До крајот на денот Пелагија и Перса уште еднаш убаво се договорија дека од сега натаму таа, баба Перса, ќе ја има грижата малечката Пелагија навреме и безбедно да стигнува до училиштето и од училиштето до дома.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Мајката Пелагија треба само да се грижи исто така навреме да стигнува до фабриката, а потоа да приготвува само убави вечери, од своја страна побара мајката Перса.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Татко, во својата умна стратегија која Мајка ја спроведуваше со голем усет и со умеење, претпоставувал дека Мајка и натаму ќе биде подвижна, во својата среќа да стигнува насекаде за да го обединува семејството низ неговите нови разграноци, колку и да беше тоа распрснато на двете страни од реката, во градот од крајот на нашиот егзил.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)