сето тоа ропство и си постави задача да тепа бегови, да пљачка нивни имоти и ете го: најде соработници во Мачникот и Митра.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Излегува еден стар човек и ќе рече: — Нели е срамота да тепате девојче во жал?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
— А бре, ајде ти и јас еве, да излезиме, да колиме, да тепаме, како шо велиш: ами шо ќе направиме само ние, бре Толе, бре брату?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
А ако сакат да тепаат и разбуден да го најдат, зашто спаваш, ќе му речат и пак ќе го натепаат.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ееех! Дуњо мори! До кај дојдовме, чифчиите да тепаат бегојте што ги ранат, бре!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)