Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Почнав да не излегувам, или да излегувам сосема ретко. Сега кај нив почна да расне бес.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
На полјанката каде растеа имаа простор да раснат и да ги шират своите гранки.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Таа си дозволи сама да се убеди во тоа и го охрабри тоа верување да се всели и да расне во нејзините мисли, зашто со целото свое битие гореше од желба да го отфрли постоењето на змијата.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Им било жал: заедно со Васко Тушев убаво пееле во три гласа јуначки и свадбарски песни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)